Соопштенија
СДСМ: Кампањата за референдумот не е ниту партиска ниту изборна

ВМРО – ДПМНЕ не знае да функционира во нормални, законски и демократски услови, не знае што е тоа двоење на партијата од државата и затоа очајно шири лажни вести и манипулации.
ВМРО-ДПМНЕ создаде заробена држава, навикната е на злоупотреби на државните ресурси, но сега е се поинаку, Македонија се гради како држава која работи за граѓаните, по европски правила, се вели во реакцијата на СДСМ.
Според партијата, нема никаква злоупотреба на државни средства, ниту пак на ресурси.
,,Кампањата за референдумот не е ниту партиска ниту изборна кампања. Совршено јасно е дека информативната кампања за референдумот е за иднината, за придобивките од процесот на евроинтеграцијата и членството во ЕУ и НАТО, за реализирање на врвните национални и државни интереси на Македонија.Влезот во ЕУ и НАТО и обезбедувањето на македонската иднина е над сите политички партии, над сите меѓупартиски полемики.ВМРО-ДПМНЕ треба да престане да шири лажни вести и да се приклучи на процесот за обезбедување на македонската иднина како рамноправен дел од ЕУ и НАТО”, се додава во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Мојсова: Карпош се соочува со реални проблеми, време е за нова енергија

Карпош е нашиот дом, нашите улици, дворови, училишта, спомените од детството и надежите, порача Маја Мојсова Мијовска, кандидат за градоначалничка на Карпош од СДСМ, најавувајќи визија за нов почеток и суштинска промена во начинот на функционирање на општината.
Таа нагласи дека Карпош се соочува со реални проблеми кои повеќе не смеат да се игнорираат: загаден воздух, дупки по тротоарите, диви депонии, сообраќаен метеж, темни улички, преполните паркинзи, оштетени јавни површини, недостиг на зеленило и простор за децата, нефункционална инфраструктура.
Мојсова ја претстави и својата програма за темелна трансформација на Карпош, базирана на инклузивност, транспарентност, зелена енергија, квалитетна социјална грижа и развој на младиот потенцијал.
-Реконструкција на секој кварт: нови паркови, осветлување, дрвореди, детски игралишта. Грижа за зеленилото со системски пристап. Домови на култура и центри за млади во помалите населби, подобрување на водоводната и канализациска мрежа, јавни консултации, транспарентна администрација, засилена контрола од граѓанскиот сектор, поддршка за мали бизниси и иновации се само дел од програмата, рече Мојсова.
Во програмата за Карпош се и младински културен спортско рекреативен центар, нови детски градинки во Влае, Нерези и покрај Вардар, со што ќе се стави крај на листите на чекање.
„Карпош ќе добие свое претпријатие за хигиена, паркинзи и јавен ред, со специјализирани возила и опрема, со цел чистота и уредност во секоја улица. Во најоптоварените зони , Лептокарија, Влае, Карпош 4, кај Воената болница, ќе се постават монтажни паркинг платформи со бесплатен паркинг за жителите на општината.“, порача Мојсова.
Во програмата се и поддршката за децата и образованието со субвенции и бесплатен базен, мобилна здравствена заштита и грижа за ранливите, ангажирање на пензионерите.
„Како лекар, научив дека ништо не се решава со одложување, дека секоја криза бара знаење, брза реакција и тимска работа. Сега е време да ги споиме зборовите со дела. Да гласаме за број 5, за надеж, за доверба, за нашиот дом Карпош. Број 5 за Карпош што го сакаме“, порача Мојсова.
Соопштенија
Шукова: Карпош ќе дише полесно со нов мост, продолжување на булеварите и функционални јавни претпријатија

Во Карпош, кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, ги претстави клучните приоритети на својата програма – функционални јавни претпријатија, уреден сообраќај, повеќе зеленило и современо, дигитално Скопје.
„Ова не е само лична кампања, ова е заедничка мисија да изградиме модерно, чисто и функционално Скопје, град што ќе биде наш дом, а не извор на секојдневни нервози,“ изјави Шукова, нагласувајќи дека решенијата што ги нуди се реални и проверени.
Таа се осврна на како што рече, неуспесите на актуелната градска власт, истакнувајќи дека четири години граѓаните живеат без основни услуги: „Немаме редовно подигање на сметот, немаме вода во високите зони, јавниот превоз е нефункционален, а парковите и улиците се запуштени. Градот го претворија во џунгла.“
Шукова најави целосна реорганизација на јавните претпријатија и обновување на постојната инфраструктура: „Ќе го изградиме Скопје по европски терк – град што обезбедува ред, услуга и сигурност.“
Во Карпош, најави неколку клучни инфраструктурни проекти: изградба на нов мост, близнак на „Обединети нации“, со шест коловозни ленти и велосипедски и пешачки патеки; поврзување на булеварите „Словенија“ и „Никола Карев“ со современо сообраќајно решение; продолжување на булеварот „Словенија“ до Ѓорче Петров – нова артерија долга 4,5 километри што ќе го поврзе западот и северот на градот; и конечно ставање во функција на мостовите „Михаило Апостолски“ и „Љубљанска“.
„Ќе воведеме ‘Зона 30’ во густо населени делови, ќе поставиме ЛЕД осветлување, нови велосипедски патеки и ќе ги претвориме запуштените површини во живи скверови и паркови,“ додаде Шукова.
Таа истакна и дека дигиталните решенија ќе бидат темел на модерното управување со градот: „Смарт Скопје ќе значи знаење кога контејнерите се полни, паметно управување со отпадот, повеќе осветлување и дигитални системи што носат ефикасност и транспарентност.“
„Ние не ветуваме чуда – ветуваме работа, чесност и резултати што се гледаат,“ порача Шукова, додавајќи дека со Маја Мојсова во Карпош и тимот на СДСМ, ќе се врати довербата во политиката и гордоста во Скопје.
„Во Карпош се родив, тука сум целиот живот, и ќе се борам за Карпош и за Скопје што обединува,“ реќе Каја Шукова.
Соопштенија
Ристески: Македонски Брод и поречјето треба да се чува, да се негува и да се гради

Жарко Ристески, кандидат за градоначалник на Македонски Брод од ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори, се обрати денес на народниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!
,,Македонски Брод е нашата емоција, нашето минато, нашата иднина, но и нашата сегашност. Македонски Брод и поречјето треба да се чува, да се негува и да се гради. Излегуваме со конкретна програма, програма која ја работевме со вас, програма која има конкретни и реални проекти. Почитувани јас во наредниот мандат нема да ветувам чуда, туку само чесна работа и остварливи и реални проекти“, рече Ристески.
Ристески истакна дека фокусот ќе биде ставен на реални проекти, како и нови можности за младите, како и за инфраструктурни подобрувања. Тој додаде дека ќе се посвети на локалниот економски развој:
,,Ќе отвориме нови можности за младите. Ќе продолжиме со инфраструктурни проекти, социјална поддршка на сите категории, локален економски развој“, кажа Ристески и додаде:
,,Ветувам, комплетна реконструкција и изграба на сите локални патишта „Здрава храна за секое дете“ , повторно пуштање во употреба на училишната кујна. Субвенционирање за возачки испит за секој средношколец кој ќе дипломира во нашето средно училиште. Доделување на стипендија за студенти кои завршиле во нашето училиште и се запишале на високо образование во делот на туризам. Организиран бесплатен превоз за децата во детската градинка. Реконструкција на средното училиште , ученичкиот дом, детската градинка со енергетско ефикасни материјали и поставување на фотоволтаична централа. Реконструкција, реставрација и уредување на речното корито на реката Треска во долж централното градско подрачје во Македонски Брод“.
Ристески апелираше до граѓаните да продолжат со поддршката за развој на Македонски Брод, и ги повика да гласаат за број 9.
,, Ве повикувам да продолжиме заедно. А, не да прекинеме таму каде што започнавме. На 19 октомври сите масовно да излеземе и да гласаме. За нашиот Македонски Брод за бројот 9 , бројот 9 за градоначалник, број 9 за советничката листа , број 9 за нашата Македонија. За нашето, твоето место, за нашата заедничка иднина, за проекти, за развој на општина Македонски Брод“, заклучи Ристески.