Соопштенија
СДСМ: Договорот со Грција влог во македонската иднина, граѓаните ќе кажат ДА бидејќи разбираат дека сега е моментот
Постигнатиот конечен Договор за спорот со Грција е историски најдобра и фер шанса за граѓаните на Македонија. Договорот е влог во македонската иднина, со кој го расчистуваме патот на нашата земја за влез во НАТО и за почеток на преговори за ЕУ. Договорот е пример за решавање отворено прашање со соседите, во согласност со националните и државните интереси, велат од СДСМ.
„Со Договорот се зајакнува и гарантира нашиот, македонски идентитет. Македонската националност, македонското државјанство, македонскиот јазик и македонската култура се загарантрани еднаш засекогаш и никогаш повеќе нема да бидат негирани или оспорувани.
Договорот со Грција става крај на 25 годишен спор и ја елиминира последната пречка за целосна интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО. По години изолација, Македонија повторно е на патот кон членство во ЕУ и НАТО. Обезбедена е поканата за членство во НАТО и дефиниран е датум за почеток на проговори за полноправно членство во ЕУ. Тоа е остварување на врвните стратешки интереси, поставени уште од денот на осамостојувањето.
Со поддршка на Договорот, граѓаните на референдум ќе ја обезбедат европската иднина на Македонија како полноправна членка на ЕУ и НАТО, онаму кадешто вредносно и цивилизациски припаѓа.
Граѓаните јасно ја разбираат историската важност на Договорот и затоа на 30 септември, масовно, одлучно и достоинствено ќе кажат ДА за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот со Грција.
Граѓаните се определени за подобар живот, за економски напредок, за интеграција. Граѓаните слободно, храбро и одлучно ќе кажат ДА за македонската иднина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Македонски концепт со поддршка за Орце Ѓорѓиевски: За стабилно и одговорно раководење со Град Скопје
„Македонски Концепт застанува цврсто зад изборот на Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Град Скопје. Нашата поддршка е резултат на убедувањето дека Скопје заслужува докажан и компетентен кадар, со јасна визија и професионален пристап во управувањето со главниот град“, велат од Македонски Концепт.
„По години на политички егзибиционизам и импровизација, време е да се стави крај на експериментите со судбината на Скопје. На граѓаните им е потребен стабилен, искусен и проверен градоначалник кој ќе работи за интересите на сите скопјани – без популизам, без партиски калкулации и без лични промоции.
Македонски Концепт верува дека Орце Ѓорѓиевски, како кандидат на нашата коалиција “Твоја Македонија”, е вистинскиот избор за враќање на достоинството, редот и функционалноста во управувањето со Град Скопје. Време е Скопје повторно да стане модерен, уреден и безбеден европски град“, се наведува во соопштението на Македонски Концепт.
Соопштенија
„Касами ќе го спасува криминалецот Дехари од ДУИ во Кичево“, велат од партијата Левица
„Јавно изразената поддршка на Билал Касами за кандидадот за градоначалник од ДУИ во Кичево претставува директна заштита и амнестија на криминалните мандати на Фатмир Дехари! Додека Мицкоски и провладините медиуми во паника постојано ја оцрнуваат Левица, токму оној кој ја доби поддршката од ВМРО-ДПМНЕ во Тетово сега ќе го спасува Дехари од губење на власта во Кичево“, велат од партијата Левица.
„Дали премиерот Мицкоски вака ќе расчистува со криминалите на ДУИ – додека неговата партија го поддржа сепаратистот Касами во Тетово, токму тој во вториот круг ќе го спасува Фатмир Дехари од губење на градоначалничката функција?! Иако ВМРО-ДПМНЕ немаше кандидати за градоначалници во Тетово, Гостивар и Струга за понизно да ги поддржи коалициските кандидати, сепак ВРЕДИ не го поддржа кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево за конечно ДУИ да отиде во опозиција во градот кој за Ахмети беше “воен плен”!
Додека Мицкоски опсесивно да ги оцрнува кандидатите за градоначалници на Левица, фактите се јасни: во Брвеница и Кичево неговите коалициски партнери директно соработуваат со ДУИ. Потсетуваме дека во општина Брвеница, кандидатот за градоначалник од ВРЕДИ повика на обединување со ДУИ во вториот круг од локалните избори.
Ваквото коленичење на ВМРО-ДПМНЕ со 58 пратеници пред помалиот коалициски партнер е на директна штета на сите жители на Кичево – кои неколку мандати се заробени од криминалното владеење на Фатмир Дехари.
Станува јасно дека целата оркестрирана владина кампања против Левица (која доживеа историски успех овие избори во градот Скопје) е со единствена цел – дефокус од понижувањето кое го доживеа партијата на Мицкоски од сопствените коалициски партнери, кои директно одработуваат за заштита на криминалите на ДУИ“, соопшти партијата Левица.
Соопштенија
Митовски: Црешево и Смилковци ги враќаме на мапата на развојот
Актуелниот градоначалник цел мандат ги остави Црешево и Смилковци во пустош и заборав. Без ниту еден капитален проект, без инвестиции, без елементарни услови за живот. Времето на неработа, запоставеност и игнорирање на овие населени места завршува. Таа слика ќе се промени во мандатот што следи, затоа што мојата визија е јасна – рамномерен развој на сите населени места во Општина Гази Баба, изјави кандидатот за градоначалник на Гази Баба од СДСМ, Влатко Митовски.
„Во Црешево ќе изградиме нов резервоар за вода со капацитет од дополнителни 300 кубни метри, ќе се доврши фекалната канализација, а краците од улица 3 ќе бидат конечно асфалтирани и санирани. Ќе ја замениме целата водоводна линија од препумпната станица во Железара до резервоарот во Црешево во должина од 6 километри, ќе изградиме нова бушотина за зголемен доток на вода, ќе го осветлиме регионалниот пат Црешево–Стајковци и ќе изградиме пешачка патека по целата должина. Дополнително, ќе изградиме и прочистителна станица за фекални води. Во Смилковци исто така ќе изградиме нов резервоар за вода со капацитет од 300 кубни метри, ќе ја довршиме фекалната канализација и ќе ја замениме целата водоводна линија во должина од 3,5 километри. Ќе се изгради нова бушотина, ќе се прошири патот и ќе се направи пешачка патека од Смилковци до Црешево, а краците од улица Павле Божинов конечно ќе бидат асфалтирани. Во недела, гласот за број 5 е глас за реализација на овие проекти, за секој дом, за секој од вас, за модерна и развиена Општина Гази Баба“, рече Митвоски.

