Македонија
СДСМ: Мицкоски требаше да го осуди наместо да го брани криминалот на Груевски
На темната страна на историјата е криминалното владеење на режимот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е истиот оној Груевски кому советник му беше токму Христијан Мицкоски.
Нервозниот Мицкоски денеска повторно покажа дека нема што да понуди пред граѓаните, нема план, нема визија, ниту програма за добро на граѓаните, туку нуди единствено деструкција, поделби и изолација, соопшти СДСМ.
Според партијата, Мицкоски можеше да покаже дека е за иднината на државата наместо да ја блокира, бојкотира и наместо да го брани криминалот на Никола Груевски и неговите соработници, да го осуди и да повика на одговорност.
„Мицкоски требаше да покаже како се сака татковината, со тоа што ќе ги поддржеше процесите за членство на Македонија во НАТО и ЕУ, со зачуван и зајакнат идентитет. Но, Мицкоски избра да ги блокира таковината и нејзиниот напредок, нејзината иднина.
Наместо да застане на страната на државните интереси, на страната на интересот на граѓаните, Мицкоски е на страната на одбрана на неговиот ментор Никола Груевски. Македонија чекори напред, економијата расте, повеќе пари има за граѓаните, растат платите, земјава е рамноправен партнер на демократскиот свет, на чекор до полноправно членство на НАТО и ЕУ.
Христијан Мицкоски и антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се во последна форма за одбрана на криминалот на Никола Груевски и неговите соработници.Тоа е огромна разлика“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

