Соопштенија
СДСМ: Лажните вести се показател за очајот во ВМРО-ДПМНЕ

Соочени со сопствената изолација и фактот што јавноста ја дозна вистината за поврзаноста и шемите на Христијан Мицкоски со Никола Груевски, антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ нема идеја ниту што да каже на прес-конференција, велат од СДСМ како реакција на тезите на Наум Стоилковски кој истакна дека Заев одржува контакти со руски тајкун.
Според владејачката партија, лажните вести и измислиците пласирани денеска покажуваат колку е голем очајот во раководството на ВМРО-ДПМНЕ.
„Сите овие лаги се демантирани. Впрочем и самата компанија (Секе ДООЕЛ) уште во текот на вчерашниот ден, категорично демантираше било какви поврзаности со споменатиот бизнисмен од Русија, како и со Владата. Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ треба да научи дека со измислици не може да се покрие фактот што антизападниот пион Мицкоски преку шемите со неговиот ментор Груевски добил 33 илјади метри квадратни државно земјиште за хидроцентрали“, се наведува во партиското соопштение.
Од СДСМ сметаат дека со лажни вести не може да се покрие вистината дека, како што велат, антинародниот Мицкоски го брани криминалот на неговиот шеф Никола Груевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
(Видео) Ружински: Рехабилитација на регионалниот пат Берово-Струмица за економски развој

Патот до Струмица е нашата главна врска со еден од најважните економски центри во регионот, вели Петар Ружински, кандидат за градоначалник на општина Берово.
„Со години тој пат е во лоша состојба, небезбеден и полн со дупки, што го отежнува патувањето и транспортот на стоки.
Во соработка со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како врвен приоритет ја поставуваме целосната рехабилитација на овој патен правец.
Тоа значи темелна обнова на подлогата, комплетно нов асфалт и нова модерна сигнализација“.
Според него, подобрата поврзаност значи побрз економски развој и поголема безбедност за сите.
„Заокружете го бројот 9 за проекти кои не поврзуваат“.
Соопштенија
Новотни: Општина Центар не смее да биде трофеј на градежните бизнис интереси

Носителот на листата на советници на „Коалицијата за зелена иднина“ во општина Центар и ко-претседател на зелената партија ДОМ, Антони Новотни, во видео-обраќање ја претстави својата визија за почесна, зелена и пристапна општина со јасни правила што важат за сите.
„Знам како изгледаат заморот и анксиозноста со кои многумина живеат во нашиот Центар — од нечист воздух и врева, до изгубени зелени површини,“ порача Новотни, нагласувајќи дека решението почнува од одговорно управување.
„Чистата општина започнува со чиста совест и правила што важат за сите“, вели Новотни.
Новотни подвлекува дека јавниот интерес мора да биде над поединечните привилегии и бизнис интереси.
„Во Центар, јавниот интерес мора да стои пред туѓите привилегии. Општината не смее да биде трофеј на градежните бизнис интереси,“ нагласува Новотни.
Како приоритети, тој ги наведе зелените и тивки јавни простори, пристапноста „од тротоари до институција“, како и транспарентна трага за секоја општинска одлука.
Говорејќи и од перспективата на лекар, Новотни ја поврза урбаната средина со јавното здравје.
„Како лекар, знам дека квалитетот на урбаното живеење влијае на здравјето. Затоа велам — зелено, чесно и заедно“, порачува Новотни, притоа истакувајќи дека ќе води локална политика што „го штити достоинството на секој човек и го враќа чувството на сигурност во секојдневниот живот.“
„Ни треба зелен, тивок и пристапен простор; ни требаат паркови пред паркинзи. Центар ќе биде општина за живеење, а не за преживување. Ако ова е и ваша мерка за политика, застанете со нас — со Коалицијата за зелена иднина“, порачува до жителите на општина Центар носителот на листата на советници на „Коалицијата за зелена иднина“, Новотни.
Соопштенија
Ливриниќ: За развојот и економијата на Бутел, ќе се изработи Детален урбанистички план за новата економска зона

Кандидатката за градоначалник на СДСМ, Оливера Ливриниќ, заедно со својот тим од листата на советници, ги посети речиси сите домови на граѓаните во населбата Живко Брајковски.
„Во Живко Брајковски мора да се прошири постојниот плоштад, но и да се создадат подобри услови за младите, како и да се реализираат неопходни инфраструктурни интервенции. Во населбата ќе се изгради Дом на културата – простор кој ќе им припаѓа на жителите, уметниците, младите и на сите што сакаат да создаваат, споделуваат и уживаат во културата. Плоштадот ќе се прошири и ќе стане вистинско место за култура, спорт и забава – за жив и динамичен Бутел. На левата страна од булевар „Христијан Тодоровски Карпош“, ќе се изгради нов парк со зеленило, урбана опрема и вештачка карпа за спортско качување – нова зелена оаза и простор за рекреација на сите генерации. Со изградба на атмосферска канализација на сите краци од улицата „Хо Ши Мин“, конечно ќе се стави крај на деценискиот проблем со поплавите во овој дел на општината. А за развојот и економијата на Бутел, ќе се изработи Детален урбанистички план за новата економска зона на десната страна од булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ – план што ќе отвори нови можности за инвестиции и вработување“, рече таа.