Соопштенија
СДСМ: Силјановска не сака да добиеме датум за преговори со ЕУ

„Гордана Силјановска, исто како Христијан Мицкоски, зборува секој ден дека Република Северна Македонија нема да добие датум за преговори со ЕУ во јуни. Исто како Мицкоски, и Силјановска не сака да добиеме датум за преговори со ЕУ. Јасно е, Силјановска е против напредокот на земјата“, соопшти СДСМ.
Според партијата, нејзините желби, како оние на Мицкоски, Иванов и Груевски, нема да се остварат.
„Република Северна Македонија тргна напред и враќање назад нема да има. Силјановска, Мицкоски и Иванов треба да знаат дека и покрај опструкциите и блокадите, Република Северна Македонија ќе продолжи да чекори напред, ќе добие датум за преговори со ЕУ и ќе биде полноправна членка на Унијата. Граѓаните ќе изберат претседател кој ќе гледа и ќе води напред, ќе го изберат Стево Пендаровски“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
(Видео) Лабудовиќ: Центар ќе обезбеди еднакви можности за сите

„Во современ Центар нема место за поделби – има место за луѓе“. Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, истакна дека инклузивноста, човечката достоинственост и еднаквите можности ќе бидат основата на новиот модел на локално управување во Центар.
„Центар мора да биде пример за општина која не остава никого зад себе. Ќе обезбедиме еднакви можности за сите – без исклучок. Ќе отвориме дневни центри за децата со попреченост, со современи услови и стручна поддршка, а ќе воспоставиме и програми за нивна целосна инклузија во образованието“, изјави Лабудовиќ.
Во фокусот на новите политики ќе бидат социјалната грижа и локалната економија – два стожери на човечка и функционална општина.
Општината ќе спроведе проект за формирање дневни центри и „Сениор Центар“ за пензионери и ранливи категории, како и програми за поддршка на самохрани родители, лица со попреченост и бездомници.
Дополнително, ќе се воведе и проект „Топол оброк“ за бесплатни или субвенционирани оброци за најзагрозените, се наведува во соопштението.
„Грижата за најранливите не е само прашање на хуманост – тоа е прашање на визија и вредности. Општина што се грижи за најслабите е општина што расте со најсилните“, потенцираше Лабудовиќ.
Паралелно, тој најави силен фокус на локалниот економски развој и поддршката на малите и семејни бизниси, кои се двигател на Центар.
Со формирање на општински фонд за мали и средни бизниси, Општината ќе обезбеди финансиска и советодавна помош за нови претприемачи, стартапи и занаетчии.
Ќе се организираат саеми на локални производи, како и програми за модернизација на трговските улици и пазарите, за подобрување на условите за работа на малите стопанственици, се вели во соопштението.
„Центар има талент, има креативност и има можности. Нашата цел е младите да ја гледаат својата иднина токму овде – да основаат сопствени бизниси, да создаваат вредност и да останат во својата земја“, изјави Лабудовиќ.
„Нашата визија е едноставна – општина која не дели, туку спојува. Каде секој глас е слушнат, секој труд е вреднуван, и секој граѓанин чувствува дека припаѓа. Само така ќе создадеме Центар кој живее, дише и расте со сите нас,“ заврши Лабудовиќ.
Со овие системски решенија, Центар ќе стане модерна, праведна и човечна општина – општина што ги штити вредностите, го поддржува развојот и создава можности за сите, се додава во соопштението.
Соопштенија
Герасимовски: Со ограничувањето на движењето на возилата во Дебар Маало го растоваруваме сообраќајот во населбат

Кандидатот за градоначалнк и актуелен градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, заедно со идните советници поделени во тимови, синоќа беа на терен „од врата до врата“ во Дебар маало и околу Градскиот парк. Тие посетија повеќе од 200 домаќинства кадешто разговараа за сработеното во изминатите четири години, но и за проектите што се предвидени да се реализираат во новиот мандат.
Герасимовски, потенцираше дека во изминатиот мандат Општината покажала дека може да функционира чесно, отчетно и транспарентно.
„Инвестиравме во градинки, училишта, паркови, улици и јавни услуги што се од голема важност за нашето секојдневие. Граѓаните беа вклучени во процесите на одлучување и заедно креиравме политики за подобар живот. Доделивме многу стипендии и субвенции, организиравме многу културни и забавни настани, средби со граѓани, отворени денови, форумски сесии со што Општина Центар ја изградивме во пример на отворена локална власт која работи за доброто и во интерес единствено на своите граѓани“, рече Герасимовски.
Жителите на Дебар Маало ја поздравија одлуката на Герасимовски за ограничувањето на движењето на возилата на Дебар Маало со што ќе се растерети сообраќајот во оваа населба.
„Еден од главните проекти е иницијативата за ограничување на движењето на возилата во Дебар Маало. Со овој проект предвидено е затворање на сообраќајот за викендите, почнувајќи од петок во 18:00 часот, па сѐ до понеделник во 06:00 часот. Во тој период, поставуваме рампи на четири клучни локации, со што значително го намалуваме метежот и бучавата, а ќе се овозможи и повеќе простор за пешаците, велосипедистите и за жителите да уживаат во мирна и безбедна средина“, изјави Герасимовски.
Тој потенцира дека влез ќе биде дозволен исклучиво за граѓаните кои живеат во Дебар Маало и ќе поседуваат специјални дозволи издадени од Општината.
За останатите возила ќе постои можност за кратко задржување до 15 минути, со цел да се овозможи достава или извршување неопходни обврски, но со строго регулирани правила.
Соопштенија
Атанасовски: Современи училишта, бесплатни оброци и униформи за учениците во Македонска Каменица

Следниот мандат го продолжуваме со силен фокус на образованието и младите, затоа што тие се нашата најголема вредност и иднината на Македонска Каменица. Во првите две години, целосно ќе го реконструираме Средното општинско училиште Миле Јаневски-Џингар и спортското игралиште во Основното училиште Свети Кирил и Методиј, вели Димчо Атанасовски, кандидат за градоначалник на општина Македонска Каменица од ВМРО-ДПМНЕ.
Најави дека ќе продолжи да ги подобрува условите за квалитетна настава со современа опрема и напредни наставни помагала.
„За поголема безбедност на нашите деца, ќе ги уредиме училишните дворови и ќе поставиме ново осветлување и заштитни огради. Секое дете до петто одделение ќе добива бесплатен оброк и училишен прибор, а сите ученици до деветто одделение ќе имаат бесплатни униформи.
Ќе го доопремиме подрачното училиште во село Моштица и ќе изградиме ново спортско игралиште за младите. Ќе вложиме и во средното образование, преку поддршка на стручните насоки, практична настава и соработка со локалните компании, за младите да добијат повеќе можности и причина повеќе да останат дома покрај своите во Македонска Каменица. Нашата цел е јасна, подобро, модерно и достапно образование за секое дете.
Затоа што млада и образована Македонска Каменица значи силна и развиена општина.
Со вашата доверба ќе продолжиме да градиме место каде секое дете ќе има еднакви можности за учење, развој и успех. Затоа на 19 октомври ве повикувам да ја дадете вашата поддршка.
Гласот за број 9 за Димчо Атанасовски, кандидат за градоначалник и за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ од Коалицијата „Твоја Македонија“ коалицијата предводена од Гоце Стоиловски, е глас за продолжување на развојот на нашата општина“.