Контакт

Соопштенија

СДСМ: Раст на индустриското производство во декември, економијата се враќа во нормала

Објавено пред

СДСМ вели дека има видливи резултати од економските мерки на Владата за намалување на штетните последици од кризата предизвикана со глобалната пандемија на коронавирусот.

dobivaj vesti na viber

„Минатата година, и покрај здравствената и економската криза, по основ на поврат на ДДВ кон фирмите во стопанството се насочени 397,4 милиони евра. За цела 2020 година извршен е поврат на речиси 34 % од наплатениот бруто-данок на додадена вредност. Повратот на ДДВ кон фирмите во изминатите четири години има тренд на зголемување. Така, во 2019 година извршен е поврат од 32 %, во 2018 од 31 %, во 2017 од 28 %, а во 2016 година 26 %“, велат од партијата.

Зголемениот повратот на ДДВ кон компаниите, растот на индустриското производство во декември, зголемувањето на просечната плата, велат од СДСМ, се само дел од показателите што потврдуваат дека мерките на СДСМ даваат резултати, со кои економијата се враќа во нормала.

„СДСМ како одговорна партија продолжува со креирање и реализација на мерки за помош на погодените од кризата, како и со ефикасни политики што ќе овозможат рестарт на економијата и враќање на претходните стапки на раст“, се наведува во соопштението.

Соопштенија

Предности и поволности на новата Халки картичка за деца

Објавено пред

Сите деца на возраст од 9 до 15 години сега може да имаат своја банкарска картичка која ќе им помогне да научат одговорно да располагаат со парите и да штедат, но и да им се најде во ситуации кога итно им требаат пари, а родителите не се дома. Првата картичка за деца во земјава, која ја воведе Халкбанк пред неколку недели, е корисно и практично решение и за најмалдите и за нивните родители.

dobivaj vesti na viber

Дебитната картичка Халки може да се добие преку брза и едноставна процедура во која било филијала на Халкбанк во Македонија со присуство на двајцата родители/старатели. Таа овозможува низа предности и поволности за брзи, едноставни и безбедни трансакции преку интернет и во малопродажба. Особено е важно што, за разлика од користењето готовина, родителите имаат целосна контрола колку средства троши нивното дете и за која намена.

Во продолжение наведуваме дел од главните карактеристики на Mastercard Junior картичката на Халкбанк наменета за деца на возраст од 9 до 15 години.

  • Нула денари трошоци за отворање, водење и одржување сметка
  • Бесплатни СМС известувања за родителот/старателот за секоја трансакција
  • Можност за одредување лимит на дневна сума на платежната картичка
  • Повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во земјата и странство
  • Бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот на сметката на детето
  • Можност за дигитализирање на картичката на Apple Pay/Google Pay/Fidesmo Pay
  • Без надоместок за издавање на платежната картичка до 31.03.2026 година

Еден од најголемите бенефити од користењето сопствена картичка е поттикнувањето финансиска писменост на децата. На овој начин тие може да научат како да располагаат со месечен буџет, да штедат, да плаќаат безбедно на интернет и генерално како одговорно да ги трошат финансиските средства.

Исто така, поседувањето картичка овозможува префрлање пари од сметката на родителот на сметката на детето за само неколку минути. Ова е особено корисно кога родителот е на работа или на патување, а на детето итно му требаат пари за некоја намена или кога едноставно заборавило да понесе готовина со себе.

Во време на дигитализација и брз начин на живот, Халки картичката за деца е иновативно и корисно решение креирано за специфичните потреби и на децата и на родителите. Халкбанк постојано работи и инвестира во зголемување на финансиската писменост на децата, а оваа активност е дел токму од тие напори на банката.

 

(ПР)

Прикажи повеќе...

Соопштенија

„Sport Life“ ги израдува со новогодишни пакетчиња децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби

Објавено пред

Радост и празнично расположение кај децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби, при посетата на претставниците на „Sport Life“ обложувалници.

dobivaj vesti na viber

Тие им подарија новогодишни пакетчиња на 70 деца во групните домови за деца без родители од ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје, исто така и на верните пријатели од Здружението регионален центар за лица со интелектуална попреченост – „ПОРАКА НАША“ Куманово, а оваа година 32 пакетчиња беа доделени и на Здружението за рехабилитација и инклузија на лицата со даунов синдром – Дневен центар „ДОЗА СРЕЌА“ во Скопје.

„Ова е петта година по ред, во која во пресрет на Новогодишните празници, сакаме да ја подигнеме свесноста за децата од ранливите категории и лицата со посебни потребни, т.е. оние кои секојпат треба да бидат во нашите мисли и дел од општествената одговорност на компаниите.

Се надеваме дека оваа наша посета и донација, ќе им донесе многу насмевки и среќа и ќе им ги разубави Новогодишните празници. Оваа благородна традиција е дел од нашата визија за похумано и инклузивно општество и истата ќе продолжи и во иднина“ – изјави Петар Поцков, маркетинг директор на „Sport Life“.

Воедно, „Sport Life“ обложувалниците им посакуваат среќни Новогодишни и Божикни празници, на сите граѓани, со желби за здравје, мир и благосостојба.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Мукаетов: „Алкалоид“ го продолжи трендот на континуиран годишен раст и реализираше значаен дел од својата ESG-стратегија

Објавено пред

Во „Алкалоид“ посветеноста, економичноста и ефикасноста ги кренавме на највисоко можно ниво, настојувајќи максимално да ги оптимизираме процесите во компанијата потпирајќи се на нашиот највреден ресурс – луѓето, вели Живко Мукаетов, Генерален директор и претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје.

dobivaj vesti na viber

Тој вели дека компанијата и оваа година го продолжи трендот на континуиран годишен раст и реализираше значаен дел од својата ESG-стратегија.

„Го добивме бронзениот медал од EcoVadis (глобално призната платформа за оцена на одржливоста), со што се позициониравме меѓу водечките субјекти во регионот во поглед на транспарентноста и примената на одржливи практики“, вели меѓу другото Мукаетов.

Целото обраќање е објавено во видеото:

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Во Охрид најкритично во Далјан, се излеа и Кочанска река – извештај за состојбата по обилните дождови

Обилните врнежи на дожд предизвикаа зголемен водостој на реките и локални излевања во повеќе делови од државата, информира Центарот за...

Македонија3 часа

Евакуирани околу 110 лица по поплавите во Кичево, обезбедено привремено сместување и итна помош, отворена и сметка за донации

Поради обилните врнежи и зголемениот водостој на реките, во Кичево дојде до поплавување на населени места и земјоделски површини, при...

Македонија5 часа

Мицкоски му одговори на Филипче: Имаме незрела, безидејна и неодговорна опозиција

Имаме неодговорна, неконструктивна, незрела и безидејна опозиција која се служи со вакви квалификации како што денеска ги слушнавме од господинот...

Македонија6 часа

(Видео) Филипче: Средба со криминалци нема да има

Средба со криминалци нема да има. Нема средба за техничката влада, Мицкоски е во тесно, му се брза и бара...

Македонија6 часа

(Фото) ДЗС: 30 полски кревети за евакуираните лица во Кичевско, во Ресенско со пумпи се вадеше навлезената вода од подруми и куќи

Подрачно одделение на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Кичево, во овие два дена и сношти, учествуваше во теренските активности...

Македонија7 часа

Нова состојба по обилните врнежи: Поплавени подруми и куќи во Охрид, Кичево, Битола, Тетово и Гостивар

Центарот за управување со кризи ја објави новата состојба до 13 часот по обилните врнежи од дожд во земјава. Во...

Топ7 часа

Лажен лекар измамил 77-годишна штипјанка за сума од 700.000 денари

Вчера во 16:30 часот во СВР Штип, 77-годишна жена од Штип пријавила дека била измамена од едно лице за сума...

Македонија7 часа

Синдикат на култура: Преседан во културата, министерот Љутков повторно против колективните договори

Министерот за туризам, „културно“, но доста ехидно и веќе видено (за Велигден), сега им ја честиташе Новата година и божиќните...

Македонија8 часа

Валбон Лимани претстави 3 проекти: 345 нови паркинг-места и трансформација на центарот и градскиот парк во Гостивар

Кандидатот за градоначалник на Гостивар од Националната алијанса за интеграција, Валбон Лимани, претстави три проекти: 345 нови паркинг-места и трансформација...

Свет11 часа

Трамп одобри нова казна за Путин? „Даде зелено светло“

Американскиот претседател Доналд Трамп даде зелено светло за законски предлог за нови санкции против Русија, изјави синоќа републиканскиот сенатор Линдзи...

Европа11 часа

Зеленски предложи САД да го киднапираат Кадиров, стигна одговор од Чеченија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика САД да го зголемат притисокот врз Русија со киднапирање на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров,...

Свет12 часа

(Видео) Топлотен бран ја погоди Австралија, властите предупредуваат на „катастрофален“ ризик од пожари

Делови од Австралија в петок го очекуваат катастрофални услови на избувнување пожари, бидејќи топлотен бран го погоди поголемиот дел од...

Европа13 часа

Сикорски: Варшава е отворена за распоредување германски трупи во Полска

Варшава е отворена за евентуално распоредување на германски трупи во Полска во обид да се обезбеди прекин на огнот во...

Европа13 часа

(Видео) Руски независни медиуми: Путин го прослави Божиќ во тајна воена база

Рускиот претседател Владимир Путин очигледно не го прославил овогодинешниот православен Божиќ во една од познатите московски катедрали, туку во црква...

Македонија13 часа

Поради снег забранет сообраќај за камиони на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан

Од 05.15 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга...

Свет13 часа

Трамп: Венецуела од профитот од нафтата ќе купува само американски производи

Претседателот на САД, Доналд Трамп извести дека Венецуела ќе ги користи своите приходи од нафта за купување исклучиво американски производи....

Македонија22 часа

Одрони, излевања и поплави на повеќе локации – во Кичево евакуирани 60 луѓе во спортска сала поради поплавени домови

Директорот на Центар за управување со кризи, Мухамед Али, заедно со дежурните екипи на бројот за итни повици 112 и...

Македонија23 часа

Поплавени улици во Битола, мобилизирани јавните претпријатија

По обилните врнежи од дожд што вечерва предизвикаа поплавување на улици низ Битола, екипи на ЈП „Нискоградба“ и други јавни...

Македонија1 ден

Мицкоски најави лидерска средба на која би се зборувало за укинување на техничката влада

Премиерот Христијан Мицкоски во текот на утрешниот ден ќе упати покани до политичките партии за лидерска средба, на која би...

Македонија1 ден

Мицкоски за бугарската формулација „достапен јазик“ наместо македонски: Не е во прашање само Уставот, туку редефинирање на македонскиот идентитет

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, ја коментираше формулацијата „достапен јазик“, наместо македонски јазик, што ја употреби Министерството за...