Соопштенија
СДСМ: Мицкоски денеска има шанса да покаже дека се залага за ЕУ и НАТО

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски веќе денеска имаат шанса да покажат дека навистина се за ЕУ и НАТО, дека се за европска Македонија, велат од владејачката СДСМ.
Оттаму истакнуваат дека Мицкоски треба да го искористи денешниот настан во Кичево и да ги повика членовите и симпатизерите да излезат на референдумот на 30 септември, да се приклучат и заедно да донесат одлука за членство на Македонија во ЕУ и НАТО.
„Македонската иднина е над партиите. Интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО, е многу поголема од политичките партии. Прашањето за трајно зачувување и признавање на македонскиот идентитет е далеку поважно од меѓупартиските односи“, се наведува во партиското соопштение.
Од СДСМ велат и дека секогаш има време за дневна политика, но според нив, сега е време за обезбедување на иднината.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за денеска со почеток од 13.00 часот најавија протестен марш во Кичево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Османи: „Златна картичка“ за поевтин живот, поевтини лекови и поголема почит кон повозрасните

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, ја претстави програмата „Со срце за возрасните“, фокусирана на зголемување на квалитетот на животот на пензионерите преку директна финансиска помош и системска грижа. Програмата предвидува три клучни мерки за подобрување на економската сигурност на постарите лица, и тоа месечна парична поддршка, субвенции за престој во домови за стари лица и картичка за попусти во аптеки и маркети.
„Најпрво, ќе ги поддржиме финансиски постарите лица. Предвидуваме помош за сите пензионери со ниски приходи, за оние кои најмногу ја чувствуваат тежината на месецот. Во првите две години од мандатот ќе започнеме со 2.500 денари за пензионерите со минимални приходи, со тенденција оваа поддршка да достигне до 5.000 денари“, изјави Османи.
Втората мерка предвидува поддршка за достоинствена грижа на повозрасните лица кои немаат семејна поддршка или живеат во потешки материјални услови, вклучително и можност за субвенционирано сместување во домови за стари лица, доколку тоа е нивна потреба или избор.
„Ќе обезбедиме субвенции за престој во дом за стари лица за оние со најниски приходи. Ниту еден пензионер не смее да остане без поддршка, ниту без место каде што ќе се чувствува безбедно и згрижено“, нагласи Османи.
Третата мерка од програмата се однесува на картичката „Златни години“, која ќе обезбеди попусти во аптеки и при купување на секојдневни производи, преку партнерства со локални бизниси и синџири на маркети.
„Со оваа картичка ќе им го намалиме товарот на најважните трошоци, здравствените и основните. Таа ќе биде симбол на почит и грижа од општината кон секој пензионер“, рече Османи.
Во своето обраќање, Османи потенцираше дека во Чаир живеат над 7.400 пензионери, што е повеќе од 15% од возрасното население.
Тој порача дека оваа програма е резултат на неговата долгогодишна работа со повозрасни лица и дека нејзината цел е да обезбеди достоинствена старост и економска сигурност за секој пензионер во Чаир.
Соопштенија
(Видео) Костовски: За 4 години реконструиравме 102 улици во Бутел вредни 320 милиони денари

Во период од 4 години во општина Бутел успеавме да реконструираме 102 улици со вкупна вредност од триста дваесет милиони денари, вели Дарко Костовски, кандидатот за градоначалник на Општина Бутел од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
„Некои од нив чекаа за реконструкции и по неколку децении.
Реконструиравме голем број клучни сообраќајници Киро Димушков, Хо Ши Мин, Симче Настевски, Натанаил Кучевишки, Скоевска, Бутелска, Радишанска, улица Бетовенова, главната улица на Љуботенски пат.
Вашите потреби се мој врвен приоритет“.
Реконструиравме улици, додава тој, во секое населено место. „Ќе продолжиме уште посилно“.
Соопштенија
Стефковски: Проектот „Гази Баба без кал“ продолжува, ќе асфалтираме над 100 нови локални улици

Актуелниот градоначалник на Гази Баба и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Стефковски преку социјалните мрежи најави реконструкција на големите локални улици, за подобар сообраќај, побезбедни улици, за поквалитетен живот на граѓаните.
„Во насока на унапредување на инфраструктурата и секојдневието во нашите населби, започнуваме со комплетна реконструкција на големите локални улици!“, рече Стефковски.