Соопштенија
СДСМ: Срам е Дурловски да бара мандат од граѓаните
„Срамно е што Дурловски претендира да ги претставува жителите на својот роден град Битола, а притоа да не ја познава основата на својата таканаречена програма. Што точно Дурловски сака да гради? Пат врз постоечкиот пат? Патишта кои ние за само три кратки години ги изградивме и рехабилитиравме? Од што ќе ги градиш Дурловски овие фиктивни патишта? Од провизијата од 200.000 евра за упад во собранието и обид за убиство на пратеници? Јавноста заслужува одговор на овие прашања! Ти претендираш да ги застапуваш граѓаните во македонското собрание. Или таму си за секој случај?“, се вели во соопштението на СДСМ.
„Дозволи да те потсетиме ние што направивме: Изградивме и рехабилитиравме 7 патни правци, во должина од 38 км, во вредност од 4,322,601 евра (Битола–Новици, Обиколница на Битола, Р1101 Кл. Крклино – Влез Битола – Братин Дол, Лозани – Вашерејца, Бистрица – Драгош, Скочивар – Коњарка, Битола – Демир Хисар).
Тампонирање на улици во с.Кишава, уредување на улици и пат до црквата во с.Драгарино, Кикуречани, Раштани, Крклино, Драгарино, санација и реновирање на улиците во с.Поешево, Логоварди, санирање на полски патишта во с.Габалавци, осветлување и асфалтирање на улиците во Г.Оризари. Реконструкција на 14 улици во АРМ 1 и АРМ 2 во вредност од 155.000,000 денари. Асфалтирање на улица Широка во вредност од 3.300,000 денари. Асфалтирана улица Леринска во вредност од 2.500,000 денари. Реконструкција на дел од бул. Први мај – нов коловоз и водовод и канализација со вкупна вредност од 3,397,444 денари). Имаме и 43 проекти во тек (поплочување на пешачки патеки, сообраќајна сигнализација, тротоари, реконструкција и поправки на улични коловози, мостови и полски патишта во рурални средини). Ова е затоа што знаеме и можеме. Што можеш ти Дурловски?“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Митески: Паметен пристап до паркирањето, практично, економично и безбедно решение за Аеродром
Градоначалникот на Општина Аеродром и кандидат за нов мандат, Дејан Митески, најави решение за еден од најчестите проблеми со кои секојдневно се соочуваат граѓаните – недостатокот на паркинг места и хаосот во сообраќајот.
„Наместо нереални ветувања за катни гаражи кои бараат години и милионски буџети, општината се насочува кон брзо и практично решение, воведување еднонасочни улици со обележани ленти за паркирање. Не можеме да изградиме катна гаража за шест месеци, но можеме за шест месеци да обезбедиме до 800 нови паркинг места“, истакна Митески, додавајќи дека ова решение се базира на користење на постојната инфраструктура, без дополнителни големи трошоци.
Тој кажа дека оваа стратегија носи три големи придобивки за жителите на Аеродром: прво, значително се зголемува бројот на достапни паркинг места во густо населените зони, со рационално искористување на секој метар улица, второ, создава можност за воведување велосипедски патеки на делови каде што ширината тоа го дозволува, поттикнувајќи здрави и еколошки навики и трето, самата организација на еднонасочните улици природно го намалува брзото движење на возилата, придонесувајќи кон побезбедно и покултурно сообраќајно однесување.
„Со новиот сообраќаен режим, улиците ќе станат поуредени, побезбедни и попрактични. Наместо да вложуваме време и средства во невозможни проекти, се фокусираме на решенија што граѓаните ќе ги почувствуваат веднаш“, рече Митески.
Соопштенија
Ристески: Комплетна реконструкција на улицата Јане Сандански, продолжуваат инфраструктурните проекти во Македонски Брод
Комплетна реконструкција на улицата „Јане Сандански“, продолжуваат инфраструктурните проекти во Македонски Брод, вети Жарко Ристески, кандидат за градоначалник на општина Македонски Брод од ВМРО-ДПМНЕ.
„Денес, заедно со мојот тим извршив увид во градежните активности кои се одвиваат на крак од улица „Јане Сандански“. Вршиме целосна реконструкција на оваа улица, односно реконструкција на коловозната лента, пешачките патеки, подземните инсталации, а исто така ќе вградиме хоризонтална и вертикална патна сигнализација. Македонски Брод, во градското подрачје добива уште една безбедна улица“, рече тој.
Соопштенија
„Влен“: Гласот за НАИ е глас за Левицата
„Тежок политички скандал на овие избори се случува во Тетово. Фотографијата што кружи во медиумите, на која се гледа претставникот на НАИ во Тетово, Арди Исмаили, на средба со кандидатката на Левица, Катка Божиновска, е најјасен доказ дека оваа коалиција е подготвена да продаде каква било национална вредност само за да добие власт“, велат од „Влен“.
„Да не заборавиме која е Левица, партија која: јавно ги навреди Албанците, се изјасни против независно Косово, се спротивставува на членството во НАТО, побара затворање на џамиите и ограничување на правата на Албанците!
И денес, НАИ седи на маса со нив, за валкан изборен договор. Ова не е политика, ова е срамна зделка. Ова не е стратегија, ова е морален колапс.
Сега на секој граѓанин му е јасно: за да го задржат своето фотелја, тие се подготвени да се продадат на секоја сила што ги мрази Албанците.
Тетово, Дебар, Струга и секоја албанска општина треба да знаат, на 2 ноември, гласот за НАИ е глас за Левица, за антиалбанство и за политички срам. Додека ВЛЕН, со својот кандидат Билал Касами во Тетово, Фисник Мела во Дебар и целиот свој тим, претставува достоинство, развој и иднина.
Албанците не се пазарат со оние што ги навредиле. Албанците не се продаваат. Тие гласаат за промената што ВРЕДИ!“, се наведува во соопштението на „Влен“.

