Соопштенија
СДСМ: Мицкоски да размислува за оставка по поразот на изборите

Уште едно алиби обраќање на антизападниот Христијан Мицкоски од Конвенцијата на која лично тој си го бира својот фаворит, својот кандидат кој со него треба да застане против НАТО и ЕУ.
Мрачното обраќање на Мицкоски многу добро го отсликува него и состојбата во којашто се наоѓа: „чудовишта“, „џелати“, „кризи“, „исклучувања“, „жолти картони“, „на колена“…, се вели во реакцијата на СДСМ.
Според партијата, нема поголемо разочарување за земјава од однесувањето на Христијан Мицкоски и делувањето против НАТО и ЕУ.
,,Од една страна се граѓаните, СДСМ, мнозинството, кои Република Северна Македонија ја носат напред кон светла иднина во НАТО и ЕУ.Од друга страна е осамениот Мицкоски обземен со мракови и деструкции, со мрачното време на режимот на неговиот Никола Груевски. СДСМ е за економија, за прогрес, за реформи, за безбедност. Затоа сме ЗА НАТО, затоа сме за ЕУ. Штета што на Мицкоски и ова ракаоводство на ВМРО-ДПМНЕ тоа им пречи.
Мицкоски нека не бара алиби, туку да се подготви за убедлив изборен пораз на слободни, фер и демокартски претседателски избори.Граѓаните ги отфрлија неговите деструкции, неговите црнила, не сакаат да се вратат назад во мрачно време на неизвесност, криминал и изолација.
Граѓаните нема да дозволат ниту нов Иванов ниту нов Груевски, тоа време заврши, Северна Македонија оди напред.Граѓаните, Северна Македонија, одбраа иднина во ЕУ и НАТО. Мицкоски може да размислува за оставка од неговата партија, по извесниот пораз на претстојните претседателски избори”, се додава во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Герасимовски: Масовно да излеземе во недела и да гласаме за Центар што го сакаме

„Во изминатите четири години направивме многу за Центар, за животот на сите генерации. Имаме уште многу работа, програма и план, стручни луѓе и знаење, желба и енергија. Заедно победуваме. Со нас, твојот глас вреди и значи најмногу. Ве повикувам масовно да излеземе и да гласаме за Центар што го сакаме“, вели кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите од СДСМ Горан Герасимовски.
Герасимовски, потенцира дека новата програма за работа за втор мандат е јасна, прецизна, остварлива и која Центар ќе го направи вистинско и посакувано место, најдобро за сите.
„Мојата визија опфаќа силен фокус на образованието, културата, спортот и социјалната заштита, како и континуирана грижа за младите, семејствата, пензионерите и лицата во социјален ризик. Солидарноста, еднаквоста и инклузивноста се темелот врз кој Центар функционира како вистински сервис на граѓаните и создава услови за достоинствен и сигурен живот. Продолжуваме да работиме во оваа насока за уште позелен, похуман и поразвиен Центар“, порачува Герасимовски.
Соопштенија
Марковски: Магацините на „Славија“ може да прераснат во простории за културната сцена, а не во бетонски чудовишта

Магацините на „Славија“ во општина Кисела Вода можат да прераснат во уреден јавен и мултифункционален простор за алтернативната културна сцена, креативна индустрија и други функции наменети за младите и сите граѓани истакна Горан Марковски, независен кандидат за градоначалник на Скопје поддржан од граѓанската платформа „Независни заедно“.
„Да ги сочуваме и искористиме овие простори, како градителско наследство кое може да добие поинаква функција, а не да прераснат во колосални станбени објекти кои дополнително го загушуваат овој град“, истакна Марковски.
Тој кажа дека факт е дека на Скопје му недостасуваат простори за социјализација и дружба на младите, како и места за организирање на различни настани.
На денешната прес конференција се обрати и Јана Белчева Андреевска, носителка на листата за советници во град Скопје на „Независни заедно“:
„Наместо само да се руши и одново да се гради, добро е да ги следиме и принципите на циркуларната економија и примерите на европските метрополи, да реставриваме објекти од ваков тип, да им дадеме живот и да добијат нова вредност во новото време кое го живееме“, истакна Белчева Андреевска.
Соопштенија
ЗНАМ ја промовира програмата за млади

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска во Куманово ја презентираше програмата, поточно делот посветен на младата популација во општината и приоритетите што ќе ги реализираат во наредниот мандат.
„Студентите и младите се иднината на Куманово. Тие носат нова енергија, идеи и визија за подобро утре. Општината е нивен пријател, сојузник и партнер на патот кон знаењето и успехот. Тоа ќе го прави со поддршка во образованието, со можности за практично искуство, за културен и спортски развој, како и охрабрување на нивното претприемништво и иновации.
Со вложување во младите, вложуваме во поразвиена локална економија, модерно и европско Куманово, каде што младите ќе имаат причина да бидат овде и да градат своја иднина“, изјави Тамара Тренчевска кандидат за советник на Општина Куманово од редовите на Движењето ЗНАМ.
Таа ги наброја плановите:
Подобрување на условите и проширување на капацитетите во сите постојни општински образовни објекти.
· Гасификација и енергетска ефикасност во училиштата за подобри услови и пониски трошоци.
· Спортски игралишта и уредени дворови во секое училиште, со можност за „училници на отворено“.
· Технолошки и интеркултурен центар во целосно реконструиран „Дом на пионери – 29 Ноември“, како простор за културна размена и развој на вештини, со отворена мултимедијална сала за филмови, презентации, јавни настани, семинари, дебати, обуки, како и посебен дел наменет за центар за целодневен престој за деца.
· Младински центар во објектот на НУЦК „Трајко Прокопиев“.
· Обуки и усовршувања за наставниците и стручните служби.
· Нови спортско-рекреативни комплекси, паркови, велосипедски и трим-патеки, street-workout зони за здрав животен стил.
· Изградба на адреналински парк во состав на нов парк во с. Проевце.
· Претприемаштво за младите преку стартап-инкубатори и специјализирани обуки.
· Програма за финансиска поддршка на проекти и активности на студентите.
· Бесплатен интернет-пристап на повеќе јавни локации.
· Младински НВО-саем за вмрежување и промоција на младинските организации.
· Поддршка за талентирани ученици преку стипендии, промоција на иновации и поттик за млади уметници.
· Стипендии и награди за спортистите како поттик за нови достигнувања.
· Стипендии за првенците на генерација.
· Субвенционирање за набавка на велосипеди и електрични тротинети.
· Open Space / chill зона и скејт-парк: простор за дружење и неформални активности.
· Поддршка за развој на street art активности на млади уметници
· Организирање наградни натпревари меѓу општинските училишта со цел поттикнување на натпреварувачкиот и на тимскиот дух, дружење и мотивација за најдобрите тимови.
· Културна програма збогатена со фестивали, натпревари, секции и промоција на филмски и креативни проекти на млади ентузијасти.
· Повеќе креативни работилници: уметнички, музички и културни проекти.
· Поддршка на концерти и соло настапи на талентирани млади ученици на градските плоштади.
Движењето ЗНАМ, нагласи Тренчевска, има зацртано мноштво проекти, со кои ќе докажеме дека сакаме да бидеме и да останеме вистински партнер на младите и студентите.
„Ние не сакаме младите да заминуваат – сакаме да останат, да создаваат, и да сонуваат дека може да го променат светот токму овде. Затоа и ја градиме општината како отворено место за Вашите визии. Ние сме Општина која верува во младите – затоа што тие се нашата најголема сила! “, потенцираше Тренчевска.