Соопштенија
СДСМ: Колку сме поблиску до НАТО, толку поголеми се економските придобивки

Реалните податоци потврдуваат, колку сме поблиску до членството во НАТО, толку поголеми се економските придобивки, велат од СДСМ.
Владејачката партија истакна дека напредокот во интеграциите, процесот на ратификација на протоколот за пристапување во НАТО и успешните економски политики сериозно ја придвижиле економијата.
„Бројни економски параметри покажуваат дека за само една година од интентизивирањето на интегративниот процес, економските придобивки се реални и видливи. За само една година, просечната плата пораснала за 7,5 отсто, односно од 23.850 денари, колку што изнесувала во декември 2017, на 25.784 во декември 2018 година. Интеграцијата ја врати довербата во економијата, 2018 година ќе остане запаметена по историски највисок износ на странски директни инвестиции од 624,5 милиони евра или 276 отсто над просекот.
Рекордниот број странски инвестиции во 2018 ја намалија стапката на невработеност на 19,4 во последниот квартал од 2018, што е значително намалување во однос на истиот период од 2017 кога изнесувала 21,9 отсто.
Извесното членство во НАТО дополнително ќе ги интензивира позитивните движења во економијата.
Влезот во НАТО и напредокот во интеграцијата во ЕУ ќе го забрзаат економскиот раст, економијата ќе стане уште поконкурентна и поатрактивна за инвеститорите, ќе расте бројот на новоотворени работни места, ќе растат платите, а сè повеќе пари ќе завршуваат кај граѓаните“, истакнува СДСМ преку соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
(Видео) Д-р Трајановски: Општина Аеродром конечно ќе добие нова општинска зграда

„Општина Аеродром е единствената општина во Македонија која нема сопствена зграда. Општинската администрација 20 години функционира во супстандардни услови, во објект за кој плаќа 120.000 евра годишно. Само во последните 4 години Општина Аеродром има потрошено половина милион евра по основ на кирии“, вели д-р Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ.
„Трагедијата да биде уште поголема Тимчо Муцунски пред 4 години ја избриша маркицата каде што СДСМ планираше модерен објект за општинска зграда со готов проект за изведба. На таа локација пред 2 години требаше да биде подигнат паркот „Радост“.
По 4 години реалноста е поразителна. Ни парк, ни општинска зграда немаме на таа локација.
По изборите ја започнуваме постапката за изградба на современ, функционален и енергетски ефикасен објект за општинската администрација, во кој граѓаните ќе ги добиваат сите услуги на едно место.
Новата зграда ќе биде репрезентативен симбол на општината, со мултимедијален центар за млади, повеќенаменски сали и современа сала за венчавки, простор кој ќе им служи на сите жители на Аеродром.
Време е конечно Општина Аеродром да добие сопствен дом, достапен и отворен за сите“, соопшти д-р Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром.
Соопштенија
Саракинов: Ја нема ниту катната гаража кај ГОБ 8ми Септември која ја вети кандидатот на СДС, Филипче и Заев – Стевчо Јакимовски, има само дупки и ѓубре

„Стевчо Јакимовски, кандидатот на СДС, Заев и Филипче излажа за сите катни гаражи кои ги вети во 2021 година. Ниту една катна гаража која ја вети, не ја направи. Стоиме овде пред ГОБ 8 Септември, место каде Стевчо Јакимовски, кандидатот на СДС, Филипче и Заев тврдеше дека ќе направи катна гаража“, рече Христо Саракинов, носител на советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ за општина Карпош.
„Овде нема катна гаража, има само ѓубре и дупки. Кога ја читаме програмата на Стевчо Јакимовски од 2021 година сфаќаме дека се било една огромна лага. Ниту една катна гаража која ја ветил, не ја направил.
Стевчо Јакимовски само ги изманипулира граѓаните на Карпош.
Последните 4 години со Стевчо во Карпош се хаос за карпошани, хаос со паркингот, ѓубре насекаде, бетонизација, наместо зеленило и хумана урбанизација.
Стевчо Јакимовски лаже и сега како што лажеше во 2021 година. Ништо што вети во 2021 година, не реализира. Ниту една катна гаража не направи. Истите лаги ги кажува и сега, разликата е што овој пат нема да му успеат. Стевчо Јакимовски е прочитана книга. Карпошани ќе го казнат и ќе го испратат во политичка пензија со Филипче и Заев, неговите ментори за бизнис зделки“, изјави Христо Саракинов.
Соопштенија
Јовановски: Ќе изградиме нова спортска сала во ОУ „Кузман Јосифовски-Питу“ во Кичево

„Ќе изградиме спортска сала во основното училиште „Кузман Јосифовски-Питу“, каде конечно нашите дечиња ќе можат да одржуваат една нормална и редовна настава по физичко образование како што доликува“, најави Александар Јовановски, кандидат за градоначалник на општина Кичево од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ќе го подобриме превозот на учениците од сите приградски наслеби и од градските населби, за да можат безбедно да стигнат до училишните клупи“, додаде Александар Јовановски, кандидат за градоначалник на општина Кичево од ВМРО-ДПМНЕ.