Соопштенија
СДСМ: Над 73.000 деца ќе користат детски додаток, а над 64.000 образовен додаток
Денеска почнува реализацијата на мерките од новата социјална реформа која целосно го преобразува системот за социјална заштита и трајно извлекува од сиромаштија.Тричлените семејства со приходи до 11.400 денари, четиричлените семејства со приходи до 13.800 денари и петчлените семејства со приходи до 15.000 денари од денеска можат да се пријавуваат во локалните центри за социјални работи, за да може надоместоците да ги добијат со исплатата во текот на идниот месец, соопшти СДСМ.
Според партијата, една од новините што ги носи оваа реформа е тоа што се проширува достапноста на детскиот и образованиот додаток за 20 пати повеќе деца. А освен домаќинствата кои примаат социјална помош, право на овие додатоци ќе имаат и други домаќинства.
„Наместо досегашниот опфат од 3.200 деца, сега детскиот додаток ќе го користат 73.500 деца, додека пристап до образованиот додаток отсега ќе имаат 64.136, наместо 3.800 деца како досега. За првпат корисниците на гарантираната минимална помош ќе добијат и детски додаток, како и додаток за основно образование. Досегашната програма за условен паричен надоместок за средно образовение сега се трансформира во право на додаток за образование.
Се воведува и мeрката траен надоместок. Родител кој се грижел за дете со попреченост и не остварил право на пензија по друг основ, може да се стекне со траен надоместок во висина од 8.000 денари месечно.Се обезбедува и паричен надоместок на плата за оние родители кои го користат правото на надоместок на плата за скратено работно време поради нега на детето со попреченост и најтешки облици на хронични заболувања. Ова се дел од мерките што со воведувањето на социјалната реформа обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, ја намалуваат детската сиромаштија и ги унапредуваат правата на лицата со попреченост.Ги охрабруваме сите граѓани, кои ги исполнуваат условите, да се пријават со локалните центри за социјална работа за навремено да ги остварат правата што им следуваат”, соопшти партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Седница на ЦО на ЗНАМ: Продолжуваме со уште појасна визија и цврста решеност да бидеме фактор на стабилност, ред и одговорност во македонската политика
Централниот одбор во проширен состав на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија вечерва одржа седница на која беа разгледани и усвоени извештаите и анализите од Локалните избори 2025 година, како и заклучоците за понатамошното политичко дејствување на партијата, известува ЗНАМ.
„Централниот одбор констатираше дека поставените политички цели за овие избори се реализирани и дека ЗНАМ од изборниот процес излегува посилно, поконсолидирано и политички појасно позиционирано од кога било досега, како сериозна и одговорна политичка сила со јасна насока на развој.

Со речиси 40.000 освоени гласови на советничките листи и присуството на ЗНАМ во повеќе од 45 општински совети, Движењето уште еднаш потврди дека не е ниту проект, ниту привремена појава, туку стабилна и растечка политичка опција со поддршка низ целата територија на државата.
Настапот на ЗНАМ на овие локални избори беше самостоен и принципиелен, со јасна определба дека довербата на граѓаните не се купува по секоја цена, туку се гради со јасни ставови, конзистентни политики и реални резултати. ЗНАМ свесно избра да расте одговорно и контролирано, водејќи се од долгорочниот интерес на државата, а не од дневно-политички калкулации“, соопштуваат од ЗНАМ.

„Во таа насока, Централниот одбор ги дефинираше и следните чекори во натамошното јакнење на партиската структура и политичкото дејствување.
Во наредниот период ќе се пристапи кон формирање на Клуб на млади и Клуб на жени во рамки на Движењето ЗНАМ, како организирани форми за активно вклучување на младите и жените во креирањето политики, јакнењето на кадровскиот потенцијал и модернизацијата на политичкиот пристап на партијата.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија продолжува со уште појасна визија, засилен државотворен наратив и цврста решеност да биде фактор на стабилност, ред и одговорност во македонската политика, уверено дека добиената поддршка од граѓаните претставува темел врз кој ќе се гради уште посилна позиција на следните парламентарни избори“, се додава во соопштението на ЗНАМ.

Соопштенија
CHERY стана официјален спонзор на Ракометната федерација на Македонија
CHERY, еден од најбрзо растечките автомобилски брендови во Европа и во светот, официјално стана спонзор на Ракометната федерација на Македонија. Соработката беше промовирана на прес-конференција одржана во новоотворениот CHERY салон на Grand Auto, официјалниот увозник на брендот во Македонија.

„CHERY е бренд кој со забрзано темпо ја обликува иднината на автомобилската индустрија преку напредна технологија, современ дизајн и висок квалитет. Со поддршката на Ракометната федерација на Македонија, инвестираме не само во спортот, туку и во иднината – во младите таленти, новото раководство и позитивните промени, Чест ни е што денеска со нас се и претставници на ракометската елита на Македонија – претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов, селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, како и дел од нашите репрезентативци. Вашето присуство дополнително ја потврдува важноста и силата на ова партнерство.


„Силните брендови не се градат само преку прозводи, туку преку поврзаноста со луѓето, заедницата и страста кон возилата. Токму затоа сме тука денеска да го објавиме официјалното спонзорство на Chery кон Ракометната федерација на Македонија. Ракометот е емоција, традиција и денес е симбол на нов почеток. РФМ влегува во нова фаза со ново раководство и со јасна визија и млади таленти кои ја претставуваат иднината на македонскиот ракомет. Тоа целосно се совпаѓа со филозофијата на Chery – инвестирање во напредок, иновации и долгорочен развој. Chery носи нова енергија во автомобилската индустрија во Македонија и во светот, а македонскиот ракомет носи нова енергија и нови страсти во спортот во Македонија. Ова е чекор напред, заедно со РФМ и Chery. Веруваме дека оваа соработка ќе придонесе не само за спортски успеси, туку и за инспирација на младите деца, промоција на тимски дух, дисциплина, амбиција – вредности кои ги делат Chery и нашите репрезентативци и стручниот штаб, кои верувам дека ќе направат големи успеси во Данска. Упатувам благодарност до РФМ за довербата во име на Chery и Grand Auto – заедно до големи успеси“, изјави г-нот Дритон Заири-генерален директор на Grand Auto.



„Благодарност до г-нот Дритон Заири, кој целиот живот е посветен на ракометот. Денеска нашата соработка се продлабочува и преминува во партнерски договор за спонзорство на Ракометната федерација на Македонија. Се надевам дека оваа соработка ќе носи нови успеси и нови победи, ќе се радуваме заедно и ќе славиме. Ние како федерација сме секогаш отворени за нови соработки, работиме напорно и вредно, и се надевам дека низ сето тоа што го даваме и вложуваме, трудот на крај ќе излезе на виделина. Честитки за новиот салон на Chery и Grand Auto , и во иднина да се гледаме само за убави работи“, изјави г-нот Александар Стефанов -Претседател на Ракометна федерација на Македонија.


Спонзорството е дел од пошироката стратегија на CHERY за раст на европските пазари и претставува јасен сигнал за долгорочна посветеност кон луѓето во Македонија.
Новото партнерство има за цел да го поддржи развојот на македонскиот ракомет, да ги мотивира младите генерации и да промовира вредности како што се тимската работа, дисциплината и стремежот кон успех.
Со оваа соработка, CHERY и Ракометната федерација на Македонија испраќаат заедничка порака за напредок, доверба и нова енергија – и во спортот и во автомобилската индустрија.
(ПР)
Соопштенија
Binance доаѓа во Скопје: на 11 декември голем Community Meetup настан за криптоентузијастите
Binance, водечката светска берза за размена на криптовалути, организира Community Meetup настан, кој ќе се одржи на 11 декември 2025 година во 17 часот во хотел Мериот во Скопје.
На настанот, крипто-ентузијастите и сите заинтересирани за дигитални средства и блокчејн технологии ќе имаат уникатна можност да се сретнат со тимот на Binance, да ги разберат глобалните трендови во крипто-индустријата, да научат како да заработуваат безбедно преку Binance екосистемот, да се поврзат со луѓе со слични интереси и да станат дел од меѓународната Binance заедница.
Присуството на собирот е бесплатно, но поради ограничениот број учесници, потребна е претходна регистрација на следниот линк: https://www.binance.com/en/events/skopjemeetup.
По воведното обраќање, на настанот ќе има преглед на активностите, мисијата и визијата на Binance во Северна Македонија и регионот, ќе се одржи презентација на најновите производи и начини за заработка преку Binance екосистемот и BNB токенот, ќе се зборува за процесот за приклучување во Angels програмата, а присутните ќе имаат можност да учествуваат во интерактивен квиз и да освојат ексклузивен Binance подарок.
„Со организацијата на овој настан, сакаме да ја доближиме Binance заедницата до крипто ентузијастите во Северна Македонија, да поттикнеме едукација и споделување на знаење, и да изградиме мост кон нови можности во дигиталната економија“, велат од Binance.
За Binance
Binance е водечки глобален блокчејн екосистем зад најголемата светска размена на криптовалути по обем на тргување и регистрирани корисници. Довербата на Binance му ја пружаат околу 300 милиони луѓе во повеќе од 100 земји поради неговата водечка улога во безбедноста, транспарентноста, брзината на тргување, заштитата за инвеститорите и неспоредливото портфолио на производи и понуди на дигитални
средства, од трговија и финансии до образование, истражување, социјални добра, плаќања, институционални услуги и карактеристики на Web3. Binance е посветен на изградба на инклузивен крипто екосистем за зголемување на слободата на пари и финансиски пристап до луѓето ширум светот со криптото како основно средство. За повеќе информации, посетете ја веб-страницата www.binance.com.
(ПР)

