Соопштенија
СДСМ: Над 19.000 здравствени работници ќе земаат повисока плата од наредниот месец

Сега не е време за измислување непостоечки теми, туку за одговорност. ВМРО-ДПМНЕ треба да се помири со тоа што растат платите и се гради современ европски здравствен систем. Македонија конечно тргна напред и тоа е воочливо во многу сфери, вклучително и во здравството, се вели во реакцијата на СДСМ.
Според партијата, над 19.000 здравствени работници ќе земаат повисока плата веќе од следниот месец, а се воведе и зголемување на надоместокот за прекувремена работа, дежурства и ноќен труд.
,,Преземени се значителни чекори во обезбедувањето на квалитетни и достојни услови за работа на лекарите со зголемувањето од 5 отсто на платите на здравствените работници. Набавката за која денеска ВМРО-ДПМНЕ лажно обвинува е интервентна набавка поради итност, со цел пациентите да не останат без лекови. Станува збор за набавка којашто е вообичаена, нормална и законски спроведена.ВМРО-ДПМНЕ знае дека ваквите јавни набавки ги спроведува секоја клиника посебно, а не Министерството за здравство.Не е сега време за измислување непостоечки теми за партиски препукувања. Сега е време за државничко, одговорно однесување и обединување околу македонската иднина, околу интересите на граѓаните”, е ставот на СДСМ.
Според партијата, време е раководството во ВМРО-ДПМНЕ матрицата на лажни вести и измислици да ја замени со одговорно и државничко однесување. Време е ВМРО-ДПМНЕ да ги повика своите членови да излезат на референдумот ЗА европска Македонија и да изберат иднина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
(Видео) Шукова од Аеродром: Конкретен план за опасниот извор на загадување – Вардариште

Во присуство на претседателот на СДСМ, Венко Филипче и кандидатот за градоначалник на Аеродром, Александар Трајановски, кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, вчера говореше на митинг во општина Аеродром.
Таа посочи дека ова не е уште една политичка вечер, туку обид да се врати смислата на локалната политика, која треба да биде во служба на граѓаните.
Шукова особено се задржа на темата што со години е болка за жителите на Аеродром – депонијата Вардариште. Таа понуди конкретен план за решавање на проблемот со овој опасен извор на загадување, со силен надзор и системско управување со отпадот. Посочи дека ова не е предизборна флоскула, туку животна потреба, затоа што никој повеќе нема право да си игра со здравјето на граѓаните.
Таа говореше и за Скопје како град на потенцијал, а не само на проблеми. Град што може повторно да стане простор на можности, создавање и заедништво. Град што ги инспирира младите да останат, а не да се иселуваат.
Во своето обраќање, Шукова говореше и за довербата кон нејзиниот колега и кандидат за градоначалник на Аеродром, Александар Трајановски, за кого рече дека е човек што знае што значи отчетност и знае како да ја претвори локалната власт во вистинска служба на граѓаните. Таа ги повика граѓаните да го изберат патот на работа, искреност и реална промена.
„Скопје заслужува повеќе. Аеродром заслужува повеќе. Вие заслужувате повеќе“ – заврши Шукова.
Соопштенија
(Видео) Филипче: Јавното здравство е во колапс, приватните болници му диктираат на министерот

„Нема лекови, се одложуваат операции, нема доктори, се затвораат клиники во интерес на приватните болници, кои му диктираат на министерот за здравство како да работи. Докторите од приватните болници му се советници. Може да замислите каква катастрофа од систем – едноставно, тотална блокада на државата,“ рече претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, во општина Аеродром.
Тој нагласи дека ова е доказ за неспособноста на власта, која е ненародна влада и нема ништо добро направено во ниту една сфера.
„И тоа е само доказ за една незаинтересираност и неспособност на оваа власт која нема намера да имплементира ниту една политика во интерес на граѓаните или на државата”, истакна д-р Филипче, додавајќи дека нема ниту еден проект за кој оваа власт може да се пофали.
Соопштенија
(Видео) Филипче од Аеродром: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во економски колапс

Со катастрофални економски политики, Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во целосен економски колапс, истакна Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, што се одржа во скопската општина Аеродром.
„Економските политики се катастрофални, просечната плата три месеци се намалува, за повеќе од половина се намалени странските инвестиции, паѓа индустриското производство, се намалува бројот на вработени“, рече Филипче.
Тој предупреди дека сериозно е влошена состојбата со ликвидноста на илјадници компании кои се доведени во криза и доцнат со исплата на плати.
„Околу 12.000 фирми доцнат со исплата на платите. Повеќе илјади фирми чекаат поврат на ДДВ, а во наше време тоа се исплаќаше во истиот ден и час кога требаше да се случи. Сериозно е нарушена ликвидноста на компаниите, стопанството, поради тоа што државата и општините не ги вршат навреме исплатите.“
Во обраќањето, Филипче нагласи дека власта ги изневери сите граѓани, вклучително и пензионерите.
„Денеска на виделина излезе уште една лага, а тоа е за пензионерите – само 1.000 денари зголемување. Над 97% од вкупниот број на пензионери кои сега земаат само 1.000 денари, требаше по нашата методологија да земат 2.000 денари“, рече Филипче.
На граѓанската трибина тој порача дека не постои ниту една област во која ВМРО-ДПМНЕ може да се пофали со резултати.
„Ваква ненародна Влада, мислам дека држава, нема една сфера во која што е добро. Нема еден проект, една работа за која може да се пофалат“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Овој хаос, како што кажа Филипче е резултат на нефункционалната и незаинтересирана Влада на ВМРО ДПМНЕ.
„Тоа е само доказ за една незаинтересираност и некапацитетност на оваа Влада која нема намера да направи и да имплементира ниту една политика во интерес на граѓаните и државата.“ рече Претседателот на СДСМ, Венко Филипче.