Македонија
СДСМ: Мицкоски нека се подготвува за пораз на претседателските избори
„Неспособниот Христијан Мицкоски повторно не кажа ништо што добро за државата и граѓаните. Никаков план, никаква визија, никаква програма не понуди Мицкоски. Едни исти фрази, празни флоскули на Мицкоски без суштина, полни со деструкција. Останува фактот дека Мицкоски одбегна да одговори за неговата улога за бегството на неговиот ментор, Никола Груевски, и посетите на Белград и Будимпешта“, се вели во реакцијата на СДСМ.
Според партијата, Мицкоски веќе е профилиран како анти-НАТО и анти-ЕУ.
,,Очигледна е неговата намера Македонија да не успее во остварување на врвните државни и национални интереси, а тоа е влез во ЕУ и НАТО. Јавноста го гледа сето тоа и прави јасна разлика помеѓу деструктивното антинародно дејствување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и одговорниот пристап на Владата предводена од СДСМ во обезбедувањето на иднината на државата во ЕУ и НАТО.
Од една страна, СДСМ води одговорна политика, која обезбедува подобар живот за сите и членство во ЕУ и НАТО преку прифаќање на договорот од Преспа, а од друга, се неспособниот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, кои нудат деструкција, блокада на иднината и враќање во темното минато на криминал, изолација и неизвесност. Нема да се оствари желбата на Мицкоски, Македонија да не успее. Граѓаните ги поразија деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ и избраа иднина во ЕУ и НАТО. Нема враќање назад во темното минато. Поддршката во Собранието за процесите што обезбедуваат членство во НАТО и ЕУ може само да расте. Бидејќи самиот Мицкоски вели дека не сака да мисли, ќе му помогнеме, нека се спреми за пораз на претседателските избори“, се додава во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Слаб снег провејува на планинскиот премин Стража кој во мометот не се здржува на коловозот. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на Плетвар и Пресека, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Бутел, Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од ул. бр. 2 во с. Љубанци. (Општина Бутел)
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од ул. бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од улиците со бр. 1 и бр. 9 во с. Долно Лисиче. (Општина Аеродром)
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локални врнежи од дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места претежно во западните и северните делови од снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а наместа во западните делови повремено засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник ќе има заладување со нови пообилни врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег. На планините ќе се зголеми висината на снежната покривка, а нова се очекува да се формира и во некои од повисоките места. Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а во петок повторно ќе има врнежи од дожд и снег.

