Соопштенија
СДСМ:Не постои никакво кривично дело, а најмалку поткуп при избори
Поднесувајќи неосновани кривични пријави кои немаат никаков основ ниту, пак, цел, ВМРО-ДПМНЕ покажува дека сé уште останува заглавена во матрицата на минатата и времето кога го злоупотребуваа судството за пресметка преку беспредметни пријави. Не постои никакво кривично дело, а најмалку поткуп при избори, тоа ВМРО-ДПМНЕ добро го знае, се вели во реакцијата на СДСМ.
Според партијата, вистинското прашање е зошто ВМРО-ДПМНЕ е против зголемувањето на платите за работниците? Зошто на опозициската партија ѝ пречи растот на платите, растот на живтниот стандард на граѓаните па поднесува неосновани пријави со кои се обидува да ја замајува јавноста?
,,Кривични дела се криминалите, газењето на човековите права и договорените провизии на ВМРО-ДПМНЕ правени континуирано 11 години години наназад. Поттикнувањето повисоки плати за сите работници, е одговорност на секој премиер и владата што ја предводи.
Владата предводена од СДСМ и премиерот и претседател на СДСМ, Заев, остануваат посветени на заложбите за повисоки плати и пензии, за сите граѓани на Македонија да имаат повеќе пари и повисок животен стандард. И тоа нема да го спречат неоснованите пријави на ВМРО-ДПМНЕ
Слободното гласање на граѓаните референдум е загарантирано и обезбедено. Референдумот е најмоќната демократска алатка, гласот на граѓаните е конечен, а почитувањето на нивната волја е задолжително за сите”, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Ристов: Конче продолжува да се гради и развива паралелно со сите големи општини во Македонија
Златко Ристов, кандидат за градоначалник на општина Конче од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати од денешниот настан одржан во општината, во рамки на вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат на 2 ноември. Тој се осврна на темите за младите во општината, инфраструктурата, како и неговата програма како кандидат за градоначалник на општината, која како што вели тој е изготвена да одговори на потребите на граѓаните кои живеат во општина Конче.
,,Во мојата работа како градоначалник, секогаш се водев од потребите на месното население, ги слушав вашите предлози, заеднички ги решававме сите проблеми и затоа сега имаме изградени и реконструирани патишта и улици низ сите населени места. Уредувавме јавни простори, паркови, затоа што сакаме нашите деца да растат во чиста и уредна средина“, рече Ристов и додаде:
,,Конче ја доживеа својата ренесанса во изминатите 4 години. Конче се градеше и развиваше паралелно со сите големи општини во Македонија“.
Ристов истакна дека неговата програма е веќе позната на граѓаните, и има за цел да ги реши сите нивни проблеми, а се состои и од проекти кои се од интерес на жителите на општина Конче.
,,Во вториот изборен круг да излеземе масовно на избори да го направиме вистинскиот избор, за нашата општина. Нашата програма, мојата и на мојот тим на советник. Се потрудивме да стигнеме до секој еден од вас. Во неа се опфатени проекти од сите сфери“, кажа Ристов.
Како што вели тој, младите во општината ќе бидат поддржани преку стипендии и еднократна помош, а во делот на спортот, ќе продолжат да се градат и реконструираат спортски терени.
,,Спортот и најмладите, ќе продолжиме да градиме и реконструираме стадиони, културни домови, ќе продолжиме да ги поддржуваме најмладите преку стипендии за најдобрите ученици, еднократна помош за секој ученик кој го завршува основното образование и се запишува во средно, стипендии за најдобри студенти“, истакна Ристов.
Ристов се осврна и на делот за инфраструктурата каде кажа дека ќе има реконструкција на системите за водоснабдување, а ќе се унапреди и дел од процесот за одржување на патиштата за време на зимскиот период.
,,Водоводните и канализационите системи, ќе се реализираат следните: ќе извршиме реконструкција на системите за водоснабдување, во населените места Лубница, Горни Липовиќ. Дедино, Конче, Ракитец, ќе ги доизградиме системите за фекална канализација во Конче, Горни Липовиќ, Ракитец и Долни Липовиќ. До крајот на годината ќе биде испорачан камионот кипер кој што ќе биде во функција на одржување на патиштата по сите населени места, зимско одржуваме на нашите локални патишта и други потреби кои ќе произлезат од нашите граѓаните“, заклучи Ристов.
Соопштенија
„Влен“: За ДУИ и за Ахмети, министерските позиции се единствената алатка за опстанок во политиката
После пет дена, на Али Ахмети конечно му беа покажани резултатите од „референдумот“. И ете, тој излезе и рече дека победиле на локалните избори, велат од ВЛЕН.
„Ова е апсурдно. Победите на ВЛЕН во Чаир, Сарај, Арачиново, Желино, Теарце и убедливото водство во Тетово, Боговиње, Дебар, Струга, Брвеница и Долнени се далеку поголеми од „победата“ во Пласница и Липково. Мислевме дека Али Ахмети и ДУИ конечно станале свесни за резултатите од „референдумот“, но тие продолжуваат да ги доживуваат локалните избори како парламентарни, бидејќи за нив министерските позиции се единствената алатка за опстанок во политиката. Дваесет години политиката на Али Ахмети се градеше на два столба: власт и само власт. А што се однесува до „ветингот“ што тој денес го бара, тоа одамна му го направи неговата сенка Артан нон грата Груби, за кого и понатаму тврди дека е „чист како солза“. Затоа, пред да побара предвремени избори, Али Ахмети треба да се запраша: Дали ќе може да се соочи со слободниот глас на Албанците кои повеќе не се плашат од него? Затоа што времето на Газиместан заврши. ВЛЕН е сегашноста. ДУИ е минатото“, се наведува во соопштението.
Соопштенија
Македонски концепт со поддршка за Орце Ѓорѓиевски: За стабилно и одговорно раководење со Град Скопје
„Македонски Концепт застанува цврсто зад изборот на Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Град Скопје. Нашата поддршка е резултат на убедувањето дека Скопје заслужува докажан и компетентен кадар, со јасна визија и професионален пристап во управувањето со главниот град“, велат од Македонски Концепт.
„По години на политички егзибиционизам и импровизација, време е да се стави крај на експериментите со судбината на Скопје. На граѓаните им е потребен стабилен, искусен и проверен градоначалник кој ќе работи за интересите на сите скопјани – без популизам, без партиски калкулации и без лични промоции.
Македонски Концепт верува дека Орце Ѓорѓиевски, како кандидат на нашата коалиција “Твоја Македонија”, е вистинскиот избор за враќање на достоинството, редот и функционалноста во управувањето со Град Скопје. Време е Скопје повторно да стане модерен, уреден и безбеден европски град“, се наведува во соопштението на Македонски Концепт.

