Контакт

Соопштенија

СДСМ: Обидите на ВМРО-ДПМНЕ за блокада нема да ги закочат реформите во образованието

Објавено пред

Обидите на ВМРО-ДПМНЕ за блокада нема да ги закочат реформите во образованието и дигитализација на наставниот процес, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„ВМРО-ДПМНЕ повторно најавуваат нови обиди за референдум и блокада на реформите во образованието и дигитализација на наставниот процес откако им се случи фијаско со партиските протести и откако им пропадна нелегитимниот обид за собирање на потписи. Правото за поведување иницијатива за референдум е легитимно и загарантирано со Уставот, но ова е уште еден апсурден обид за блокада на реформа, која е исклучително значајна за целокупниот образовен процес“, велат од партијата.

Од СДСМ додаваат дека новиот Закон за учебниците и другите наставни и дидактички материјали е во согласност со европските практики, но и времето и ерата на ИТ-технологијата во која младите живеат.

„Етапната дигитализација на наставниот процес, која се воведува со ова законско решение, ќе обезбеди поголема интерактивност, намалување на учењето во домашни услови, а воедно ќе се воведе и инклузивност, со оглед дека учебниците ќе бидат достапни и во аудиоформат, но и на Брајово писмо за учениците со оштетен вид“, се наведува во соопштението.

Истовремено, додаваат од СДСМ, ниту еден ученик нема да остане без печатен учебник, кој ќе може да го добие доколку има потреба од него.

„Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години го урнисуваше образованието преку погубните политики, ги манипулира наставниците и професорите, а резултатите на нашите ученици на меѓународни тестирања беа едни од најслабите. Денес, кога се воведува нов, модерен и европски концепт на настава, ВМРО-ДПМНЕ опструира, протестира со цел образовните реформи да не бидат донесени на директна штета на наставниците, на учениците и нивните родители, на штета на образованието. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски сѐ уште не ја напуштаат деструктивната матрица, но треба да им стане јасно дека нема да успеат да ги блокираат реформите во образованието, нема да го блокираат напредокот на државата“, велат од СДСМ.

Соопштенија

Од канцеларија до кеј – компаниите покажаа спортски дух во Скопје – Croatia Osiguruvanje Business Run 5K

Објавено пред

Од

На 12 јуни, со почеток во 18:00 часот, на кејот пред болницата Acibadem Sistina, беше успешно одржано првото издание на Croatia Osiguruvanje Business Run 5K – нов и енергичен тим-билдинг настан во организација на Здружението за спорт и рекреација „Прв до Врв“.

dobivaj vesti na viber

Ова претставува најмасовниот корпоративен спортски настан во Македонија, кој собра повеќе од 45 компании од најразлични индустрии: финансии, ИТ, телекомуникации, фармација, логистика, производство, јавни институции, дипломатски мисии и невладини организации. Трката се одвиваше по патека од 5 километри покрај реката Вардар, каде учесниците уживаа во спортска атмосфера исполнета со тимски дух, забава и позитивна енергија.

Настанот е дел од Adria Corporate Run League, регионална иницијатива што ги поврзува корпоративните заедници од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска. Победничкиот тим од Скопје ќе ја претставува Македонија на големото регионално финале.

Во пресрет на стартот, учесниците ги поздрави г-а Катерина Јордановска Манева од Croatia Осигурување, која го истакна значењето на вложувањето во здравјето и добросостојбата на вработените. Загревањето го водеше фитнес инструкторката Ангела Јованоска Конески од Premium Sport Center.

Најбрзите три тима во трката беа:

· Халкбанк со време од 58:40 минути,

· Комерцијална банка со време од 1:00:14,

· Шпаркасе банка со време од 1:06:49.

Во индивидуалната конкуренција, титулата најбрза учесничка ѝ припадна на Снежана Димовска од Комерцијална банка со време од 22:23, додека најбрз учесник беше Мартин Дамески од Халкбанк со 17:22 минути. Целосните резултати од трката се достапни на: www.prvdovrv.mk/business5k.

По трката, сите учесници уживаа во одлична забава на отворено со бендот The Ringtones и DJ Vito, кои приредија енергичен музички настап. Атмосферата беше полна со позитивна енергија, дружење и насмевки, а учесниците се освежија и засладија со вкусен оброк и пијалаци. Вистинска after-run забава која ќе се памети!

Овој настан понуди повеќе од само трка – беше вистинска платформа за вмрежување, тимска мотивација и промоција на здрави животни навики. Со овој настан, компаниите добија уникатна можност да изградат поцврсти тимски релации, надвор од канцеларискиот контекст.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Халкбанк овозможува кредит целосно онлајн, без шалтер и документација

Објавено пред

Зошто сè уште би оделе во банка за кредит – кога целиот процес може да се заврши онлајн, без хартија, без чекање и без дополнителни трошоци? Халкбанк веќе нуди услуга која ви овозможува да подигнете потрошувачки кредит од каде било, во кое било време. Online кредитот е дизајниран за клиентите што сакаат сигурност, едноставност и услуга што се прилагодува на нивниот животен ритам.

dobivaj vesti na viber

Кредит од дома – без шалтер и без документација

За аплицирање за Online кредит, клиентот треба да биде примател на плата или пензија во Халкбанк АД Скопје и да има активна електронска банкарска услуга. Дополнително, потребно е во последните шест месеци редовно да има примања на трансакциска сметка во банката. Апликацијата се поднесува со логирање на електронското или мобилното банкарство и избор на табот „онлајн производи“. Договорот се потпишува електронски, со дигитален токен преку VASCO токен (e-signature) , што овозможува сигурен, заштитен и целосно дигитален процес – без физичко присуство.

Достапност во секое време, од било каде

Аплицирањето за Online кредит е достапно 24 часа, седум дена во неделата. Клиентите можат да пристапат до услугата во кое било време, од кој било уред – без разлика дали се дома, на работа или во странство. Тоа го прави процесот не само брз, туку и крајно практичен.

Фиксна камата, без провизии, јасни услови

Износот на кредитот може да биде до 1.500.000 денари, со рок на отплата до 95 месеци. Каматната стапка е фиксна и изнесува 6,5% за целиот период, а вкупниот годишен трошок за кредитот изнесува 6,70%. Висината на кредитот што може да се одобри зависи од месечните примања на клиентот, при што максималниот износ на месечниот ануитет не смее да надмине 40% од нивната плата или пензија. Халкбанк не наплаќа провизија за апликација, нема трошоци за обработка, ниту надомест за предвремена отплата.

Фокусот е на клиентот

Online кредитот не го менува само начинот на аплицирање, туку и целиот пристап кон банкарските услуги. Наместо да се прилагодувате вие на процедурата, процедурата е прилагодена на вас – едноставно, сигурно и во моментот кога навистина ви треба.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Соопштенија

„Сетек Денови“ – ДО 70 % ПОПУСТИ

Објавено пред

Oд 9 јуни, понеделник, започнува најголемата акција на Сетек – сè од техника, најпосетуваните Сетек Денови каде попустите стигнуваат и до 70%!

dobivaj vesti na viber

„Сетек Денови“ е акција каде љубителите на најпознатите брендови, на едно место можат да видат и да одберат се што сакаат и се што им е потребно од техника, по најниски цени.

Во сите салони на Сетек низ Македонија, следува огромен избор на производи од бела техника, фрижидери, телевизори, компјутери,лаптопи, се од ИТ, мобилни, смартфони, голема палетана додатоци, мали апарати, гејминг опрема, опрема за фитнес, мали и големи апарати и многу повеќе.

Акцијата, СЕТЕК ДЕНОВИ, дава можност за многу поволности како на цените, така и на изборот на производите. Салоните во овој период стануваат зборно место за техника, а веб страната www.setec.mk најпосетуваното место за online продажба.

Искористете ја можноста, дојдете во Сетек и купете најмногу техника, со најниски цени.

Компанијата Сетек, како лидер на пазарот, повеќе од 30 години, во континуитет ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите.

Со мрежа од 33 различни локации, модерно опремени салони и премиум продавници, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој љубител на современата техника.

Покрај актуелната акција, Компанијата, во континуитет нуди и услуги за полесен пристап и поголема можност за корисност на купувачите, како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и долготрајна употреба.

Сепак, обожавателите на техника најмногу ја чекаат акцијата СЕТЕК ДЕНОВИ, кога буквално СÈ СЕ КУПУВА !

 

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Адвокатот побара ослободување на Љупчо Палевски поради недостиг на докази

Адвокатот на првообвинетиот Љупчо Палевски, Јовица Страшевски, побара неговиот клиент да биде ослободен од обвиненијата за убиствата на Вања Ѓорчевска...

Македонија1 час

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди евра – пруга без проект, но со веќе пресметана провизија“, вели Кузеска

„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за криминал од огромни размери што се подготвува од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Пред...

Македонија2 часа

Стопирана изградбата на објектот во охридската чаршија, инвеститорот немал одобрение

Државниот инспекторат за градежништо и урбанизам направи вонредна контрола на објектот во изгрaдба во Старата охридска чаршија, односно во заштитетната...

Македонија3 часа

Акиов: Не сум гомнар, туку борец за правда, чашата беше прелеана од советникот Алексов

Советникот Аки Акиов од Партијата за демократски просперитет на Ромите (ПДПР) преку социјалните мрежи, по насилниот инцидент, порача дека тој...

Топ3 часа

Удрил во метален столб, а потоа прегазил пешаци: загина охриѓанка, возачот уапсен

Вчера во 22.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на кружен тек од булеварот „Туристичка“ со улицата „Јане Сандански“...

Македонија5 часа

„Вчерашното насилство е дел од сценарио што самиот Филипче го има направено пред еден месец во Дубаи на средба со Зоран Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и Венко Филипче се впуштија во реализација на сценарио за негов спас и за дефокус на македонската јавност. Инцидентот...

Свет5 часа

Израелскиот министер за одбрана: Ако Хезболах нападне, повеќе нема да постои

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Хезболах ќе биде уништен ако либанската организација го нападне Израел како поддршка...

Свет6 часа

Хезболах објави дека ќе го поддржи Иран: Ќе дејствуваме соодветно

Генералниот секретар на Хезболах, Наим Касем, изјави дека групата со седиште во Либан не е неутрална и дека стои зад...

Свет7 часа

Русија: Убиството на врховниот лидер на Иран би ја отворило Пандорината кутија

Промената на режимот во Иран е „неприфатлива“ и атентатот врз врховниот лидер на земјата „би ја отворил Пандорината кутија“, изјави...

Свет7 часа

(Видео) Иран лансира нов бран ракети кон Израел

Иранската војска испука нов бран ракети кон Израел, соопшти израелската војска. Нападот доаѓа откако Израел издаде предупредување за евакуација до...

Свет7 часа

Шефицата на дипломатијата на Северна Кореја: Со Русија имаме најсилен, непобедлив сојуз

Министерката за надворешни работи на Северна Кореја, Чое Сон-хуи, го поздрави договорот за меѓусебна одбрана меѓу Северна Кореја и Русија...

Свет7 часа

Израелци: Ирански проектил се отвори на висина од 7 км и се распрсна на мали бомби

Иран во неделата испали ракета врз Израел што расфрла мали бомби со цел зголемување на цивилните жртви, соопштија израелската војска...

Свет8 часа

Тајниот нуклеарен објект на Иран што може да го погоди само американска бомба

Во планинска област јужно од Техеран, скриен длабоко под земја, се наоѓа Фордо – објект за збогатување на ураниум кој...

Свет14 часа

(Фото) Сателитските снимки покажуваат штета на иранскиот нуклеарен реактор во Арак

Нови сателитски снимки со висока резолуција објавени денес од „Максар Технолоџис“ покажуваат значителна штета на иранскиот реакторски комплекс во близина...

Свет18 часа

Трамп ќе одлучи дали да го нападне Иран во рок од две недели, објави Белата куќа

Белата куќа објави дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе донесе одлука за евентуален напад врз Иран во следните две недели....

Македонија20 часа

Незгода на патниот правец Бошков мост – Дебар, сообраќајот во прекин

На патниот правец Р1202 Бошков мост – Дебар поради случена сообраќајна незгода сообраќајот е во прекин, извести АМСМ. Сообраќајот на...

Свет20 часа

Израелскиот министер за одбрана: Хамнеи не треба да постои

При посетата на местото на ракетниот напад утрово во Холон, израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека врховниот лидер...

Свет21 час

(Видео) Иран утрово испали ракети кон Израел: стотици повредени, повеќе од 70 во болница

Најмалку 240 лица беа ранети во иранските ракетни напади утрово, објави Асошиејтед Прес, повикувајќи се на израелското Министерство за здравство....

Македонија22 часа

(Видео) Клековски: Експерт за ампутации од Словенија ќе дојде за третман на повредените во Кочани кои имаат ампутирани прсти

Грижата за повредените во пожарот во Кочани ќе биде долгорочна, ќе трае онолку години колку што ќе имаат потреба и...

Свет23 часа

Нетанјаху во ракетираната болница: Мојот син мораше двапати да ја откаже свадбата поради тревогата

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, им се обрати на новинарите пред болницата Сорока во Бершеба, која претходно беше погодена од иранска...