Контакт

Соопштенија

СДСМ: Од земја зависна од увоз, денес државата продава вишоци струја и заработува

Објавено пред

Остварената добивка на ЕЛЕМ од близу 30 милиони евра е уште еден  показател за успешноста на политиките во енергетиката на Владата предводена од СДСМ.Од држава која беше зависна од увоз на струја, денес АД ЕЛЕМ преку домаќинско работење за една година успеа да произведе и продаде вишоци струја од вкупна вредност од над 21 милион евра, соопшти СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Според партијата, домаќинското управување со АД ЕЛЕМ сериозно ги намалило трошоците, па во 2018 година направени се сериозни заштеди во ова претпријатије. Сето тоа резултирало добивката на АД ЕЛЕМ во 2018 година да изнесува над 29 милиони евра, со што 2018 е најуспешна економска година за ЕЛЕМ.

„Времето кога ЕЛЕМ беше партиска подружница на ВМРО-ДПМНЕ, кога се увезуваше скапа струја заради бизнис-интереси, кога Мицкоски добиваше бизниси со хидроцентрали од Владата на Груевски, заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Денес, со домаќинско и отчетно работење, државата произведува вишоци струја и го унапредува енергетскиот сектор.Интеграциите на државата во ЕУ и НАТО дополнително ќе ги подобрат условите за развој на енергетскиот систем, а позитивниот тренд во енергетиката предвидено е да продолжи и годинава”, се додава во соопштението.

Соопштенија

Бошковски: Сарај може и сака промени за да изградиме улици, спортска сала, детски игралишта, инфраструктура и вистински развој

Објавено пред

Горан Бошковски, носител на листа на советници за Советот на Општина Сарај од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати од народниот митинг во Сарај во рамки на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“ за изборите во недела на 19 октомври.

dobivaj vesti na viber

Бошковски посочи дека Сарај знае, може и сака промени за да има вистински развој каде ќе се градат улици, спортска сала, детски игралишта, канализациона инфраструктура.

„Денес сме собрани тука со една силна порака. Сарај се буди! Сарај покажа дека знае, може и сака промени. За мене е огромна чест и големо задоволство што денес, како носител на листа за советници, стојам пред вас, пред народот кој секогаш бил срцето на вистинската борба, пред луѓе кои некогаш не се предале и кои знаат што значи чесна работа и љубов кон своето место“, рече Бошковски.

Понатаму додаде „во изминатиот период, работевме неуморно. Бевме меѓу граѓаните, по маалата, по улиците, во секој дом. Ги слушнавме проблемите, ги почувствувавме грижите, но уште повеќе ја почувствувавме енергијата и надежта на нашиот народ“.

„Затоа, нашата мисија е јасна. Да изградиме нови улици, да направиме канализациони мрежи таму каде што со години се ветува, а ништо не се прави. Да донесеме светлина во секое маало, да направиме спортска сала, детски игралишта, инфраструктура и вистински развој. Сарај заслужува повеќе, Сарај заслужува подобро“, рече Бошковски.

Повика на масовна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ, затоа што, како што рече, советници во Советот на Сарај ќе бидат гласот на народот и ќе ги бранат и застапуваат нивните интереси.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Меџити: Чаир ќе биде лидер во искористувањето на европските фондови

Објавено пред

Од

Кандидатот на коалицијата ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, на денешната прес конференција истакна дека проширувањето на буџетските извори преку европските фондови, особено преку програмата Horizon Europe, претставува реална можност за одржлив развој и модернизација на општината.

dobivaj vesti na viber

Меџити, придружуван од неговиот советник за финансии и буџет, Бујамин Бела, изјави дека приоритет на неговиот тим е создавање на разновидност во буџетската структура и обезбедување нови извори на финансирање со цел зголемување на капиталните инвестиции и долгорочните развојни проекти.

„Наш приоритет е да создадеме разновидност во буџетската структура и изворите на финансирање, со цел да ја зголемиме можноста за капитални инвестиции и долгорочни развојни проекти. Во оваа насока, постојано истражуваме различни начини на финансирање, со јасна цел, да изградиме поразвиен, иновативен и конкурентен Чаир. Според досегашните податоци, Северна Македонија има добиено нето само околу 12 милиони евра од програмите на Horizon, што претставува само 0.03% од вкупно достапните средства. Овој податок јасно покажува дека има голем простор за напредок, и време е општините, особено Чаир, да преземат поактивна улога во оваа насока“, изјави Меџити.

Тој додаде дека Чаир ќе следи нов пристап во развојот, преку аплицирање за проекти што носат повеќе инвестиции, работни места и поквалитетни услуги за граѓаните, користејќи ги европските фондови и меѓународната соработка.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Ахмети ги откажува изборните активности за да оди на протест на УЧК во Тирана

Објавено пред

Од

Како Централен штаб, донесовме одлука да ги откажеме сите изборни активности на Али Ахмети за петок, потврдувајќи го неговото учество на севкупниот национален протест во Тирана, во поддршка на неговите соборци и основачи на славната Ослободителна војска на Косово (УЧК). Овој чин е акт на национална солидарност, но и потсетник за оние што забораваат дека слободата и правата не се подаруваат, тие се освојуваат со жртвување, изјави потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми.

dobivaj vesti na viber

Тој вели дека во текот на изборната кампања, Националната алијанса за интеграција настапила достоинствено, смирено и со конкретна понуда за граѓаните.

„Не се занимававме со клевети, црни кампањи или манипулации. Зборувавме со јазикот на фактите, визијата и одговорноста. Нашата кампања ја изградивме врз довербата – не врз стравот. За жал, нашите противници ја избраа спротивната насока – патот на клеветите, фабрикувањата и темните сценарија. Наместо идеи – понудија лаги; наместо проекти – измислија скандали; наместо натпревар за развој – поттикнаа поделби. Од самиот почеток, самиот премиер изјави дека „суштината на овие избори е исчезнувањето на ДУИ од политичката сцена“, а потоа зборуваше и за „политичко пензионирање на Али Ахмети“. Тоа не е само политички речник – тоа е носталгија за време кога Албанците требаше да бидат под команда, а не рамноправни учесници во одлучувањето. Но тоа време заврши. Албанците никогаш повеќе нема да бидат васали на туѓа волја“, рече Адеми.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

МВР со детали: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава

Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна....

Македонија5 часа

Очекувам победа во првиот круг, не за да добијам политичка круна, туку за да не се пролонгираат сегашната голгота и хаосот, рече Ѓорѓиевски

Кадидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, е убеден во победа, а вели дека искрено очекува тоа да...

Македонија6 часа

Поради сериозен дефект, МРТВ не емитува три дневника: се проверува дали е намерен упад во системот

Македонската радио-телевизија информира дека поради сериозен технички проблем, вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17,...

Македонија6 часа

Родителите на жртвите од „Пулс“: Привремено се прекинуваат блокадите, маршевите продолжуваат секоја сабота

Семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани информираа дека по добивањето на датумот за почеток...

Македонија7 часа

Прекин на испораката на гас за ЈСП, можни се отстапувања од возниот ред

ЈСП информира дека до утре ќе има прекин на испораката на гас и поради тоа е можно да има прекин...

Македонија7 часа

На 35 вакцинални пункта во државата денеска почна вакцинацијата против сезонскиот грип, досега пријавени 43.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, која се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ...

Македонија8 часа

Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, почнува на 19 ноември во судницата во...

Македонија8 часа

Сиљановска – Давкова очекува помош од ЕУ во пронаоѓањето креативно решение за деблокада на македонските интеграции

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова очекува помош од Унијата во пронаоѓањето на излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции....

Македонија9 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево, малтретирал и сексуално понижувал жени

Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево. Дехари е симбол за брутална злоупотреба на моќта, понижување на жените, и...

Свет10 часа

Трамп: Хамас копа во урнатините и бара тела на заложници, тоа е ужасен процес

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Хамас продолжува со напорите за враќање на телата на мртвите израелски заложници држени...

Европа11 часа

Немири на пропалестинските протести во Валенсија

Најмалку пет лица беа приведени, а неколку беа повредени во пропалестинските протести во Валенсија што се одржаа пред и за...

Свет11 часа

(Видео) Трамп: Америка е во трговска војна со Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека САД се во трговска војна со Кина. Новинарите во Белата куќа го прашаа...

Европа11 часа

Украина тврди дека идентификувала повеќе од 1.000 Кубанци, кои се борат за Русија

Украинското воено разузнавање (ХУР) објави дека најмалку 1.076 кубански државјани се бореле или сè уште се борат на страната на...

Свет11 часа

Хамас врати уште две тела на заложници, велат дека не може да ги пронајдат другите

Хамас вчера ги предаде останките на уште двајца заложници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, но соопшти дека во моментов...

Македонија19 часа

Фон дер Лајен по посетата на Македонија: Топката е во Вашиот двор, ЕУ е подготвена

Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Може да сметате на нас. Вашиот следен и единствен...

Македонија22 часа

Гаши – фон дер Лајен: Економска интеграција на единствениот европски пазар пред интеграција во ЕУ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во рамките на...

Македонија23 часа

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно наследство

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно...

Македонија24 часа

Мицкоски на средбата со фон дер Лајен: Државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност

Денес во просториите на Владата, премиерот, Христијан Мицкоски, имаше средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во...

Македонија1 ден

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица, партијата ќе се жали во Стразбур

Уставниот суд ја одби Иницијативата на Левица за оценување на уставноста и законитоста против Упатството на ААВМУ што се однесува...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски вети бесплатен оброк за секој средношколец и наградни патувања во Европа за првенците на генерација

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денес ја претстави програмата за средношколците. Вети модерен, дигитален и еколошки...