Соопштенија
СДСМ: Дрскост и лицемерие е Мицкоски да го цитира Славко Јаневски, кога ВМРО-ДПМНЕ срамно го лустрираше
„Откако ги навреди граѓаните и кажа дека Македонците се хистеричен народ, Мицкоски сега се обидува да им препише и амнезија. Мицкоски денеска бесрамно и дрско го цитираше великанот Славко Јаневски, чија лустрација, партијата на Мицкоски во 2013 година ја нарача и поддржа“, соопшти СДСМ.
Според партијата, процесот на лустрација кој ВМРО-ДПМНЕ го злоупотребуваше за пресметка со неистомисленици и обезвреднување на еден историски период, го зафати и Славко Јаневски, авторот на првиот роман напишан на стандарден македонски јазик.
„За лустраторите кои работеа по нарачка на менторот на Мицкоски, Никола Груевски, не беа важни ликот и делото на починатиот Јаневски за да го прогласат за полициски информатор на тајни југословенски служи, без да го има основното човеково право да се одбрани.Каква е таа дрскост на Мицкоски да ги изговара стиховите на Јаневски еден од основоположниците на современата македонска книжевност, откако со неговото ВМРО-ДПМНЕ му нанесоа толку голема неправда и болка на неговото семејство.Мицкоски е осамен во неговата хистерија, во сопствениот очај, дефинитивно е без срам и перде и должи извинување и на македонскиот народот и на семејството на Славко Јаневски“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Предноста на Орце Ѓорѓиевски во Скопје со разлика од над 60 илјади гласа е недостижна
Првиот круг од локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник со освојување на 33 општини и мнозинство во совети во поголемиот дел од општините. Вториот круг е нов предизвик, но кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ во трката влегуваат со значителна предност од противниците во 21 од 27 општини, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Предноста на Орце Ѓорѓиевски во Скопје со разлика од над 60 илјади гласа е недостижна од противкандидатот на матната и непринципиелна коалиција која ги интересира, исклучиво, власт по секоја цена. Голема е предноста и на Дејан Митески во општина Аеродром, каде во однос на противкандидатот од СДС во првиот оствари разлика од околу 9.500 гласа, како и на Сотир Лукровски во Карпош кој во втор круг влегува со позитива од околу 1.500 гласа. Битката во втор круг продолжува и во општина Шуто Оризари, каде што влегуваме обединети со голема мобилизација за пресврт на резултатот и за победа на ВМРО-ДПМНЕ. За ВМРО-ДПМНЕ нема мала или голема општина, нема рурална или урбана општина, секоја општина е важна и ВМРО-ДПМНЕ се бори за секој еден граѓанин.
Од друга страна, за функционални локални самоуправи кои ќе реализираат проекти и ќе ги решаваат проблемите на граѓаните, важни се општинските совети. И тоа е предусловот кој е исполнет во првиот круг од изборите, каде што во скопските општини ВМРО-ДПМНЕ има убедливо водство и мнозинство.
Во општина Аеродром ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство со 15 советници, бројот на освоени советници во Карпош е 11, во Шуто Оризари 4, а во Советот на Град Скопје освои 18 советници. Ова се бројки на советници во советите на овие скопски општини кои ќе донесат одлуки за големи проекти, важни за граѓаните.
Токму затоа, за да се заокружи оваа победничка слика која значи развој на општините, потребна е масовна поддршка од граѓаните за кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ.
Во недела на 2 ноември, што е можно помасовно, да се излезе на гласачките места и со пенкало во рака, зад параваните, да заокружиме број 9 за Орце, Сотир, Дејан и Ерџан и да ја испишеме историската победа на ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во соопштението.
Соопштенија
Герасимовски: Даваме субвенции за нови фасади за зградите и ги обновуваме
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска најави дека во вториот мандат се обновуваат фасадите и се зголемува енергетската ефикасност на зградите.
„Станарите добиваат субвенции за нови енергетски ефикасни фасади, што ги намалува трошоците за греење и ладење, а истовремено добиваат современ и уреден изглед на своите згради. Со обновувањето на фасадите, Центар добива нов, модерен, но и автентичен лик. Ја чуваме старата архитектура и ја уредуваме градската средина“, рече Герасимовски.
Тој потенцираше, дека паралелно се поставуваат и фотоволтаици на училиштата и општинските објекти преку претпријатието „Енергија Центар“.
„На тој начин, штедиме енергија и ги намалуваме трошоците за електрична енергија и до 50%. Работиме одговорно, современо и одржливо. За Центар што го сакаме!“, изјави Герасимовски.
Соопштенија
Манасиевски: Од историска победа нè делат само неколку дена
На 2 ноември сите заедно да го заокружиме бројот 9, за финалната победа на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, Карпош, Шуто Оризари и Градот Скопје, повика Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Од оваа историска победа не делат само неколку денови. Со 33 освоени општини во првиот круг, водство во 21 од 27 општини во вториот круг и доминација во советничките листи, ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните заедно ќе ја потврдат промената што ја започнавме. Имено, во Аеродром победивме со околу 9.500 гласови разлика. Во Карпош водиме со околу 1.500 гласови. Во Скопје убедливо сме пред второпласираниот со над 60.000 гласови. Во Шуто Оризари обединети, одиме кон пресврт и конечно враќање на довербата во локалната самоуправа. Советите се клучни за реализација на нашите проекти и визии. Имаме убедливо мнозинство од 15 советници во Аеродром, 11 во Карпош, 18 во Град Скопје и 4 во Шуто Оризари. За оваа победничка слика да биде целосна, потребна е вашата поддршка. Поддршка за проекти, за визии, за граѓаните“, рече тој.

