Соопштенија
СДСМ: Грижата за граѓаните продолжува, 27,6 милиони евра за платежни картички за 283.000 граѓани
Речиси половина милијарда евра како директна помош ќе завршат кај граѓаните и компаниите во рамките на четвриот пакет-мерки за справување со последиците од корона-кризата, кој го креира и реализира Владата предводена од СДСМ. Една од основните компоненти на четвртиот пакет-мерки, вреден 470 милиони евра, е зајакнување и поттикнување на приватната потрошувачка на граѓаните со зголемување на опфатот на корисници на домашни платежни картички, соопшти партијата.
Според СДСМ, вкупно со оваа мерка се опфаќаат над 283.000 наши сограѓани, а нејзината вредност изнесува 27,6 милиони евра.
„Со новиот пакет економски мерки платежни картички, со износ од 6.000 денари, ќе добијат над 5.700 самохрани родители, над 180.000 пензионери со пензии до 15.000 денари, невработени лица, кои се пасивни баратели на работа, самостојни уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници.
Платежни картички „купувам домашно“ ќе добијат и дополнителни 540 студенти, како и граѓаните што се над 64 години, а немаат пензија, ниту државна социјална пензија и се со приходи пониски од 15.000 денари или воопшто немаат приходи. За дополнителен поттик на потрошувачката викендот меѓу 10 и 12 октовмри ќе биде викенд без ДДВ.
350.000 граѓани, веќе постојни корисници на апликацијата „Мој ДДВ“, за време на продолжениот викенд на 10, 11 и на 12 октомври може да купуваат домашни производи и услуги или компјутери и друга ИТ-опрема во вредност од најмногу 30.000 денари и во рок од неколку дена ќе го добијат назад на своите сметки целиот ДДВ. Според процените, преку оваа мерка ќе се оствари промет од 170 милиони евра, пари што ќе бидат инјекција за стопанството, а кон граѓаните ќе бидат вратени околу 17 милиони евра преку повратот на ДДВ. Во период на сериозна глобална здравствена и економска криза државата застанува зад секој поединец, зад секој приватен субјект кој е погоден од негативите последици“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Герасимовски: Даваме субвенции за нови фасади за зградите и ги обновуваме
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска најави дека во вториот мандат се обновуваат фасадите и се зголемува енергетската ефикасност на зградите.
„Станарите добиваат субвенции за нови енергетски ефикасни фасади, што ги намалува трошоците за греење и ладење, а истовремено добиваат современ и уреден изглед на своите згради. Со обновувањето на фасадите, Центар добива нов, модерен, но и автентичен лик. Ја чуваме старата архитектура и ја уредуваме градската средина“, рече Герасимовски.
Тој потенцираше, дека паралелно се поставуваат и фотоволтаици на училиштата и општинските објекти преку претпријатието „Енергија Центар“.
„На тој начин, штедиме енергија и ги намалуваме трошоците за електрична енергија и до 50%. Работиме одговорно, современо и одржливо. За Центар што го сакаме!“, изјави Герасимовски.
Соопштенија
Манасиевски: Од историска победа нè делат само неколку дена
На 2 ноември сите заедно да го заокружиме бројот 9, за финалната победа на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, Карпош, Шуто Оризари и Градот Скопје, повика Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Од оваа историска победа не делат само неколку денови. Со 33 освоени општини во првиот круг, водство во 21 од 27 општини во вториот круг и доминација во советничките листи, ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните заедно ќе ја потврдат промената што ја започнавме. Имено, во Аеродром победивме со околу 9.500 гласови разлика. Во Карпош водиме со околу 1.500 гласови. Во Скопје убедливо сме пред второпласираниот со над 60.000 гласови. Во Шуто Оризари обединети, одиме кон пресврт и конечно враќање на довербата во локалната самоуправа. Советите се клучни за реализација на нашите проекти и визии. Имаме убедливо мнозинство од 15 советници во Аеродром, 11 во Карпош, 18 во Град Скопје и 4 во Шуто Оризари. За оваа победничка слика да биде целосна, потребна е вашата поддршка. Поддршка за проекти, за визии, за граѓаните“, рече тој.
Соопштенија
Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух
Кандидатот за градоначалник на општина Кичево од ВМРО-ДПМНЕ, Aлександар Јовановски, во предизборната програма предвидува нови садници во општината за почист воздух.
„Почитувани, нашиот град Кичево беше познат по богата шума, по огромен шумски појас, по боровите, по чистиот воздух, по убавата животна средина. За жал, еден дел од тој шумски појас се уништи со несовесно користење и дел со изградбата на големиот проект за автопатот кој ќе не поврзува со Охрид. Кога ќе дојдам на позиција градоначалник, веднаш ќе преминам кон проект за пошумување и враќање на старата шума со што ќе допринесеме за почист воздух, почиста животна средина и поубав живот за сите нас во Кичево“, вели тој.

