Соопштенија
СДСМ:Непотизмот е столбот на кариерата на пионот Мицкоски

,,Непотизмот и криминалните шеми се двата концепта околу кои се врти целата кариера на антизападниот пион Мицкоски, чија единствена политичка агенда останува заштита на криминалот на неговиот ментор Никола Груевски. Пред да одржува празни, рециклирани прес-конференции, портпаролот на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ да го праша својот шеф како од толку професори на Машинскиот факултет, Мицкоски станал асистент кај својот татко?
Портпаролот на антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ да го праша Мицкоски како токму тој од Владата на неговиот ментор Груевски добил согласност за користење вода и закуп на земјиште за изградба на хидроцентрали во време кога е советник”, се вели во соопштението на СДСМ.
Според партијата, лагите и измислиците се веќе видена форма на комуникација од страна на ВМРО-ДПМНЕ. „Исто како што партизацијата на институциите и злоупотребувањето беа апсолутна асоцијација за ВМРО-ДПМНЕ предводена од Груевски, која 11 години масовно ги партизираше и злоупотребуваше институциите. Со реформите, институциите работат слободно, независно, одговорно и во интерес на граѓаните. Сега сите граѓани имаат еднаков пристап до вработувања и за сите важат еднакви правила и критериуми.
Вработувањето за кое денеска лажно обвинува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, како што е веќе јавно објавено, е времено на одреден период до крајот на годинава. Преку истиот оглас се вработени и други лица за кои институцијата проценила дека ќе бидат потребни и компетентни за извршување на работните обврски, и тоа е јавно соопштено”, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Ружински: Изработка на нов генерален и детален урбанистички план за Берово

Изработка на нов генерален и детален урбанистички план за Берово најави Петар Ружински, кандидат за градоначалник на Општина Берово од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
„Плановите по кои се развива нашето Берово се стари повеќе од 30 години, уште од 1992 година. Тие веќе не одговараат на нашите потреби и се причина за урбаниот хаос и проблемите со кои се соочуваме секојдневно. Затоа, изработката на комплетно нов генерален и детален урбанистички план е наш клучен приоритет. Ова значи дека конечно ќе ставиме ред. Ќе дефинираме каде има нови паркови и зеленило, каде ќе се градат улици, паркинзи и како ќе го заштитиме највреден ресурс, природата. Ова е темелот за паметен и одржлив развој“, рече тој.
Соопштенија
Филипче: Аеродром не заслужува да изгледа како депонија

Аеродром не заслужува да изгледа како депонија. Време е за промена и затоа нашиот кандидат е Александар Трајановски,“ изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, при денешната посета на општината заедно со кандидатот за градоначалник на Аеродром, Александар Трајановски и кандидатката за градоначалник на Скопје, Каја Шукова.
„Ѓубре насекаде, околу контејнерите, корпите искршени, ѓубре на зелените површини, за жал тие не искосени, ниту едно ветување неостварено. Прво, од страна на Тимчо Муцунски, кој што избега општината, понатаму на неговиот наследник Дејан Митевски за којшто стварно не знам како може да се кандидира и да ветува некакви работи, кога сега општината нема апсолутно никаква среденост, нема содржини за млади, нема нова урбана опрема. Старата е искршена, општината не личи буквално на ништо.“ додаде тој.
„Го предлагаме Александар Трајановски за кандидат за градоначалник, човек што има своја визија, кој што е докажан професионалец, што и да работел, дека знае да работи и да изменаџира, и верувам дека граѓаните на општината Аеродром тоа ќе го препознаат и ќе го дадат гласот и ќе има конечно, средена, чиста општина, така како што заслужуваат.“ потенцираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Соопштенија
Бујар Османи: Секое маало ќе има минимум два паркинга, и бесплатен и со плаќање

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, на прес-конференција ја претстави својата стратегија за решавање на хроничниот недостиг од паркинг-места, предупредувајќи дека општината е пред целосен колапс.
„Чаир е задушен, претворен е во општина на автомобили. Едноставно нема простор, улиците се претворени во паркинзи, тротоарите се претворени во паркинзи, и веќе нема слободни тротоари во Чаир. Дури и парковите почнаа да се полнат со автомобили. Граѓаните секојдневно живеат во анксиозност и стрес, а од разговорите со нив дознавам дека некои дури размислуваат да се иселат поради овој хаос“, изјави Османи.
Тој ја претстави краткорочната стратегија, која предвидува создавање паркинг-зони во секое маало, креирана во соработка со реномираниот светски архитект, Мишел Ројкинд.
„Во урбанизираните делови, во секоја улица, во секое маало да има најмалку по два паркинга: едниот бесплатен, другиот со наплата. Во првиот случај, општината ќе купи двор, куќа или простор и ќе го претвори во бесплатен паркинг.
Во вториот случај, граѓаните можат да ги отстапат своите дворови или куќи, а општината ќе им помогне да ги претворат во паркинзи со кои ќе стопанисуваат, во форма на приватно или јавно-приватно партнерство со општината, и тие ќе бидат со наплата“, појасни Османи.
Овој модел најдобро може да се примени во урбанизираните делови како што се Серава, Гази Баба, Дижонска, Дуканџик и Тенеќе Маало кои се посебно задушени од автомобили и потребно е нивно ослободување.
„Ја измапиравме целата карта на Чаир, ги идентификувавме зоните и решенијата што може веднаш да се применат. Време е Чаир да стане општина на луѓето, а не на автомобилите“, порача Османи.