Соопштенија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ со лажни изјави сака да ја покрие поврзаноста на Мицкоски со Кичеец
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/sediste-sdsm.jpg)
ВМРО-ДПМНЕ со лажни изјави сака да ја покрие поврзаноста на Мицкоски со Кичеец, правдата ќе ги стигне сите, реагира СДСМ на изјавата на Орце Ѓорѓиевски дека Боки 13 кажал оти парите завршиле кај Зоран и Вице Заев.
„Очигледни се стравот и паниката во ВМРО-ДПМНЕ бидејќи им стана јасно дека правда и одговорност ќе има за секој што го прекршил законот. Нема веќе бегање од одговорност, криење од законот, манипулирање со судството. Правдата функционира за секого. Заврши времето на селективна правда, заврши времето на политички монтирани судски процеси“, пишува во реакцијата.
Од СДСМ велат дека следува целосна разрешница на сите случаи на СЈО, над триесет, во кои се вклучени и високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
„Денеска, ВМРО-ДПМНЕ е во паника затоа што точно знаат со кого нивниот претседател Христијан Мицкоски, шурувал, затоа што знаат дека токму Зоран Милески – Кичеец му бил десна рака, а тоа го виде и целата македонска јавност. Јасна е поврзаноста на структурите на ВМРО-ДПМНЕ со овој случај. Свесни се дека правдата ќе ги стигне и тоа многу бргу“, пишува во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Соопштенија
100 години „Скопско“ – секој има своја приказна со „Скопско“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/Skopsko-100.jpg)
„СКОПСКО“ ја лансираше новата кампања со која почнува прославувањето на 100-годишнината од постоењето на нашето најпознато пивско име.
Во 1924 година во „Пивара Скопје“ се точи првото пиво „СКОПСКО“. Оваа година, еден век подоцна, „СКОПСКО“ слави 100 години. Импозантна бројка и огромен успех, кои се должат на сите вас! Токму затоа славењето на својот 100. роденден „СКОПСКО“ го почнува со вашите приказни. Почетокот на кампањата се фокусира на сите луѓе што нè потсетуваат на главната доблест на нашето најпознато пивско име, неговата моќ 100 години да создава незаборавни приказни.
Големината на „СКОПСКО“ се должи на сите тие што цели 100 години генерациски го пренесуваат неговиот дух . На пиварците што се грижат за неговиот беспрекорен квалитет, на спортистите, чиишто успеси се слават со „СКОПСКО“, на музичарите на чиишто концерти „СКОПСКО“ е најредовен гостин, на диџеите, актерите, водителите, другарите, странците, бабите, дедовците, старите, младите… на сите луѓе, кои со секоја испиена голтка „СКОПСКО“, со пивото создаваат нераскинлива врска, цел еден век!
Сите овие луѓе се главните протагонисти во кампањата и нивните видеа може да се погледнат на телевизиските канали и на социјалните медиуми на „СКОПСКО“.
Бидејќи секој од нас има приказна со „СКОПСКО“ вредна за споделување!
За наредните 100!
100 години „СКОПСКО“ и сè е можно!
ПР текст
Соопштенија
„Славиме заедно – 100 години Прилепска пиварница“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/post-i-PR.jpg)
На 13 јули 2024 година, со почеток од 20 часот, во срцето на плоштадот Методија Андонов – Ченто во Прилеп, ќе се одржи спектакуларен настан за одбележувањето еден век од постоењето на Прилепска Пиварница.
Основана во 1924 година, Прилепска Пиварница е камен-темелник на заедницата, произведувајќи најквалитетни пијалаци што го отелотворуваат нашето богато наследство. Овој значаен јубилеј заслужува голема прослава и затоа ве покануваме да ни се придружите заедно да го одбележиме овој наш голем роденден.
Настанот ќе биде исполнет со музика и забава. Реномираните уметници Марија Шерифовиќ, „ДНК“ и „Тропико бенд“ ќе се погрижат да приредат незаборавна вечер што долго ќе се прераскажува.
Не ја пропуштајте можноста да бидете дел од историјата и да прославите 100 години успешност заедно со нас. Придружете ни се на 13 јули на плоштадот Методија Андонов – Ченто во Прилеп, за незаборавна вечер со музика, веселба и убави спомени.
ПР текст
Соопштенија
Фестивал на видео игри во Diamond Mall
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/Foto_1.jpg)
Од 15 до 19 јуни, сите љубители на видео игри ќе бидат во Diamond Mall каде ќе се одржи специјален фестивал посветен на модерните и ретро видео игри. Фестивалот е во организација на Diamond Mall и ќе има натпреварувачки карактер, со атрактивни подароци за натпреварувачите во различните категории. Посетителите што нема да се натпреваруваат ќе имаат можност да бидат дел од гејминг забавата во посебно опремениот простор со симулатори и конзоли за видео-игри.
На фестивалот во Diamond Mall сите учесниците и љубителите на видео-игрите ќе можат да се забавуваат и натпреваруваат, а меѓу игрите што ќе ги понуди фестивалот се оние од „PlayStation“ и „Nintendo“, но и ретро видео-игрите како „Super Mario“, „Pack-Man“, „King Kong“ и сл. Понудата е дополнета и со опции за натпреварување и забава, преку практикување фудбалски вештини.
За најуспешните учесници на фестивалот на видео-игри, Diamond Mall ќе обезбеди подароци ќе ги додели познатиот македонски актер, познат љубител на видео игри и програмер Гораст Цветковски, а доделувањето ќе се одржи на 19 јуни 2024, на последниот ден од фестивалот.
Настанот е дел од низата активности што Diamond Mall ги нуди на своите посетители, овозможувајќи им нови и поинакви искуства, кои се комплементарни со останатите содржини на трговскиот центар. Благодарение на ваквиот уникатен концепт, Diamond Mall прерасна во една од омилените дестинации за сите жители и посетители на главниот град.
ПР текст