Соопштенија
СДСМ: Денеска е денот Д за ВМРО-ДПМНЕ да се одлучи дали е против криминал

Предлог-законот за јавно обвинителство од денеска е во собраниска процедура и закажана е јавна дебата во Комисијата за политички систем, информираат од СДСМ, од каде додваат дека ова е последен повик до ВМРО-ДПМНЕ да престане да ја држи земјата во заложништво.
„Законот за јавно обвинителство овозможува сите предмети на СЈО, но и сите останати случаи, да имаат професионална и објективна завршница, затоа што само така ќе се врати довербата на граѓаните во правосудниот систем“, се наведува во партиското соопштение.
Од СДСМ сметаат дека единствена причина поради која партијата на Мицкоски не го поддржува законското решение е, како што велат, поради криминалот во нејзините редови и заради политиката на изолација што ја практикуваат.
„Политиката мора да остане надвор од изборот на обвинителите за да им се остави простор за независно, стручно и објективно постапување, а тоа ќе се постигне само ако се донесе законот“, стои во соопштението.
Според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ заедно со обвинети и осомничени партиски фунционери, како и пратеници, прават сè да ги загрозат правната држава и владеењето на правото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Костовски: Радишани доби нов модерен парк

„Населеното место Радишани, доби нов модерен парк. На површина од десет илјади метри квадратни поставивме, урбана опрема, ново лед осветлување, и едно убаво модерно детско катче“, вели Дарко Костовски, кандидат за градоначалник на општина Бутел од ВМРО-ДПМНЕ.
„Конечно во Радишани се оствари долгоочекуваната желба на Радишанци да имаат место за рекреација, за возрасни и за деца.
Ние младите во Радишани, конечно добивме нов парк за релаксација и дружење.
Пензионерите од Бутел дефинитивно добија убаво место за рекреација. Овде беше се запустено, со години чекавме, но дефинитивно, ќе има каде да седнеме, да одмориме, и да дружиме, да размениме мисла“, изјави Дарко Костовски, кандидат за градоначалник на општина Бутел од ВМРО-ДПМНЕ.
Соопштенија
Герасимовски: На 19 октомври да гласаме „За Центар што го сакаме“, единствениот и победнички концепт за развој на Центар

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски, вчера на терен „од врата до врата“ со центарци дискутираше за проектите што треба да се реализираат во новиот мандат.
Тој, најави бројни капитални проекти како изградба на градинка со капацитет од 100 деца, изградба на дом за стари лица кадешто е предвидено вработување на 25 негователи, изградба на нов административно-граѓански објект, како и два затворени базени.
„Во новиот мандат работиме за сите граѓани поеднакво, реализираме проекти за децата, за младите, за возрасните, но и за пензионерите. Воведуваме бесплатен оброк за ученици во целодневна настава, а на учениците од петто до деветто одделение им следува бесплатна екскурзија низ Македонија. За 50% ги зголемуваме стипендиите за талентирани ученици, за 50% ги зголемуваме и субвенциите за новороденче. Вложуваме и во подобар квалитет на живот на пензионерите. Од 2.500 на 5.000 денари ја зголемуваме еднократната парична помош на пензионерите со пониска пензија“, вели Герасимовски.
Герасимовски, истакна дека на 19 октомври победува концептот „За Центар што го сакаме“ затоа што развојот на Центар мора да продолжи.
„Поддршката од граѓаните е голема, во изминатите четири години направиме многу за нашата општина. Реализиравме над 90% од програмата. Денеска, Центар е нова и успешна приказна која мора да продолжи да се развива по победата на локалните избори. Ги повикувам сите центарци да го направат вистинскиот избор за Центар, за поубава и подобра општина“, потенцира Герасимовски.
Соопштенија
(Видео) Паунов: Нови тротоарски површини во центарот на општина Карбинци за поголема безбедност но и модерен урбан лик

„Се движиме по новите тротоарски површини коишто ги градиме во овој момент. Ова е проект којшто е пример како треба да изгледа едно урбано, уредено населено место“, вели Виктор Паунов, кандидат за градоначалник на општина Карбинци од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ние продолжуваме заеднички, за подобри услови за сите граѓани, за општина Карбинци“, изјави Виктор Паунов, кандидат за градоначалник на општина Карбинци од ВМРО-ДПМНЕ.