Соопштенија
СДСМ: Лицемерниот Мицкоски продолжува да прави национална штета

„СДСМ на чело со претседателот Зоран Заев, кој уште еднаш е одликуван од реномирана европска фондација како човек што влева надеж, реформатор и Европеец, за три години направи целосен пресврт во државата. Од изолирана и нестабилна држава, со заробени и партизирани институции, злоупотреба на моќта и народните пари од страна на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, создадовме сигурна иднина за граѓаните, ја вративме слободата и демократијата, го решивме повеќедецениското отворено прашање со Грција“, соопшти СДСМ.
Според партијата, денес, ние сме членка на НАТО, македонското знаме гордо се вее пред седиштето на алијансата, имаме обезбеден јазик и идентитет признаени од целиот свет.
„Кога ја пишувавме историјата, Мицкоски беше и остана на спротивната страна обидувајќи се да ја врати држава назад во темното минато. Што има Мицкоски направено за македонската држава, освен што ја покачи цената на струјата за 100 отсто? Освен што во Собранието и надвор од него неговата ВМРО-ДПМНЕ се обидуваше да ги закочи реформите важни за евро-атлантската иднина? Лицемерниот Мицкоски покажа дека нема зрелост, свесно и постојано ги поткопува интересите на граѓаните и државата, прави национална штета. Затоа Мицкоски е во опозиција и уште долго ќе остане таму“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Вистинскиот патриотизам се гледа во тоа кој што направил, а Филипче ги распродава државните интереси, велат од ЗНАМ

Кумовската тајфа денеска во Куманово го прошета нивниот шеф Венко Филипче – човекот со златна виза од Дубаи и најголемиот распродавач на државните интереси. Филипче, без око да му трепне, во стилот на народната „Крадецот вели – држете го крадецот“ искажа еден куп лаги и инсинуации на сметка на лидерот на Движењето ЗНАМ – за наша Македонија и актуелен градоначалник Максим Димитриевски, реагираат од Движењето ЗНАМ на изјавата на Венко Филипче во Куманово.
„Прво, лага е дека пазарот ќе се продава – зборови што ги искажа Филипче додека до него седеа луѓе од СДСМ кои партиски се вработени таму и кои се најодговорни за катастрофалната состојба во која се наоѓа градскиот пазар а денеска еден од нив е носител на нивната листа за советници, други веќе офајдени пензионери а трети среќно вдомени во претпријатието кое влече долгови од периодот кога СДСМ му го одстапи на кадри на ДУИ кападахиски да го управуваат и разграбуваат. Максим Дмитриевски – нема да го продаде пазарот – туку целосно ќе го реконструира и ќе го направи достоинствено место и за продававачите и за купувачите, по пат на јавно-приватно партнерство.
Второ, многу ни е драго што Филипче го спомена и Лидл – тоа е огромна странска директна инвестиција со големо влијание во економскиот живот и во Куманово и во Македонија. И, тука се гледа кој е вистински а кој е лажен патриот. Вистинскиот патриот – Максим Димитриевск носи странски инвестиции во Куманово, а лажниот патриот Венко Филипче заедно со неговиот ментор Зоран Заев ги носи украдените пари од времето кога го „дрмаше“ македоското здравство и инвестираат заедно во Дубаи. Впрочем и јавноста имаше можност да види како заедно се забавуваат во еден од најекслузивните светски центри“.
Движењето ЗНАМ – за наша Македонија и Максим Димитриевски, додаваат од таму, се автентична политичка сила која за неполни две години покажа дека прераснува во незаобиколен фактор на одлучување за сите важни државни прашања.
Ние, потенцираат од ЗНАМ, не ги распродаваме националните и државните интереси.
Ние не си играме со македонските „црвените линии“‘ во спорот со Бугарија како со гума за џвакање, ние не го уништуваме македонскиот национален идентитет. Ние сме се и правиме се спротивно од тоа. Тоа го докажавме во претходните години во Куманово и во владата, откако сме дел од неа. И, затоа ќе победиме и во Куманово и во Центар и насекаде каде имаме кандидати за совдетнички листи.
А, Венко Филипче нека не се надева на некаков си успех на локалните избори. СДСМ ќе доживее катастрофален пораз, по кој тој најверојанто ќе се подготви за итно бегство од државата за да не заврши в затвор“.
Соопштенија
Забазновска: Дали катноста на ОУ „Коле Неделковски“ одговара на урбанистичкиот план или законот е заобиколен

Дали катноста во ОУ „Коле Неделковски“ одговара на урбанистичкиот план или законот е заобиколен?
По информација добиена од родители, кои се сомневаат во градбата на доградените објекти во училиштето, градоначалникот Герасимовски ни должи одговори, вели Магдалена Забазновска, кандидат за советник во Советот на Град Скопје.
„Затоа, го прашуваме Горан Герасимовски, дали од 1 септември, нашите дечиња од Центар и ОУ “Коле Неделковски”, учат во дограден и надграден објект, за кој не е извршен технички прием и за кој нема правосилно решение за измена во тек на градба?
Дали е точна информацијата дека за да се заобиколи законот, извршена е промена на намената на простории од училници во технички простории?
Дали договорените и доградените делови во училиштето се диво изграден објект?“
Доколку овие информации се точни, рече таа, тогаш безбедноста на нашите деца е директно загрозена затоа посочи дека бараат одговорност од градоначалникот за овој објект.
„На Центар му се потребни промени, промени коишто треба да се случат веднаш“.
Соопштенија
Ние не водиме црна кампања, туку ја кажуваме црната вистина, која е резултат на политиките на Мицкоски, вели Филипче

Претседателот на СДСМ Венко Филипче кој беше на работна посета на пазарот во Куманово на новинарско прашање дека партијата водела црна кампања за локалните избори, одговори дека СДСМ не е таа која води црна кампања, туку обвинувањата стигнуваат лично од премиерот кој постојано зборува за Дубаи, станови авиони итн.
„Не знам каде ја гледа и во што ја гледа премиерот црната кампања , а еве он посегнува го слушам вчера повторно тие нивни напади и констукции измислени приказни. Ок, јасно е човекот нема што да каже, нема ниту едно исполнето ветување. Нема ниту еден проект со којшто може да се пофали и посегнува по тоа. Ние не водиме црна кампања ние ја кажуваме црната вистина во државата којашто дојде како резултат на неговите политики. Ете тоа ние го правиме во овој момент“, рече Филипче.
Тој денеска го посети пазарот во Куманово каде на граѓаните им порача дека пазарот нема да се продаде затоа што во програмата на кандидатот Мартин Костовски има детален и целосен план како овој пазар ќе се реконструира и во кој е предвиден подземен паркинг.