Соопштенија
СДСМ: Од некогаш заробена држава, Македонија денес почнува преговори за членство во НАТО и ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ, партијата што со години од Македонија направи заробена држава, изолирана и без пријатели во светот, денес како опозиција продолжува по секоја цена да ја блокира македонската иднина, реагират преку соопштение од СДСМ на изјавата на портпарлот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Владата предводена од СДСМ преку почнатиот процес на реформи обезбедува професионална и ефикасна администрација, создава услови за неселективно владеење на правото и силна борба против криминалот и корупцијата. Тоа е признаено од целиот демократски свет и јасно наведено и во извештајот за напредокот на Република Македонија изготвен од Европската комисија. Денеска, Македонија ги почна пристапните преговори за членство во НАТО. Нема поголема потврда од тоа за напредокот што Македонија го прави од некогаш заробена држава до држава на прагот на НАТО и ЕУ“, се вели во сопштението на СДСМ.
Од партијата додаваат дека антизападното раководство на ВМРО-ДМПНЕ на ниту еден начин нема да ја закочи иднината во ЕУ и НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Герасимовски: Со ограничувањето на движењето на возилата во Дебар Маало го растоваруваме сообраќајот во населбат

Кандидатот за градоначалнк и актуелен градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, заедно со идните советници поделени во тимови, синоќа беа на терен „од врата до врата“ во Дебар маало и околу Градскиот парк. Тие посетија повеќе од 200 домаќинства кадешто разговараа за сработеното во изминатите четири години, но и за проектите што се предвидени да се реализираат во новиот мандат.
Герасимовски, потенцираше дека во изминатиот мандат Општината покажала дека може да функционира чесно, отчетно и транспарентно.
„Инвестиравме во градинки, училишта, паркови, улици и јавни услуги што се од голема важност за нашето секојдневие. Граѓаните беа вклучени во процесите на одлучување и заедно креиравме политики за подобар живот. Доделивме многу стипендии и субвенции, организиравме многу културни и забавни настани, средби со граѓани, отворени денови, форумски сесии со што Општина Центар ја изградивме во пример на отворена локална власт која работи за доброто и во интерес единствено на своите граѓани“, рече Герасимовски.
Жителите на Дебар Маало ја поздравија одлуката на Герасимовски за ограничувањето на движењето на возилата на Дебар Маало со што ќе се растерети сообраќајот во оваа населба.
„Еден од главните проекти е иницијативата за ограничување на движењето на возилата во Дебар Маало. Со овој проект предвидено е затворање на сообраќајот за викендите, почнувајќи од петок во 18:00 часот, па сѐ до понеделник во 06:00 часот. Во тој период, поставуваме рампи на четири клучни локации, со што значително го намалуваме метежот и бучавата, а ќе се овозможи и повеќе простор за пешаците, велосипедистите и за жителите да уживаат во мирна и безбедна средина“, изјави Герасимовски.
Тој потенцира дека влез ќе биде дозволен исклучиво за граѓаните кои живеат во Дебар Маало и ќе поседуваат специјални дозволи издадени од Општината.
За останатите возила ќе постои можност за кратко задржување до 15 минути, со цел да се овозможи достава или извршување неопходни обврски, но со строго регулирани правила.
Соопштенија
Атанасовски: Современи училишта, бесплатни оброци и униформи за учениците во Македонска Каменица

Следниот мандат го продолжуваме со силен фокус на образованието и младите, затоа што тие се нашата најголема вредност и иднината на Македонска Каменица. Во првите две години, целосно ќе го реконструираме Средното општинско училиште Миле Јаневски-Џингар и спортското игралиште во Основното училиште Свети Кирил и Методиј, вели Димчо Атанасовски, кандидат за градоначалник на општина Македонска Каменица од ВМРО-ДПМНЕ.
Најави дека ќе продолжи да ги подобрува условите за квалитетна настава со современа опрема и напредни наставни помагала.
„За поголема безбедност на нашите деца, ќе ги уредиме училишните дворови и ќе поставиме ново осветлување и заштитни огради. Секое дете до петто одделение ќе добива бесплатен оброк и училишен прибор, а сите ученици до деветто одделение ќе имаат бесплатни униформи.
Ќе го доопремиме подрачното училиште во село Моштица и ќе изградиме ново спортско игралиште за младите. Ќе вложиме и во средното образование, преку поддршка на стручните насоки, практична настава и соработка со локалните компании, за младите да добијат повеќе можности и причина повеќе да останат дома покрај своите во Македонска Каменица. Нашата цел е јасна, подобро, модерно и достапно образование за секое дете.
Затоа што млада и образована Македонска Каменица значи силна и развиена општина.
Со вашата доверба ќе продолжиме да градиме место каде секое дете ќе има еднакви можности за учење, развој и успех. Затоа на 19 октомври ве повикувам да ја дадете вашата поддршка.
Гласот за број 9 за Димчо Атанасовски, кандидат за градоначалник и за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ од Коалицијата „Твоја Македонија“ коалицијата предводена од Гоце Стоиловски, е глас за продолжување на развојот на нашата општина“.
Соопштенија
Гоцевски: Нова урбана населба за младите брачни парови во Делчево

„На просторот на поранешното стрелиште, ќе создадеме нова урбана населба за домување. Нови брачни парови да може да добијат плацови по субвенционирани услови, за да изградат свој сопствен дом“, кажа Иван Гоцевски, кандидат за градоначалник на општина Делчево од ВМРО-ДПМНЕ.
„Новата улица помеѓу улиците Маршал Тито и Осми септември, како и новиот мост на река Брегалница, значително ќе ја подобрат проточноста на сообраќајот во овој дел од Делчево.
Одржлив развој врз основа на точно утврдени цели. Точно тоа му е потребно на Делчево“, изјави Иван Гоцевски, кандидат за градоначалник на општина Делчево од ВМРО-ДПМНЕ.