Соопштенија
СДСМ: Жалиме што ДУИ се служи со националистичка реторика
ДУИ денеска и официјално се откажа од концептот едно општество за сите, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на кандидатот за премиер на ДУИ, Насер Зибери, кој денеска ја претстави програмата за изборите.
„Жалиме што ДУИ се служи со ваква националистичка реторика и ги поткопува придобивките од Охридскиот Рамковен Договор.Времето за поделби е одамна завршено. За Коалицијата „Можеме” и СДСМ одамна не е важно кој на кој етникум припаѓа, туку колку е способен и работи во функција на „едно општество за сите” и сигурна иднина на граѓаните“, се наведува во писмената реакција.
Како што тргнале ДУИ, велат од СДСМ, до крајот на кампањата ќе си го сменат и името на партијата – од Демократска унија за интеграција ќе станат Националистички радикали за дезинтеграција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Стевчо Јакимовски: Да беше Пинокио, носот ќе му удреше во крстот на Водно!
По вчерашниот настап на Христијан Мицкоски, кој како што вели актуелниот градоначалник на Карпош „повторно се впушти во празни и очајнички лаги“, Стевчо Јакимовски, остро реагира и му порачува: „Да беше Пинокио – носот ќе ти удреше во крстот на Водно!“
„Христијан Мицкоски, по првиот круг на изборите, дојде во Карпош ненајавен, исплашен и во паника.
Меѓу двата круга, не сме се виделе — туку само се слушнавме по телефон, кога лично ми ја даде поддршката.
‘Ме молеше. Ако треба и на колена ќе клекнам, само да ја имам вашата поддршка’ – тоа беа неговите зборови. Јас за свои 65 години таква реченица немам изговорено. Тоа се реплики од турски серии, не од сериозни политичари“, пишува во соопштението на Јакимовски.
„Мицкоски денес зборува за „бетонизација“ и „урбанистички планови“, а во првите триесет дена од мојот мандат немало ниту еден нов урбанистички план, затоа што општината беше со блокирана сметка. А и да му покажев план, што би разбрал од него?
Тој лаже дека дошол да „честита“ победа. Вистината е дека дојде со список од 37 луѓе за вработување, бараше секретар на општината, директор на јавно претпријатие и на училиште, како и урбанистичка маркица за фирма блиска до негов пријател од „Гранит“.
Сето тоа – надвор од било каков институционален ред и закон.
Мицкоски спомнува „пресуда“ – нема никаква пресуда! Постои само политички прогон за барака која денес е пренаменета во простор каде се згрижени деца од градинката „Мајски цвет“. Иронијата е што пресудата ја донесе судијка што ВМРО-ДПМНЕ потоа ја унапреди во претседател на суд!
„Четири пати дојде во мојата општина без ниедна конкретна понуда за граѓаните, освен што се занимаваше со мене. Тоа е крик на очајник и губитник.“
Христијан Мицковки продолжува со лаги затоа што ја чувствува поразеноста, а Карпош одамна го препозна тоа лицемерие. Политика не се прави со закани, молби и лажни сведоштва – се прави со работа, визија и одговорност пред граѓаните“, се наведува во соопштението на Стевчо Јакимовски.
Соопштенија
Ристов: Конче продолжува да се гради и развива паралелно со сите големи општини во Македонија
Златко Ристов, кандидат за градоначалник на општина Конче од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати од денешниот настан одржан во општината, во рамки на вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат на 2 ноември. Тој се осврна на темите за младите во општината, инфраструктурата, како и неговата програма како кандидат за градоначалник на општината, која како што вели тој е изготвена да одговори на потребите на граѓаните кои живеат во општина Конче.
,,Во мојата работа како градоначалник, секогаш се водев од потребите на месното население, ги слушав вашите предлози, заеднички ги решававме сите проблеми и затоа сега имаме изградени и реконструирани патишта и улици низ сите населени места. Уредувавме јавни простори, паркови, затоа што сакаме нашите деца да растат во чиста и уредна средина“, рече Ристов и додаде:
,,Конче ја доживеа својата ренесанса во изминатите 4 години. Конче се градеше и развиваше паралелно со сите големи општини во Македонија“.
Ристов истакна дека неговата програма е веќе позната на граѓаните, и има за цел да ги реши сите нивни проблеми, а се состои и од проекти кои се од интерес на жителите на општина Конче.
,,Во вториот изборен круг да излеземе масовно на избори да го направиме вистинскиот избор, за нашата општина. Нашата програма, мојата и на мојот тим на советник. Се потрудивме да стигнеме до секој еден од вас. Во неа се опфатени проекти од сите сфери“, кажа Ристов.
Како што вели тој, младите во општината ќе бидат поддржани преку стипендии и еднократна помош, а во делот на спортот, ќе продолжат да се градат и реконструираат спортски терени.
,,Спортот и најмладите, ќе продолжиме да градиме и реконструираме стадиони, културни домови, ќе продолжиме да ги поддржуваме најмладите преку стипендии за најдобрите ученици, еднократна помош за секој ученик кој го завршува основното образование и се запишува во средно, стипендии за најдобри студенти“, истакна Ристов.
Ристов се осврна и на делот за инфраструктурата каде кажа дека ќе има реконструкција на системите за водоснабдување, а ќе се унапреди и дел од процесот за одржување на патиштата за време на зимскиот период.
,,Водоводните и канализационите системи, ќе се реализираат следните: ќе извршиме реконструкција на системите за водоснабдување, во населените места Лубница, Горни Липовиќ. Дедино, Конче, Ракитец, ќе ги доизградиме системите за фекална канализација во Конче, Горни Липовиќ, Ракитец и Долни Липовиќ. До крајот на годината ќе биде испорачан камионот кипер кој што ќе биде во функција на одржување на патиштата по сите населени места, зимско одржуваме на нашите локални патишта и други потреби кои ќе произлезат од нашите граѓаните“, заклучи Ристов.
Соопштенија
„Влен“: За ДУИ и за Ахмети, министерските позиции се единствената алатка за опстанок во политиката
После пет дена, на Али Ахмети конечно му беа покажани резултатите од „референдумот“. И ете, тој излезе и рече дека победиле на локалните избори, велат од ВЛЕН.
„Ова е апсурдно. Победите на ВЛЕН во Чаир, Сарај, Арачиново, Желино, Теарце и убедливото водство во Тетово, Боговиње, Дебар, Струга, Брвеница и Долнени се далеку поголеми од „победата“ во Пласница и Липково. Мислевме дека Али Ахмети и ДУИ конечно станале свесни за резултатите од „референдумот“, но тие продолжуваат да ги доживуваат локалните избори како парламентарни, бидејќи за нив министерските позиции се единствената алатка за опстанок во политиката. Дваесет години политиката на Али Ахмети се градеше на два столба: власт и само власт. А што се однесува до „ветингот“ што тој денес го бара, тоа одамна му го направи неговата сенка Артан нон грата Груби, за кого и понатаму тврди дека е „чист како солза“. Затоа, пред да побара предвремени избори, Али Ахмети треба да се запраша: Дали ќе може да се соочи со слободниот глас на Албанците кои повеќе не се плашат од него? Затоа што времето на Газиместан заврши. ВЛЕН е сегашноста. ДУИ е минатото“, се наведува во соопштението.

