Соопштенија
СДСМ: Во Македонија никогаш немало посилна здружена акција за чист воздух

ВМРО-ДПМНЕ ја загади Македонија и со своите криминални, расипнички и неодговорни политики директно придонесе Скопје да стане еден од најзагадените градови во Европа, велат од владејчката СДСМ и додаваат дека за разлика од таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, во Македонија никогаш немало посилна здружена акција за чист воздух. Сите институции на централно и локално ниво со силен порив го обвновуваат уништеното зеленило, ги решаваат сите извори на загадување, велат од партијата.
„Во тек е есенска акција за засадување на Град Скопје, кадешто ќе бидат засадени околу 3 500 висококвалитетни садници низ сите скопски општини.
АД ЕЛЕМ почна акција за пошумување на просторот околу РЕК Битола, каде на просторот помеѓу селата Новаци, Брод и Гнеотино ќе бидат засадени 50 илјади багремови дрва, со цел да создаде заштитен зелен појас за населените места, да се обезбеди што е можно повеќе услови за намалување на загадувањето и природни услови за прочистување на воздухот.
Низ цела Македонија континуирано се чистат диви депонии, се расчистуваат коритата на реките и каналите од комунален отпад и ѓубре, а истовремено е засилен е инспекцискиот надзор и контрола против загадувачите“, стои во соопштението на СДСМ.
Оттаму додаваат и дека во рамки на планот за чист воздух, на 800 семејства во Скопје, 150 во Битола, 150 во Тетово, ќе им се доделат инвертори, за да ги заменат старите нееколошки печки на дрва и да се греат еколошки.
1 700 висококвалитетни садници ќе бидат засадени во дворовите на градинките, а во голем број училишта се поставуваат прочистувачи за воздух, велат од СДСМ.
Проблемот со аерозагадувањето е сложен и долготраен, посочуваат од СДСМ и додаваат дека токму затоа сите надлежни инсититуции секојдневно преземаат мерки за намалување на загадувањето, со цел за две години загадувањето да биде намалено за 50 отсто во Скопје, а за 30 до 50 отсто во цела Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Компании
Самир Мане беше единствениот претставник од регионот на „FII PRIORITY Europe Summit“

Албанската престолнина беше домаќин на еден од најпрестижните меѓународни форуми во светот — „FII PRIORITY Europe Summit“, кој за првпат се одржа во Тирана на 16–17 мај 2025 година.
Овој самит ги обединува светските лидери од владите, бизнис-секторот, науката, технологијата и филантропијата, со цел да се дискутираат глобалните приоритети што ја обликуваат иднината во клучен момент за човештвото. Главната тема на ова европско издание на „FII PRIORITY“ беше: „Приоритизирање за поодржлива, поправедна и попросперитетна иднина“.
Самир Мане, претседателот на „BALFIN Group“, беше единствениот официјален претставник од Албанија поканет да учествува на дискусионите панели заедно со некои од највлијателните личности од светот. Тој учествуваше на главниот панел со наслов „Board of Changemakers“: Може ли капиталот да го поврзе расцепканиот свет?, каде што ја делеше сцената со меѓународни лидери од политиката и финансиите.
За време на самитот, г. Мане одржа средби и размени мислења со високи личности како Матео Ренци, поранешен премиер на Италија, Бернард Менсах, претседател на „Bank of America International“, Анри Пупар-Лафарж, извршен директор на Alstom, меѓу другите.
еговото учество на самитот како глас на регионалниот бизнис го истакнува и неговото лично лидерство, и сè поголемата улога на Западен Балкан во обликувањето на идниот развој на Европа и пошироко.
„FII PRIORITY Europe Summit“ е дел од серија глобални форуми кои промовираат меѓусекторски дијалог и поттикнуваат конкретна акција за справување со најгорливите предизвици на денешницата, вклучително и климатските промени, одржливиот развој и технолошката трансформација.
Комерцијален текст
Соопштенија
Нова РЕсет-работилница на „Реплек“: практични совети за добросостојба од д-р Митов

Во организација на Реплек се одржа уште една РЕсет работилница на која практични совети за општа добросостојба сподели познатиот д-р Александар Митов. Работилницата беше посветена на справувањето со предизвиците на модерното време, динамичното секојдневие кое е неопходно да се балансира со грижата за менталното и физичкото здравје. Работилницата е дел од РЕсет платформата за добросостојба на Реплек која промовира ведар дух, здраво тело и ментална сила.
Во сесијата, д-р Митов се фокусираше на предизвиците што ги носи модерниот начин на живот – брзото темпо, недостатокот на време, неквалитетната исхрана, физичката неактивност и стресот. Со едноставен, но аргументиран пристап, тој зборуваше за тоа како да се направат мали, одржливи промени во секојдневието без нагли диети или нереални цели. Работилницата понуди практични совети и конкретни насоки за тоа каде најчесто „попуштаме“, како да ги препознаеме замките на секојдневието и што можеме да преземеме за да создадеме сопствен „РЕсет“ – чекор по чекор, прилагодено на реалниот живот.
Платформата РЕсет креира простор за секој граѓанин кој сака да внесе позитивни промени во својот живот и да го унапреди сопственото здравје и добросостојба. Преку низа отворени активности, Реплек поттикнува нови навики и однесувања што придонесуваат за личен и колективен напредок.
Досега, како дел од РЕсет платформата, се реализираа онлајн работилници со алпинистиката и уметница Илина Арсова и Борче Стаменов од иницијативата „Донирај компјутер“, како и три настани за физичка активност со Елена Бубало. Овие активности продолжуваат и понатаму.
Во годината кога Реплек го одбележува својот 80-годишен јубилеј, платформата РЕсет претставува уште еден доказ за долгорочната заложба на компанијата да придонесува за добросостојбата на поединецот и заедницата, во согласност со нејзините вредности и мисија.
ПР
Соопштенија
Халки поткаст – простор за развој на родителите и децата

Родителството е еден од најголемите, но и најубавите предизвици во животот. Секој родител се соочува со дилеми, нови ситуации и потреба за постојано учење. Со цел да им помогне на родителите полесно да го следат психолошкиот, емоционалниот и социјалниот развој на своите деца, Халкбанк, преку својот бренд Халки, го најавува новиот “Халки Поткаст”.
Поткастот ќе биде простор каде отворено ќе се зборува не само за свесното родителство, туку и за важноста на среќно и здраво детство, но и за финансиска едукација како дел од современото воспитување. Темите ќе вклучуваат емпатија, комуникација, детски развој и практични совети за тоа како да ги научиме децата на одговорен однос кон финансиите уште од најрана возраст.
Преку разговори со психолози, педагози, родители и познати личности, поткастот ќе понуди инспиративни приказни и корисни совети за сите кои сакаат да бидат подобри во својата родителска улога. Дел од прашањата што ќе се дискутираат се следните:
● Како да изградите силна и здрава врска со вашето дете?
● Кои се најдобрите техники за позитивно воспитување?
● Како да се справите со детските емоции?
● Како да започнете разговор за пари со децата на соодветна возраст?
Водител на Халки Поткаст е Катерина Димова, семеен системски советник.
„Новиот Халки Поткаст е одличен простор за развој на родителите и на децата. Зборуваме на теми поврзани со комуникацијата со децата, емоциите, воспитувањето, но и како да ги научиме децата на животни вештини, вклучувајќи ја и финансиската едукација“, вели Димова.
Првата епизода на Халки Поткаст се емитуваше на 10 мај, а нови епизоди ќе се објавуваат двапати месечно и ќе бидат достапни на платформите YouTube, Spotify и Podcasts.mk.
Затоа што секој родител заслужува поддршка, а секое дете – љубов, разбирање и знаење за животот!
ПР