Соопштенија
СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го покажуваат своето антидржавно лице, кога веќе не помагаат, нека не одмагаат

„Постапката на соседна Бугарија наиде на осуда и несогласување од целата Европска Унија, од демократскиот свет. Само антиевропската ДПМНЕ предводена од губитникот Мицкоски се радува и слави, го покажуваат своето антидржавно и антиевропско лице. Токму така се однесуваа и кога се носеа реформите важни за иднината на државата. Така се однесуваа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кога се обидоа да го кочат влезот во НАТО“, соопшти СДСМ.
Според партијата, Христијан Мицкоски и антиевропската ДПМНЕ не направија ниту едно добро за европските интеграции во изминатите години. Сите нивни позиции и дејства беа контра НАТО и контра ЕУ.
„Ниту една блокада ниту едно деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да ја спречат европската иднина на Северна Македонија и нејзините граѓани. На им успеаја блокадите да се вратат демократијата и слободата во нашата држава. Не им успеаја очајните обиди да го загрозат пристапувањето во НАТО. Не им успеа да ја спречат правдата.
Нема да им успеат ниту овие обиди, да ја оддалечат државата од интеграција во ЕУ, да посеат раздор кај македонскиот народ и поделби меѓу граѓаните. Ние сме за ЕУ, нашиот пат е европски, ќе продолжиме со силни напори да бараме решeнија, нема алтернатива за нашата европска иднина. Реформите мора да продолжат, како и нашата борба. И понатаму ќе продолжиме да водиме грижа за националните интереси, но и со напорите за отворање на пристапните преговори во 2020 година. Правото на самоопределување е светост. Македонскиот национален идентитет едноставно е невозможно да биде предмет на преговори. Ова е момент кога одредени национални прашања ги надминуваат границите на партиски пресметки. Ако веќе не сакаат и не може да помогнат, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нека не одмагаат“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Стојкоски: Нов пензионерски дом во Ѓорче Петров со капацитет до 80 станари

Нов пензионерски дом во Ѓорче Петров со капацитет до 80 станари, најави кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Стојкоски.
„Континуирано даваме поддршка на сите активности на нашите пензионери во Ѓорче Петров, а и тие не го забораваат нашиот ангажман и се постојано активни и се присутни на терен. Затоа, сакам да направам еден голем гест за идните генерации на пензионери, за луѓето коишто староста ја поминуваат овде во Ѓорче Петров. Ѓорче Петров ќе го добие првиот пензионерски дом кој ќе биде на локација на поранешното „Борово“. Овој пензионерски дом ќе биде со површина од 1.800 метри квадратни и ќе може да прими од 60 до 80 станари. Покрај становите за новите жители во овој дом, овој дом ќе располага и со заеднички простор од приближно 200 метри квадратни каде што луѓето ќе можат во староста да се дружат, да се забавуваат и да ги исполнуваат нивните секојдневни социјални услуги“, рече Стојкоски.
Соопштенија
Стефковски: Градиме ново училиште во Ченто и нова спортска сала во Црешево

Градиме ново училиште во Ченто и нова спортска сала во Црешево, изјави кандидатот за градоначалник на Општина Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Стефковски.
„Образованието е темелот на силна и успешна иднина, затоа градиме ново училиште во Ченто и нова спортска сала во Црешево. Нашите деца веќе добија современи спортски сали во Стајковци и Булачани, простории каде растат здрави и успешни генерации. Но тука не застануваме, во следните четири години ќе изградиме нови спортски сали во Железара, Ченто и Страчинци. Инвестираме во младите, инвестираме во иднината на нашата општина. Не ветуваме туку, градиме и реализираме“, вели тој.
Соопштенија
Герасимовски: Не потрошив ниту денар за непродуктивни трошоци

Кандидатот за градоначалник и актуелен градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, вчеравечер беше со жителите од населбата Крњево кадешто разговараше за идните проекти што треба да се реализираат по победата на локалните избори.
Герасимовски, потенцираше дека е намален огромниот долг на општината којшто тој го наследил кога стапил на должноста и и најави дека веќе следната година, општината нема да има никаков долг.
„Не потрошив ниту еден денар од граѓаните на Центар, потенцирам, ниту еден денар, за патувања и оние непопуларни кафеани. Мислам дека сум единствен градоначалник во државата, кој не потроши ниту еден денар за непродуктивни намени, и сите пари, повеќе од 2 милиони денари ги пренаменивме за потребите на социјално ранливите граѓани“, рече Герасимовски.
Тој информираше дека за четири години инвестирани се над 13 милиони евра во Центар.