Соопштенија
СДСМ: Да имаше основни економски познавања, Мицкоски ќе знаеше дека над 90 илјади граѓани земаат поголема плата
Христијан Мицкоски продолжува да се крие од јавноста зад однапред снимени видеа за социјалните мрежи и одбива да соопшти став за најважното прашање за иднината на државата, велат од СДСМ како реакција на денешното обраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму, исто така истакнуваат дека во денешното однапред снимено видео, Мицкоски покажал дека нема основни познавања од економија.
„Ако Мицкоски навистина разбира економија, ќе кажеше дека просечната нето-плата во јуни 2018 е за 6,1 отсто поголема во однос на јуни 2017 година. Во апсолутни бројки, просечната платата во јуни 2018 е поголема за околу 1 400 денари во споредба со истиот период лани. Платите растат, се покачи минималната плата, над 90 илјади граѓани земаат поголема плата, обезбедено е зголемување на платите во одбраната, војската, здравството, образованието“, се наведува во партиската реакција.
Од владејачката партија додаваат дека економските податоци покажуваат оти економијата се движи во добар правец.
„По растот на индустриското производство од 8,4 отсто во јануари 2018 година, според официјалните податоци, индустриското производство во февруари бележи раст од 4,6 отсто во споредба со истиот месец лани“, велат од СДСМ и бараат Мицкоски да не се бламира и наместо тоа да одговори дали е за влез во ЕУ и НАТО со заштитен македонски идентитет или е за враќање во изолација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Герасимовски: Даваме субвенции за нови фасади за зградите и ги обновуваме
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска најави дека во вториот мандат се обновуваат фасадите и се зголемува енергетската ефикасност на зградите.
„Станарите добиваат субвенции за нови енергетски ефикасни фасади, што ги намалува трошоците за греење и ладење, а истовремено добиваат современ и уреден изглед на своите згради. Со обновувањето на фасадите, Центар добива нов, модерен, но и автентичен лик. Ја чуваме старата архитектура и ја уредуваме градската средина“, рече Герасимовски.
Тој потенцираше, дека паралелно се поставуваат и фотоволтаици на училиштата и општинските објекти преку претпријатието „Енергија Центар“.
„На тој начин, штедиме енергија и ги намалуваме трошоците за електрична енергија и до 50%. Работиме одговорно, современо и одржливо. За Центар што го сакаме!“, изјави Герасимовски.
Соопштенија
Манасиевски: Од историска победа нè делат само неколку дена
На 2 ноември сите заедно да го заокружиме бројот 9, за финалната победа на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, Карпош, Шуто Оризари и Градот Скопје, повика Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Од оваа историска победа не делат само неколку денови. Со 33 освоени општини во првиот круг, водство во 21 од 27 општини во вториот круг и доминација во советничките листи, ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните заедно ќе ја потврдат промената што ја започнавме. Имено, во Аеродром победивме со околу 9.500 гласови разлика. Во Карпош водиме со околу 1.500 гласови. Во Скопје убедливо сме пред второпласираниот со над 60.000 гласови. Во Шуто Оризари обединети, одиме кон пресврт и конечно враќање на довербата во локалната самоуправа. Советите се клучни за реализација на нашите проекти и визии. Имаме убедливо мнозинство од 15 советници во Аеродром, 11 во Карпош, 18 во Град Скопје и 4 во Шуто Оризари. За оваа победничка слика да биде целосна, потребна е вашата поддршка. Поддршка за проекти, за визии, за граѓаните“, рече тој.
Соопштенија
Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух
Кандидатот за градоначалник на општина Кичево од ВМРО-ДПМНЕ, Aлександар Јовановски, во предизборната програма предвидува нови садници во општината за почист воздух.
„Почитувани, нашиот град Кичево беше познат по богата шума, по огромен шумски појас, по боровите, по чистиот воздух, по убавата животна средина. За жал, еден дел од тој шумски појас се уништи со несовесно користење и дел со изградбата на големиот проект за автопатот кој ќе не поврзува со Охрид. Кога ќе дојдам на позиција градоначалник, веднаш ќе преминам кон проект за пошумување и враќање на старата шума со што ќе допринесеме за почист воздух, почиста животна средина и поубав живот за сите нас во Кичево“, вели тој.

