Соопштенија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нуди само обнова на режимот

ВМРО-ДПМНЕ нуди само обнова на режимот, но тој филм нема да го гледа, на 15 јули Мицкоски го чека уште еден пораз, велат од СДСМ.
„Лажни вести, деструкција, политикантство, лажен патриотизам и лажна загриженост за здравјето на граѓаните нуди фејк њуз партијата ВМРО-ДПМНЕ на овие избори. Нивната обнова е обнова на режим под палка на бегалецот Никола Груевски. ВМРО ДПМНЕ отворено се залага да ги врати мрачните времиња кога парите на народот завршуваа во нивните џебови, кога тие се богатеа додека државата тонеше во сиромаштија, кога во затвор праќаа новинари, контролираа и затвораа медиуми“, велат од партијата.
Непријателите на демократијата, додаваат од таму, ВМРО ДПМНЕ, љубители на режим, антидржавни квази политичари, без нималку срам бараат доверба од граѓаните на кои последните месеци свесно им го загрозуваат здравјето.
„Кршат мерки и закони, во име на кампањата се ракуваат со деца, без нималку грижа, мислејќи само на политичките евтини поени. Од партија водена од незрел и неодговорен политичар, од партија заглавена во режимска матрица ништо друго и не може да се очекува. ВМРО ДПМНЕ нема ниту сила, ниту знаење, ниту, пак, желба да ја носи државата напред. Тие сакаат изолирана држава и свесно работат на загрозување на евроинтегративниот процес, за да може да продолжат за крадат и да се богатат“, велат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Лукровски: Ќе изградиме нова детска градинка и ќе ги реконструираме постоечките во Карпош

Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, во својата изборна кампања има предвидено нова детска градинка и реконструкција на постоечките во Карпош.
„Досегашното мое работење кажува дека секој еден може да гради улици, да поставува плочки, и ивичњаци но јас верувам дека вистинска силна општина не се гради од бетон туку од луѓе. Образованието и грижата за децата за мене не се трошок, тие се највисока форма на инвестиција, затоа јас ќе направам се што е потребно, ниедно дете во Карпош да не остане на листа на чекање за градинка, и ниедно училиште да не изгледа како да е заборавено од времето. Да биде прописно загреано во зимските денови, и климатизирано во летните месеци. Со поставување на фотоволтаици на крововите, од училиштата и градинките, на тој начин ќе ја искорениме зависноста од мазут набавена од било кој и да е петрол. А преку тоа и загадувањето во Карпош. Ќе ја изградам новата централна градинка во Карпош, со капацитет од најмалку 200 деца, со современи енергетски стандарди, отворени училници и двор кој ќе биде простор за игра и учење, преку природа по светски стандарди. Паралелно ќе започнам целосна реконструкција на сите постоечки градинки, не површно туку темелно, ќе ги заменам старите изабени креветчиња и плакари со нов безбеден мебел, ќе ги подобрам осветлувањето, подовите и тоалетите. Затоа што детската сигурност, не смее да зависи од буџетот“, рече Лукровски.
Вели дека ќе воспостави и сензорни зони за децата со посебни образовни потреби, отворени училници во дворовите на основните училишта во Тафталиџе, Карпош 3, Козле, каде децата ќе учат биологија, ликовно, или физичко под ведро небо, не под неонка.
„Во 21 век, сметам дека дигитализацијата е неминовен процес, затоа ќе набавам интерактивни табли и современа опрема за секоја училница. Но нема да дозвола технологијата да го замени наставникот, таа ќе му биде партнер не конкуренција. Ќе воведам програма едукација плус, преку која секое дете од трето до деветто одделение ќе има можност за бесплатни курсеви по роботика, музика, програмирање или странски јазици. Директно во своето училиште во наставниот дел. Сакам децата да остануваат во училиштата затоа што сакаат, не затоа што мораат. Ќе воспоставам и Совет на родители, каде секоја мајка и секој татко ќе може директно да предложи подобрување, без формални процедури, без чекање, ако некоја училница прокиснува, ако некој премин е небезбеден, јас сакам тоа веднаш да го слушнам и веднаш да реагирам“, рече тој.
Соопштенија
Османи: Преку европски фондови обезбедуваме историски буџет за реконструкција на фасадите во Чаир

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, на денешната прес-конференција најави проект за целосна санација и уредување на фасадите на сите згради во стариот дел на општината.
„Ќе започнеме сериозен проект од првиот ден за уредување на фасадите на сите згради во стариот Чаир. Ова не е само прашање на естетика, туку и прашање на енергетска ефикасност. Нова фасада значи и нова термоизолација, што ќе ги намали трошоците за греење во зима, а во лето ќе го заштити животниот простор“, истакна Османи
Тој ги претстави и деталите за тоа како ќе се финансираат овие проекти, нагласувајќи дека со добро планирање тие можат да се финансираат главно со европски средства. Османи истакна дека како поранешен национален координатор за европски фондови, добро ги познава работите во оваа сфера и веќе има формирано професионален тим што ќе работи на подготовка на проекти.
„Врз основа на сите анализи што ги направивме, ова се проекти кои Европската Унија ги поддржува финансиски, пред сè поради енергетската ефикасност и заштитата на животната средина. До 85% од трошоците за вакви проекти можат да се обезбедат преку европски фондови, а останатите 15% ќе ги покрие општината“, рече Османи и додаде дека од милијардите евра што и биле достапни на Северна Македонија, Општина Чаир во изминатите 20 години искористила нула евра, затоа што не подготвувала проекти и немала стручни луѓе кои знаат да работат на такви проекти.
Османи појасни дека за вакви интервенции до сега, проектите предвидувале граѓаните да ги покријат две третини од трошоците, а општината само мал дел.
„Но, луѓето немаат можност да ги поднесат тие трошоци за заедничките фасади, за лифтовите и за внатрешното уредување. Затоа, мојата додадена вредност како иден градоначалник на Чаир е што добро ги познавам европските фондови, добро го познавам Брисел и ги познавам луѓето кои одлучуваат за нив. И проектите како фасадите, новите лифтови, уредувањето на овој дел од Чаир ќе бидат апсолутен приоритет, и со целиот мој капацитет ќе почнат уште од првиот ден“, потенцираше Османи.
Реновирањето на фасадите и зачувувањето на стариот дел од Чаир ќе биде приоритет, истакна Османи и уште еднаш повтори дека овој дел ќе биде целосно заштитен и нема да бидат дозволени повеќе дивоградби.
Соопштенија
Даскаловски: Струмица е град што не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

Кандидатот за градоначалник на СДСМ, Марјан Даскаловски, од митингот во Струмица испрати пораки за единство, истрајност и продолжување на развојот на градот. Тој ја истакна потребата Струмица да остане град на сите луѓе, без поделби и манипулации.
„Струмица живее, дише, расте, и тоа не е заслуга на еден човек. Тоа е заслуга на сите вас. Секој што дал, секој што верувал, секој што не се откажал, тоа се луѓето што ја пишуваа оваа успешна приказна на Струмица“, порача Даскаловски.
Тој подвлече дека сите чекори кои се направени изминатите години се резултат на заеднички труд и посветеност, а не на поединци.
„Дваесет години овој град се развива, се менува, создава. Дваесет години докажуваме дека знаеме, можеме и не се откажуваме. Затоа што Струмица не заслужува пауза, Струмица заслужува иднина“, изјави тој.
Даскаловски упати јасна порака до сите оние кои се обидуваат да го сопрат развојот на градот преку страв, поделби и манипулации:
„Да не дозволиме манипулатори да ја окупираат Струмица. Да не дозволиме стравот да ја сопре успешната приказна. Секогаш ќе има некој што ќе се обиде да создаде поделби, да внесе страв, да шири сомнеж… Но, со страв не се гради. Со поделби не се оди напред. Со уцени не се победува. Овој град се води со љубов, со работа, со идеја и со храброст“, порача Даскаловски.
Според него, граѓаните на Струмица нема да дозволат некој да ја скрши нивната волја и достоинство. Тој ги повика граѓаните да ја продолжат успешната приказна на Струмица, со нова енергија и нова генерација:
„Ова не е крајот, ова е нов почеток. Почеток на следното поглавје. Почеток на нова генерација што ќе ја продолжи приказната, смело и одговорно“, рече Даскаловски.
На 19 октомври, тој ги повика граѓаните да излезат и да дадат поддршка на иднината што сами ја создаваат: „Овој град не застанува. Овој град продолжува, со идеја, со работа. Да покажеме дека нашата успешна приказна продолжува. Дека најдоброто допрва доаѓа“, порача кандидатот за градоначалник, Марјан Даскаловски.