Контакт

Соопштенија

СДСМ: Од Мицкоски зависи дали ќе остане изолиран во своето деструктивно однесување

Објавено пред

В недела огромното мнозинство ќе заокружи „за“ европска Македонија, од Мицкоски зависи дали ќе остане изолиран во своето деструктивно однесување, реагира СДСМ на прес-конференцијата на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, кој рече дека в недела се соочуваме со избор помеѓу капитулацијата на Заев и чување на сопствениот образ, честа и достоинството.

dobivaj vesti na viber

„В недела граѓаните носат историска одлука за својата и за иднината на државата. Огромното мнозинство граѓани в недела ќе го искористи демократското право, нема да седат дома туку ќе излезат и ќе гласаат на референдумот за иднината. Како и да одлучат да гласаат граѓаните, тоа трајно ќе влијае врз нивниот живот, врз иднината на државата и иднната на следните генерации. Граѓаните одлучуваат слободно и без притисоци на демократски референдум и ќе гласаат ‘за’ европска Македонија. Надлежните институции работат професионало и посветено и гарантираат спроведување на фер, слободен и демократски референдум на кој ќе одлучуваат граѓаните. Правото на глас е загарантирано и неприкосновено и секој вид притисок, уцена и закана врз процесот на гласање ќе биде соодветно санкциониран“, се вели во реакцијата.

 

Соопштенија

Адеми: ВРЕДИ бара гласови за Мицкоски и ВМРО во Љуботен за Дарко Костовски

Објавено пред

Од

Она што денес се случува на албанската политичка сцена е без преседан во историјата на плурализмот: коалиција што се нарекува „албанска“ води кампања за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ — и тоа го прави со гордост, со сервилност и со јавно понижување, тврди потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми.

dobivaj vesti na viber

„ВРЕДИ не се бори за гласот на Албанците, ВРЕДИ се бори за својот политички опстанок преку поддршката на својот политички патрон. Во Бутел, во Скопје, каде што Албанците за првпат се обединети околу еден кандидат, д-р Исамедин Азизи, и каде што историјата може да се промени со првата победа на Албанците во оваа општина – ВРЕДИ ја избра другата страна, страната на ВМРО. Нивните лидери денес шетаат низ Љуботен со Христијан Мицкоски и неговиот кандидат Дарко Костовски – човек кој јавно е поддржан од Јохан Тарчуловски, добро познат по своите дела во ова село. Иронијата е уште поголема: оние што некогаш пролееја „крокодилски солзи“ за мачениците од Љуботен, денес бараат албански гласови за кумовите на Тарчуловски. Постои ли поголемо политичко и морално понижување од ова? Ве прашуваме јавно: до каде може да одите? До кое ниво можете да се понижите – само за едно столче без власт?Ако во Гостивар кандидатот на ВРЕДИ отиде на митингот на ВМРО за да моли за нивна поддршка, во Бутел оди целото нивно раководство за да се поклони за еден глас за ВМРО“, рече Адеми.

Според него, ова веќе не е ниту соработка, ниту поддршка туку е политички вазалитет, целосна покорност кон патронот кој им го дава „електоралниот кислород“ за опстанок.

„Тие веќе немаат албански глас, немаат поддршка ниту почит. Наместо да бараат поддршка од Албанците, тие молат за милост од својот македонски патрон.
Затоа ВРЕДИ ја бара својата „спасувачка гума“ кај Мицкоски. Во Љуботен тие не бараат глас за Албанците – туку глас за својот патрон и неговиот кандидат, Дарко. Ова е најјасниот доказ дека ВРЕДИ веќе не претставува ниту еден албански интерес – ниту политички, ниту национален, ниту морален. Во време кога Албанците во Бутел се обединети за историска победа, ВРЕДИ се обидува да го поткопа тоа единство за да му служи на својот патрон – во трката меѓу Дарко и Исамедин. Но, ни гласовите на ВМРО нема да ги спасат – албанскиот народ ќе им одговори онака како што заслужуваат на 19 октомври: со глас, со достоинство и со единство“, вели Адеми.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Лукровски: Ќе изградиме нова детска градинка и ќе ги реконструираме постоечките во Карпош

Објавено пред

Од

Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, во својата изборна кампања има предвидено нова детска градинка и реконструкција на постоечките во Карпош.

dobivaj vesti na viber

„Досегашното мое работење кажува дека секој еден може да гради улици, да поставува плочки, и ивичњаци но јас верувам дека вистинска силна општина не се гради од бетон туку од луѓе. Образованието и грижата за децата за мене не се трошок, тие се највисока форма на инвестиција, затоа јас ќе направам се што е потребно, ниедно дете во Карпош да не остане на листа на чекање за градинка, и ниедно училиште да не изгледа како да е заборавено од времето. Да биде прописно загреано во зимските денови, и климатизирано во летните месеци. Со поставување на фотоволтаици на крововите, од училиштата и градинките, на тој начин ќе ја искорениме зависноста од мазут набавена од било кој и да е петрол. А преку тоа и загадувањето во Карпош. Ќе ја изградам новата централна градинка во Карпош, со капацитет од најмалку 200 деца, со современи енергетски стандарди, отворени училници и двор кој ќе биде простор за игра и учење, преку природа по светски стандарди. Паралелно ќе започнам целосна реконструкција на сите постоечки градинки, не површно туку темелно, ќе ги заменам старите изабени креветчиња и плакари со нов безбеден мебел, ќе ги подобрам осветлувањето, подовите и тоалетите. Затоа што детската сигурност, не смее да зависи од буџетот“, рече Лукровски.

Вели дека ќе воспостави и сензорни зони за децата со посебни образовни потреби, отворени училници во дворовите на основните училишта во Тафталиџе, Карпош 3, Козле, каде децата ќе учат биологија, ликовно, или физичко под ведро небо, не под неонка.

„Во 21 век, сметам дека дигитализацијата е неминовен процес, затоа ќе набавам интерактивни табли и современа опрема за секоја училница. Но нема да дозвола технологијата да го замени наставникот, таа ќе му биде партнер не конкуренција. Ќе воведам програма едукација плус, преку која секое дете од трето до деветто одделение ќе има можност за бесплатни курсеви по роботика, музика, програмирање или странски јазици. Директно во своето училиште во наставниот дел. Сакам децата да остануваат во училиштата затоа што сакаат, не затоа што мораат. Ќе воспоставам и Совет на родители, каде секоја мајка и секој татко ќе може директно да предложи подобрување, без формални процедури, без чекање, ако некоја училница прокиснува, ако некој премин е небезбеден, јас сакам тоа веднаш да го слушнам и веднаш да реагирам“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Османи: Преку европски фондови обезбедуваме историски буџет за реконструкција на фасадите во Чаир

Објавено пред

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, на денешната прес-конференција најави проект за целосна санација и уредување на фасадите на сите згради во стариот дел на општината.

dobivaj vesti na viber

„Ќе започнеме сериозен проект од првиот ден за уредување на фасадите на сите згради во стариот Чаир. Ова не е само прашање на естетика, туку и прашање на енергетска ефикасност. Нова фасада значи и нова термоизолација, што ќе ги намали трошоците за греење во зима, а во лето ќе го заштити животниот простор“, истакна Османи

Тој ги претстави и деталите за тоа како ќе се финансираат овие проекти, нагласувајќи дека со добро планирање тие можат да се финансираат главно со европски средства. Османи истакна дека како поранешен национален координатор за европски фондови, добро ги познава работите во оваа сфера и веќе има формирано професионален тим што ќе работи на подготовка на проекти.

„Врз основа на сите анализи што ги направивме, ова се проекти кои Европската Унија ги поддржува финансиски, пред сè поради енергетската ефикасност и заштитата на животната средина. До 85% од трошоците за вакви проекти можат да се обезбедат преку европски фондови, а останатите 15% ќе ги покрие општината“, рече Османи и додаде дека од милијардите евра што и биле достапни на Северна Македонија, Општина Чаир во изминатите 20 години искористила нула евра, затоа што не подготвувала проекти и немала стручни луѓе кои знаат да работат на такви проекти.

Османи појасни дека за вакви интервенции до сега, проектите предвидувале граѓаните да ги покријат две третини од трошоците, а општината само мал дел.

„Но, луѓето немаат можност да ги поднесат тие трошоци за заедничките фасади, за лифтовите и за внатрешното уредување. Затоа, мојата додадена вредност како иден градоначалник на Чаир е што добро ги познавам европските фондови, добро го познавам Брисел и ги познавам луѓето кои одлучуваат за нив. И проектите како фасадите, новите лифтови, уредувањето на овој дел од Чаир ќе бидат апсолутен приоритет, и со целиот мој капацитет ќе почнат уште од првиот ден“, потенцираше Османи.

Реновирањето на фасадите и зачувувањето на стариот дел од Чаир ќе биде приоритет, истакна Османи и уште еднаш повтори дека овој дел ќе биде целосно заштитен и нема да бидат дозволени повеќе дивоградби.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија35 минути

Новата грејна сезона официјално почнува на 15 октомври: испораката на топлинска енергија ќе зависи од атмосферските услови

Од 15 октомври, официјално почнува грејната сезона 2025/2026 година за сите потрошувачи приклучени на системот за централно греење во градот...

Македонија42 минути

Инспектор од Тетово уништувал докази во постапка против неговиот син кој бил уапсен за трговија со дрога

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца инспектори од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово за...

Македонија2 часа

Граѓаните да се пријавуваат на vakcinacija.mk за вакцинирање против сезонскиот грип

Во тек е дистрибуција на вакцините против сезонски грип низ јавните здравствени установи, граѓаните може да се пријавуваат на апликацијата...

Македонија3 часа

На полноќ завршува објавувањето резултати од анкетите за локалните избори

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека согласно Изборниот законик, резултатите од испитувањата на јавното мислење...

Свет3 часа

(Видео) Израелските заложници контактираа со своите семејства преку видеоврска пред да бидат ослободени

Некои заложници што ги држеше Хамас можеа да разговараат со своите семејства преку видео повик кратко пред нивното ослободување, објавија...

Свет3 часа

(Видео) Ослободени сите живи заложници од Газа

Тринаесет преостанати живи заложници што ги држеше Хамас во Појасот Газа се ослободени и предадени на Црвениот крст, објавија израелските...

Македонија5 часа

„Влен“: Вресоците на Ахмети, Таравари и на Села се последните извици на една коалиција во распад

„Селотејп коалицијата, составена од ситни лични интереси, по локалните избори го завршува своето политичко поглавје, засекогаш. Вресоците на Ахмети, Таравари...

Македонија5 часа

Царински инспектори пронајдоа дрога во стан на студентка, државјанка на Турција

Психотропна дрога метилендиоксиметамфетамин, мефедрон и марихуана е пронајдена при претрес на дом во Гостивар во кој престојувала студентка, државјанка на...

Европа5 часа

(Видео) Големо невреме во Шпанија: црвен аларм, поплавите носат сè пред себе

Големи поплави предизвикани од обилни дождови го погодија североисточниот шпански регион Каталонија заробувајќи десетици луѓе во нивните возила, соопштија локалните...

Свет6 часа

Хамас ги ослободи првите заложници

Првите седум заложници се предадени на Црвениот крст во Појасот Газа. Меѓу ослободените се Гали Берман, Зив Берман, Матан Ангрест,...

Свет7 часа

(Видео) Хамас ги објави имињата на заложниците што треба да бидат ослободени

По прекинот на огнот во Газа, се очекува Хамас денес да ги ослободи израелските заложници што ги држи повеќе од...

Свет7 часа

(Видео) Трамп на летот за Израел: Војната е завршена

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа прогласи дека конфликтот во Појасот Газа е „завршен“ додека леташе за Израел и Египет за...

Европа7 часа

(Видео) Украинците нападнаа големо складиште за нафта во Крим, се шират снимки

Украински напад со беспилотни летала предизвика пожар во голем складишен објект за нафта на Крим, украинскиот полуостров што Русија нелегално...

Свет7 часа

Јужна Кореја: Русија веројатно ѝ помогнала на Северна Кореја да развие подморници

Северна Кореја веројатно добила техничка помош од Русија за развој на своите подморници, изјави денес пред парламентот јужнокорејскиот министер за...

Македонија7 часа

Мицкоски: Венко не го поддржуваат дури ни неговите пратеници од СДС и го оставаат сам да потоне

На вчерашниот народен митинг во Штип во рамките на изборната кампања за локалните избори со слоган „Вистинскиот избор! Tвојот човек!...

Соопштенија7 часа

(Видео) Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност!

„Година и пол премиерот Мицкоски ја води владата и државата без компас и без човечност, Македонија не може да ја...

Топ20 часа

Во тешка сообраќајка попладнево загина маж, а тешко повредено е 18-годишно момче

Во директен судир на две патнички возила попладнево околу 14 часот на експресниот пат Штип – Велес загинал  маж, а...

Свет21 час

Зеленски бара акција откако Москва изврши над 4.000 напади за една недела врз Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја повика меѓународната заедница да преземе акција, по една недела во која биле извршени повеќе...

Свет22 часа

Папата Лав дели дека договорот за примирје во Газа даде искра на надеж во Светата земја

Папата Лав Четиринаесетти изјави дека договорот за примирје во Појасот Газа „даде искра на надеж во Светата земја“. Тој ова...

Македонија1 ден

Фатени шверцери на луксузни автомобили, ОЈО Скопје бара притвор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица за кривични дела – Криумчарење и Фалсификување исправи. Како што се...