Соопштенија
СДСМ: Заврши времето кога лажни земјоделци се богатеа на маката на вистинските
ВМРО-ДПМНЕ е синоним за нечесен, лицемерен и потценувачки однос кон земјоделците и кога е власт и кога е опозиција, велат од СДСМ како реакција на денешната изјава на Цветан Трипуновски, кој кажа дека стоте дена Влада на СДСМ донеле сто маки за земјоделците.
Меѓутоа, од владејачката партија посочуваат дека владата не само во претходните 100 дена, туку 3 години по ред покажува што значи вистинска грижа за земјоделците.
„Над 340 милиони евра за три години се исплатени кон земјоделците, преку субвенции и директна помош кои се исплаќаат неселективно и навремено, воведена е зелена нафта, донесени се мерки како Млад земјодолец, поддршка за жените во руралните подрачја, набавка на трактори со мерката 50-50, кои беа поздравени од земјоделците и за кои имаше голем интерес“, посочуваат од СДСМ.
Од партијата додаваат дека земјата е регионален лидер во искористеност на ИПАРД-фондовите, отворени се повици за државна земја, а, како што велат, 80 милиони евра се вложени во системи за наводнување и други капитални инвестиции.
Од партијата на власт истакнуваат и дека годинава покажале дека знааат да се справат и во услови на длабока криза од светски размери.
„Први на удар со воведувањето на карантинот беа градинарите производители на зелка, каде што веднаш Министерството интервенираше со дополнителна мерка. Потоа, за лозарите воведени се дополнителни мерки и рекордно високи субвенции кои ќе ги добијат до крајот на годинава. Во моментов се одвива поддршката од државата во откупот на тутунот и нема дилема дека повторно Владата и Министерството ќе им помогнат на производителите во рамките на законските можности“, нагласуваат од СДСМ.
Од таму додаваат и дека времето кога, како што велат, лажни земјоделци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се богателе на маката на вистинските земјоделци е завршено.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Сајкоски: Масовно излезете и гласајте за Александар Јовановски, за развој и напредок на Кичево
На вечерашниот мини-митинг во општина Кичево, во рамки на вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат на 2 ноември, се обрати генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски кој упати порака за масовна излезност на 2 ноември за глас на кандидатот Александар Јовановски, за развој и напредок на Кичево.
„Почитувани, ни останаа уште неколку денови до она за коешто работевме долг период. Ни останаа уште 3-4 дена до 2, денот кога треба да излеземе масовно како што излеговме на овој плоштад, да кажеме не за не работата, не за неморалот, не за кандидатот којшто не посрамоти. И да кажеме да за оној којшто сака, којшто може и којшто треба да сработи за нашата општина, да кажеме да за Александар Јовановски за иден градоначалник на Кичево“, рече Сајкоски.
Сајкоски ги повика и оние граѓани кои живеат во дијаспората да го дадат својот глас за бројот 9, за да има подобри услови, кои ќе донесат подобар живот за кичевчани.
„Сакам кратко да порачам и за оние коишто сакаат и се спремаат да доаѓаат од странство. Почитувани, многу ве почитуваме и секогаш нашата врата е отворена за вас, но нашите деца 265 дена дишат нечист воздух, нашите деца 365 одат по калливи улици, нашите деца и ние со нашите автомобили се движиме низ фекалии во населбите од нашиот град. Затоа и вие придружете се кога ќе дојдете тука во Кичево, гласајте за број 9, гласајте за Александар Јовановски, гласајте за победничката опција во Република Македонија“, вели Сајкоски.
Соопштенија
Јовановски: Со заокружување на бројот 9, Кичево ќе добие градоначалник кој ќе се жртвува за својот град
Александар Јовановски, кандидат за градоначалник за општина „Кичево“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати на денешниот настан одржан во општината, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, во рамките на изборната кампања за вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат 2 ноември.
Јовановски потенцираше дека кампањата која се водела за локалните избори во општина Кичево, била исклучиво позитивна.
„Ви благодарам на присуството, ви благодарам на поддршката, самата ваша бројка доволно говори. Целата кампања ни се засноваше на позитивна енергија, целата кампања зрачи и ќе продолжи да зрачи после големата победа само со позитивна енергија, ќе продолжи да зрачи со надеж и среќа за сите. Сите оние коишто не веруваат, сите оние коишто сеуште се двоумат, сите оние кои мислат дека не е можно да оствариме победа, нека размислат уште еднаш“, рече Јовановски.
Јовановски истакна дека Кичево заслужува за градоначалник да има чесен и трудољубив човек, кој ќе се жртвува за својот град.
„Верувајте, заслуживме да имаме чесен човек, трудољубив човек и човек којшто ќе се жртвува за овој град, а тој човек сум јас почитувани. Сакам да изразам особена благодарност до припадниците на сите политички партии во нашиот град, без разлика на кој етникум припаѓаат, без разлика на која идеологија припаѓаат, има луѓе кои увидоа со што се соочуваме, за жал сите вие сте сведоци на што се, се изнагледавме изминативе денови, какви снимки изнаслушавме и какви видеа видовме, ние како граѓани не го заслужуваме. Дојдете на 2 на истото ова место, ќе славиме заедно“, истакна Јовановски.
Соопштенија
Митески: Паметен пристап до паркирањето, практично, економично и безбедно решение за Аеродром
Градоначалникот на Општина Аеродром и кандидат за нов мандат, Дејан Митески, најави решение за еден од најчестите проблеми со кои секојдневно се соочуваат граѓаните – недостатокот на паркинг места и хаосот во сообраќајот.
„Наместо нереални ветувања за катни гаражи кои бараат години и милионски буџети, општината се насочува кон брзо и практично решение, воведување еднонасочни улици со обележани ленти за паркирање. Не можеме да изградиме катна гаража за шест месеци, но можеме за шест месеци да обезбедиме до 800 нови паркинг места“, истакна Митески, додавајќи дека ова решение се базира на користење на постојната инфраструктура, без дополнителни големи трошоци.
Тој кажа дека оваа стратегија носи три големи придобивки за жителите на Аеродром: прво, значително се зголемува бројот на достапни паркинг места во густо населените зони, со рационално искористување на секој метар улица, второ, создава можност за воведување велосипедски патеки на делови каде што ширината тоа го дозволува, поттикнувајќи здрави и еколошки навики и трето, самата организација на еднонасочните улици природно го намалува брзото движење на возилата, придонесувајќи кон побезбедно и покултурно сообраќајно однесување.
„Со новиот сообраќаен режим, улиците ќе станат поуредени, побезбедни и попрактични. Наместо да вложуваме време и средства во невозможни проекти, се фокусираме на решенија што граѓаните ќе ги почувствуваат веднаш“, рече Митески.

