Соопштенија
СДСМ: Додека сите се борат против коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ е закана и опасност по здравјето на граѓаните

„Опозициската ВМРО-ДПМНЕ е партија без единствен став за ниту едно прашање, па и за пандемијата предизвикана од коронавирусот, со што предизвикува конфузија кај граѓаните.Лицемерниот Христијан Мицкоски после цели осум месеци сфати дека коронавирусот е опасен и непредвидлив непријател и ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита, кои претходно ги критикуваше. Во исто време високиот функционер на ВМРО-ДПМНЕ Вело Марковски зборува дека носењето заштитни маски е штетно за здравјето“, соопшти СДСМ.
Според партијата, Марковски смета дека Ковид-19 е смешен вирус, а Мицкоски секојдневно ја користи пандемијата да го оцрни здравствениот систем и ги злоупотребува заболените и починатите во очајна трка за политички поени.
„Ваквите настапи се продолжение на неодоговорното однесување на ВМРО ДПМНЕ, од почетокот на пандемијата, кога Мицкоски тврдеше дека нема доволно тестови и заштитна опрема, па продолжи со подривање на напорите за справување со кризата, со неказнување за непочитување на мерките и кочење на средства за опремување на болници од страна на опозициските кадри во техничката влада.Наводно загрижен за здравјето на граѓаните, Мицкоски организираше протести без никакво почитување на мерките, без носење на маски, без социјална дистанца, па и самиот не ги почитуваше мерките за заштита.Грижата за здравјето на граѓаните не се покажува со зборови, туку со дела, а ВМРО-ДПМНЕ секојдневно покажува дека претставува закана и опасност за здравјето на граѓаните“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Герасимовски: Градиме нова градинка во близина на Клиничкиот центар, капацитет до 100 деца

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска најави дека во новиот мандат почнува изградбата на нова современа детска градинка во непосредна близина на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Тој истакнува дека планираната градинка ќе биде модерен и функционален објект, изграден според највисоки стандарди за безбедност и квалитет, со капацитет до 100 деца.
„Градиме нова, современа градинка во непосредна близина на Клиничкиот Центар, кадешто ќе може да се згрижат 100 деца. Оваа градинка ќе биде изградена по највисоки стандарди за безбедност и квалитетот, по примерот на градинката „Пролет“ која во моментов е најубавата и најмодерната градинка во државата. Со отворање на новата градинка, создаваме нови можности за вработување за околу 25 воспитувачи, негуватели, стручни соработници и помошен персонал“, рече Герасимовски.
Соопштенија
(Видео) Митовски: Автокоманда станува новото срце на Скопје, крај на хаосот и почеток на модерна ера

Се залагаме Автокоманда да стане новиот центар на градот модерна, функционална и урбано уредена населба која ќе им нуди на граѓаните квалитетен живот и решенија за сите долгогодишни проблеми, истакна Влатко Митовски, кандидат за градоначалник на Гази Баба од редовите на СДСМ.
„Денес се наоѓам токму на местото каде што ќе ја изградиме новата катна гаража, која ќе биде наменета за сите граѓани кои секојдневно работат во околните компании и институции. Покрај оваа, ќе изградиме уште две катни гаражи првата на постојниот паркинг на ул. „Јани Лукровски“ до плоштадот, а втората на асфалтираниот паркинг на ул. „Лазар Поп Трајков“.
Со тоа ќе ставиме крај на хаосот со паркирањето, а дополнително сообраќајниот метеж ќе го решиме со воведување еднонасочен режим на улиците низ населба“.
Најави дека ќе се зафати со целосно уредување на како што рече, уништеното зеленило и пешачки патеки, „кои со години беа жртва на градежно дивеење“.
Автокоманда, според него, заслужува да биде пример за урбанистички развој.
„Затоа ќе изградиме и нов парк за миленици, како дел од нашата визија за модерна и зелена животна средина.
Ова е само почетокот на една нова приказна приказна во која Автокоманда ќе стане гордоста и новото срце на Скопје“.
Соопштенија
Георгиевски: Ќе изградиме нова детска градинка во Илинден

Инвестициите во градинките, не се само инвестиции во објекти, туку во иднината на нашите најмили, изјави кандидатот за градоначалник на Општина Илинден од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Георгиевски.
„Во секое семејство, во секое дете, покажавме дека посветеноста, визијата и континуираната работа создаваат современи, функционални и топли простори во кои децата растат безбедно и среќно. Затоа, ќе изградиме нова детска градинка, со цел да им помогнеме на семејствата да добијат поголема достапност на квалитетна предучилишна грижа. Современи и безбедни простории за згрижување, и развој на дечињата“, рече тој.