Соопштенија
СДСМ: Пионот Мицкоски нема да ја закочи иднината, сите пратеници да го поддржат процесот во Собрание

Антизападниот пион Христијан Мицкоски денеска пропушти прилика на јавноста да и објасни како добивал тендери од Владата на неговиот ментор Никола Груевски, за хидроцентрали, додека му бил советник.На антинародниот Мицкоски досега требаше да му стане јасно, неговата политика на одбрана на криминалот на Груевски преку деструкција, кочење и блокади е поразена, од мнозинството граѓани и од мнозинството пратеници во Собранието, соопшти СДСМ.
Според партијата, граѓаните избраа иднина, Македонија чекори напред.
,,Осамени во својата деструкција, Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ треба да се помират со реалноста, нема да ја закочат иднината, Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ.Преостанатите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ треба ги напуштат погубните политики на Мицкоски против ЕУ и НАТО и да се приклучат кон интегративните процеси. Сите пратеници, а особено преостанатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ треба да гиподдржат уставните измени и преку процесот во Собранието заеднички да обезбедат иднина во ЕУ и НАТО. Особено сега, кога амандамните се пред јавноста, пред граѓаните и се е кристално јасно и потврдено: македонскиот идентитет е зајакнат и обезбеден, отворени се вратите за членство во НАТО и ЕУ”, е ставот на владејачката партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Кога хуманоста допира до срцето: Mozzart донира ехо-апарат и овозможи бесплатни прегледи за новороденчињата во Прилеп

Во свет каде што секој нов живот е чудо, а секој здив на новороденче е надеж, компанијата Mozzart повторно покажа дека хуманоста не е само збор, туку дело. Овојпат, грижата и љубовта беа насочени кон најмалите и најнежните – новороденчињата во Општата болница со проширена дејност во Прилеп.
Со донација на мобилен, преносен ехо апарат за мозок, Mozzart овозможи болницата да започне нова, животно важна услуга – ехо преглед на мозок кај секое новороденче.
„Овој апарат е од непроценливо значење за нашата болница. Благодарение на Mozzart, сега можеме навремено да откриеме евентуални невролошки состојби уште во првите денови од животот. Во иднина планираме да воведеме и ехо на срце кај секое новороденче, со што значително ќе ја унапредиме педијатриската грижа,“ изјави со благодарност Д-р Кире Јоноски, директор на болницата.
Првите прегледи веќе се извршени, и тоа бесплатно, носејќи мир и сигурност во срцата на многу родители. Реализацијата на оваа донација како и бесплатните прегледи, претставува значаен чекор кон унапредување на здравствената заштита на најмладите.
„Секоја донација што остава трага во нечиј живот е наш мотив да продолжиме. Особено кога станува збор за здравјето на децата – тоа е нешто што не познава компромис. Со донираниот апарат веќе се извршени бесплатни прегледи на мозок кај голем број новороденчиња. Горди сме што можеме да помогнеме таму каде што е најпотребно“, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.
Ова не е првпат Mozzart да покаже дека зад нивното име стои вистинска грижа за заедницата. Нивната хуманост досега допре до бројни здравствени установи низ Македонија – од Клиниката за детски болести, до болниците во Штип, Гостивар, Битола и многу други.
(ПР)
Соопштенија
3,2,1… летото ни дојде – време е да ја подготвите вашата торба за плажа со „Зегин“

Пред да тргнете на плажа или да се упатите кон вашата следна авантура, бидете сигурни дека вашата торба е полна со основните работи што ќе ве одржат сјајни, заштитени и ќе придонесат да се чувствувате удобно во својата кожа.
Од глава до пети Зегин се грижи за вас- од креми за сончање до хидратантни производи за нега на кожа и коса, како и производи за здравје.
Кои се производите потребни за вашата летна торба за убаво и мирно лето, прочитајте на следниов линк.
(ПР)
Соопштенија
30 години „Кожувчанка“ – јубилеј на успех, партнерство и визија

Компанијата Кожувчанка денес го одбележа својот голем јубилеј – 30 години постоење со ПР настан на кој присуствуваа партнери, пријатели, новинари, претставници од институции и деловни соработници од земјата и странство.
Повод
Настанот се одржа по повод три децении успешна работа на Кожувчанка -компанија која од 1995 година израсна од локален производител во бренд со национално и меѓународно признание. Присутните имаа можност да слушнат инспиративни обраќања од водечките луѓе од компанијата, нејзини долгогодишни партнери, како и претставници од институциите.
Г-дин Бранко Азески, Претседател на Стопанската комора на Македонија
Г-динот Азески ја имаше таа чест прв да се обрати. Тој ја потенцираше улогата на компанијата Кожувчанка како пример за успешно македонско претпријатие. Исто, говореше и се осврна на одличната соработка помеѓу Комората и Кожувчанка низ годините, потенцирајќи ја нивната заедничка заложба за подобрување на деловната клима и охрабрување на другите домашни брендови.
Г-ѓа Јанинка Чупаркоска, Генерален менаџер на Компанијата Кожувчанка
Во своето обраќање, г-ѓа Чупаркоска ја истакна благодарноста кон сите кои се дел од 30-годишната приказна на Кожувчанка – вработените, потрошувачите и партнерите:
„Тоа што не’ прави посебни и истрајни сето ова време пред сè се луѓето – нашите верни потрошувачи, посветеноста на нашите вработени, како и поддршката од нашите партнери и соработници.“
Таа се осврна на почетоците од 1995 година, кога Кожувчанка започнала со неколку вработени и еден производ, а денес брои преку 70 производи, присутни во секојдневието на македонските семејства и пошироко.
Исто, зборуваше за постојаните инвестиции во производство, квалитет и одржливост, како и за извозните успеси на компанијата.
Г-дин Марио Маис, Маркетинг менаџер на Sinalco International Brands
Г-дин Маис, долгогодишен стратешки партнер на Компанијата преку брендот Sinalco, зборуваше за исклучителната доверба и професионалната соработка која трае веќе две децении.
Тој ја истакна Кожувчанка како пример за лојалност, квалитет и стабилен развој на локалниот пазар:
„Соработката со Кожувчанка не е само деловен однос – тоа е долгорочно партнерство засновано на доверба, визија и заеднички успеси. Вашата истрајност и интегритет се инспирација.“
На крај од говорот кажа за важноста на синергијата помеѓу локалните производители и глобалните брендови, и ја најави подготвеноста од Sinalco International Brands за нови, заеднички проекти со компанијата Кожувчанка.
Г-дин Митко Јанчев, Градоначалник на Општина Кавадарци
Митко Јанчев со голема емоција зборуваше за почетоците на компанијата, визијата на неговите татко и чичко и патот до денешниот успех:
„Со голема чест и особена гордост ви се обраќам денес, на денот кој е од голема важност за мене и мојата фамилија – 30 години од постоењето на Кожувчанка.“
Тој го најави и новиот бренд – Aqua Mila, природна изворска вода која го носи името на неговата ќерка:
„Со ова претставување на нашиот нов производ пред вас, сакам да ѝ го честитам роденденот и на мојата ќерка Мила по која е крстен овој бренд.“
Јанчев објави и планирана соработка со СОС Детското село, со цел поддршка на децата и вложување во нивната иднина:
„Тоа е она на кое сум најмногу горд – на моето семејство, на компанијата и на луѓето-партнери со кои секојдневно учествуваме во градење на подобро општество за сите.“
На крај, изрази благодарност кон сите потрошувачи, соработници и пријатели на компанијата:
„Се гордеам и сум благодарен на сите вас – наши пријатели и соработници, на нашите верни потрошувачи и на сите што веруваат во оваа наша приказна.“
За Кожувчанка
Основана во 1995 година, Кожувчанка денес е еден од лидерите во македонската индустрија за производство на вода, алкохолни и безалкохолни пијалаци, со портфолио од над 70 производи и присуство на повеќе странски пазари. Компанијата е позната по квалитет, иновации и општествена одговорност, како и по своите долгорочни партнерства – како со Sinalco, така и со многу локални дистрибутери и институции.
(ПР)