Контакт

Соопштенија

СДСМ: Мицкоски е симбол на судир на интереси, а дворецот на ВМРО-ДПМНЕ симбол на корупција

Објавено пред

Христијан Мицкоски е симбол на непотизам и судир на интереси, реагираат од СДСМ на обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека власта штити и произведува криминал.

dobivaj vesti na viber

„Човек кој бил асистент кај неговиот татко, човек кој добил бизниси од Владата на Груевски кога бил советник, човек чијашто пратеничка група се противеше на носење на Законот за спречување корупција и судир на интереси. Мицкоски нема минимум кредибилитет да зборува за борба против корупција“, велат од СДСМ.

Не постои поголемо лицемерие, велат од партијата, од тоа Христијан Мицкоски да зборува за корупција во однапред снимени видеа во скапоцениот дворец којшто е симбол на корупција и расипништво, изграден во време во најголема сиромаштија.

„Корупцијата во Македонија се распространи единствено поради 11-годишното криминално и коруптивно владеење на ВМРО-ДПМНЕ, а доказ за тоа е се и бројните судски процеси што се водат против високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ и членови на претходното раководство. За разлика од таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ почна сериозни реформи за вистинска, независна и неселективна борба против корупцијата. Факт е дека Македонија за една година, од 2017 до 2018, има скок од 14 места и подобрување од два поена, што е показател дека државата се движи кон одговорно, отчетно и транспарентно владеење со целосно почитување на прописите и законите. Потребата од суштинска борба против корупцијата е врвен приоритет за СДСМ и Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи. Во таа насока е донесениот Закон за спречување на корупцијата и судир на интереси, со којшто Македонија конечно добива силна и независна институција за борба против корупцијата“, се вели во реакцијата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија

Ден на автомобилска извонредност: „Порше центар Скопје“ домаќин на 911-заедницата

Објавено пред

Од

Изминатиот викенд „Порше центар Скопје“ гордо беше домаќин на извонреден настан за заедницата на сопственици на иконскиот „911“ собирајќи импресивна колекција од 42 модела во многу варијанти и разни генерации, како ултраексклузивните 911 GT3 RS, 911 GT3 и Turbo S помеѓу другите. Ова собирање ги прослави богатото наследство и трајната страст за иконската серија на „911“.

dobivaj vesti na viber

Настанот привлече многу ентузијасти на Porsche, вклучувајќи ценети клиенти, пријатели на брендот и почитуваните членови на „Порше клуб Македонија“. Присутните имаа единствена можност да бидат сведоци на еволуцијата на „911“, од класичните модели со воздушно ладење до најновите иновации, сите прикажани во живописна изложба на автомобилска извонредност.

ж

„’911′ е повеќе од само автомобил; тоа е симбол на инженерска моќ и безвременски дизајн“, изјави г. Златко Муцунски, генерален менаџер на П’орше Македонија’ во ‘Порше центар Скопје’. Успешната организација на овој настан ни овозможи да го почитуваме наследството на ‘911’ и да се поврземе со страсната заедница што го опкружува“.

„Порше куб Македонија“ одигра клучна улога во успехот на настанот, одразувајќи ја посветеноста на клубот за поттикнување силна заедница на љубители на „порше“. Нивното учество го нагласи длабоко вкоренетиот ентузијазам за брендот во регионот.

Овој настан не само што го прослави богатото минато на 911, туку ја истакна и посветеноста на „Порше центар Скопје“ за ангажирање и поддршка на локалната заедница на Porsche. Преку вакви иницијативи, центарот продолжува да ја зајакнува врската помеѓу брендот и неговите ентузијасти.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Компании

Самир Мане беше единствениот претставник од регионот на „FII PRIORITY Europe Summit“

Објавено пред

Албанската престолнина беше домаќин на еден од најпрестижните меѓународни форуми во светот — „FII PRIORITY Europe Summit“, кој за првпат се одржа во Тирана на 16–17 мај 2025 година.

dobivaj vesti na viber

Овој самит ги обединува светските лидери од владите, бизнис-секторот, науката, технологијата и филантропијата, со цел да се дискутираат глобалните приоритети што ја обликуваат иднината во клучен момент за човештвото. Главната тема на ова европско издание на „FII PRIORITY“ беше: „Приоритизирање за поодржлива, поправедна и попросперитетна иднина“.

Самир Мане, претседателот на „BALFIN Group“, беше единствениот официјален претставник од Албанија поканет да учествува на дискусионите панели заедно со некои од највлијателните личности од светот. Тој учествуваше на главниот панел со наслов „Board of Changemakers“: Може ли капиталот да го поврзе расцепканиот свет?, каде што ја делеше сцената со меѓународни лидери од политиката и финансиите.

За време на самитот, г. Мане одржа средби и размени мислења со високи личности како Матео Ренци, поранешен премиер на Италија, Бернард Менсах, претседател на „Bank of America International“, Анри Пупар-Лафарж, извршен директор на Alstom, меѓу другите.

еговото учество на самитот како глас на регионалниот бизнис го истакнува и неговото лично лидерство, и сè поголемата улога на Западен Балкан во обликувањето на идниот развој на Европа и пошироко.

„FII PRIORITY Europe Summit“ е дел од серија глобални форуми кои промовираат меѓусекторски дијалог и поттикнуваат конкретна акција за справување со најгорливите предизвици на денешницата, вклучително и климатските промени, одржливиот развој и технолошката трансформација.

Комерцијален текст

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Нова РЕсет-работилница на „Реплек“: практични совети за добросостојба од д-р Митов

Објавено пред

Во организација на Реплек се одржа уште една РЕсет работилница на која практични совети за општа добросостојба сподели познатиот д-р Александар Митов. Работилницата беше посветена на справувањето со предизвиците на модерното време, динамичното секојдневие кое е неопходно да се балансира со грижата за менталното и физичкото здравје. Работилницата е дел од РЕсет платформата за добросостојба на Реплек која промовира ведар дух, здраво тело и ментална сила.

dobivaj vesti na viber

Во сесијата, д-р Митов се фокусираше на предизвиците што ги носи модерниот начин на живот – брзото темпо, недостатокот на време, неквалитетната исхрана, физичката неактивност и стресот. Со едноставен, но аргументиран пристап, тој зборуваше за тоа како да се направат мали, одржливи промени во секојдневието без нагли диети или нереални цели. Работилницата понуди практични совети и конкретни насоки за тоа каде најчесто „попуштаме“, како да ги препознаеме замките на секојдневието и што можеме да преземеме за да создадеме сопствен „РЕсет“ – чекор по чекор, прилагодено на реалниот живот.

Платформата РЕсет креира простор за секој граѓанин кој сака да внесе позитивни промени во својот живот и да го унапреди сопственото здравје и добросостојба. Преку низа отворени активности, Реплек поттикнува нови навики и однесувања што придонесуваат за личен и колективен напредок.

Досега, како дел од РЕсет платформата, се реализираа онлајн работилници со алпинистиката и уметница Илина Арсова и Борче Стаменов од иницијативата „Донирај компјутер“, како и три настани за физичка активност со Елена Бубало. Овие активности продолжуваат и понатаму.

Во годината кога Реплек го одбележува својот 80-годишен јубилеј, платформата РЕсет претставува уште еден доказ за долгорочната заложба на компанијата да придонесува за добросостојбата на поединецот и заедницата, во согласност со нејзините вредности и мисија.

ПР

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

(Видео) Филипче: Историско задолжување од 6 милијарди евра, а Владата крие детали

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини дека постои недостаток на транспарентност и информации поврзани со содржината на...

Македонија2 часа

Мицкоски: Стратешкото партнерство носи бенефит за граѓаните, модернизација на железницата од Коридорот 10 и проекти во здравството

Денес при посетата на тренинг центарот во Идризово, каде што беше промовиран новиот пристап за третман на лица прекршители на...

Македонија2 часа

Има осомничени за пожарот во куќата на Пандов: Ќе бидат фатени и сторителите и нарачателите, нарачателите се многу важни

Полицијата три недели трага по лицата што ја запалија куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, во...

Топ3 часа

Турски државјанин почина во автобус кој превезувал група туристи кон туристичкиот комплекс „Св. Наум“

Вчера во 11.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во автобус кој превезувал група туристи од Република Турција кон...

Македонија4 часа

Обвинение за загрозување на сигурноста на судија во Гостивар: обвинетиот влегол во дворот на куќата на судијата и му се заканувал

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари за кривично дело – Загрозување на сигурноста...

Македонија6 часа

„Влен“: Оставката на пратеникот Салим Сулејмани го остава Таравари сам во скутот на Ахмети

„Постапките на Арбен Таравари не ги осудува само субјектот ВЛЕН, како негов поранешен коалициски партнер, туку и неговите најблиски луѓе....

Свет6 часа

Трамп: Меланија и јас сме тажни поради веста за дијагнозата на Бајден

Трамп продолжи да го критикува Бајден дури и по неговото повлекување од претседателската кандидатура во 2024 година, повторувајќи ги обвинувањата...

Европа6 часа

Романците го слават новиот претседател: „Русијо, не заборавај, Романија не е твоја“

Центристичкиот градоначалник на Букурешт во Романија, Никусор Дан, вчера на претседателските избори го победи својот ултрадесничарски, националистички ривал, кој сакаше...

Свет7 часа

Бајден има неизлечив рак на простатата: син му почина од тумор на мозокот на 46-годишна возраст

На поранешниот американски претседател Џо Бајден му е дијагностицирана агресивна форма на рак на простата која се проширила на неговите...

Европа7 часа

Британската влада: Преговорите со ЕУ влегуваат во завршна фаза

Разговорите за договор меѓу Велика Британија и ЕУ продолжија во текот на ноќта, додека премиерот Кир Стармер се подготвува да...

Свет18 часа

Киев: Русија вечерва ќе тестира моќна ракета, нејзиниот дострел е повеќе од 10.000 км

Русија има намера да изврши тест лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета RS-24 од комплексот „Јарс“ во ноќта меѓу 18 и...

Македонија19 часа

СДСМ: Владата на Мицкоски направи хаос и задолжи три генерации

Опозициската СДСМ денеска со реакција на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека неговото признание за слабостите на Владата доаѓа...

Свет20 часа

(Видео) Зеленски и Венс се сретнаа за првпат по жестоката кавга во Белата куќа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со американскиот потпретседател Џ.Д. Венс во Ватикан за првпат по нивната расправија во Белата...

Свет22 часа

Путин: Ќе ставиме крај на војната под наши услови

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека крајната цел на специјалната воена операција во Украина е воспоставување на долгорочен и одржлив...

Македонија22 часа

Мицкоски најави чистка по конгресот: Ќе останат само оние што работат за граѓаните

По одржувањето на редовниот партиски конгрес на крајот на годинава, или најдоцна на почетокот на 2026 година, ќе следува голема...

Свет24 часа

Папата Лав XIV: Ќе работам на единството, Црквата да биде симбол на мирот во светот

На инаугуративната миса одржана денеска на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, новоизбраниот папа Лав XIV вети дека ќе се залага...

Македонија1 ден

Пратеникот Сулејмани поднесе оставка: Не сакам да бидам дел од компромис со луѓе на црни листи

Пратеникот Салим Сулејмани денеска ја информираше јавноста дека поднесува оставка од сите партиски функции во рамки на Алијансата за Албанците,...

Свет1 ден

(Видео) Осум часа агонија во Киев, Русите лансираа дури 273 дронови, има и жртви

Во продолжениот ноќен напад со руски беспилотни летала загина жена во регионот на главниот град Киев и беа повредени најмалку...

Македонија1 ден

Два земјотреси утринава ги разбудија граѓаните на Охрид и на Струга, епицентарот во Пештани

Два земјотреси со епицентар во подрачјето Пештани–Охрид–Струга беа регистрирани рано утринава од страна на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во...

Македонија1 ден

МЕПСО: Прекинот на струја е поради европски проблем со висок напон, системот е стабилизиран

Во раните утрински часови денеска, делови од земјава се соочија со краткотраен прекин во напојувањето со електрична енергија, откако дојде...