Соопштенија
СДСМ: Третиот пакет-мерки дава поддршка на 730.000 корисници
Третиот пакет економски мерки ќе ги заживее домашните економски дејности, ќе ги трансформира и модернизира со цел да се создадат услови за динамичен раст и нова развојна македонска економија. Новите економски мерки се системски решенија и нудат директна финансиска поддршка за зголемување на потрошувачката, поддршка на стопанството, земјоделството и туризмот, но и награда за најизложените здравствени работници во знак на благодарност за нивната работа, соопшти СДСМ.
Според партијата, во првиот столб од третиот сет мерки е предвидено воведување платежни картички вредни 9.000 денари за речиси 100 илјади граѓани. Со оваа поддршка ќе се стимулира понудата на домашни производи и услуги со директна парична поддршка од државата преку потрошувачката на граѓаните.
Корисници на платежната картичка може да бидат невработени лица, баратели на работа, кои немаат над 15.000 денари месечни приходи, како и примателите на гарантирана минимална помош. Вредноста на оваа мерка е 16 милиони евра.
Новиот економски пакет е насочен и кон активирање на домашниот туризам преку ваучер во износ од 6.000 денари за користење во домашните сместувачки капацитети, а граѓаните ќе добијат и платежна картичка од 3.000 денари за купување домашни производи и услуги.
Со оваа мерка се опфатени сите вработени граѓани што примаат нето-плата помала од 15.000 денари месечно и немаат други приходи. Тоа значи дека, без разлика на месечните примања на едно домаќинство, членовите од семејството што имаат лични примања под 15.000 денари месечно може да бидат корисници на домашниот туристички ваучер и платежната картичка. Вредноста на оваа мерка е 16 милиони евра. Во фокусот на третиот пакет економски мерки се и младите за кои се предвидени три мерки: парична поддршка за млади дo 6.000 денари за покривање партиципација на универзитет или за сместување во студентски и ученички домови и во регистрирани сместувачки капацитети и кои доаѓаат од семејства со ниски приходи. Платежна домашна картичка од 3. 000 денари за домашни производи и услуги и ваучери до 30.000 за кофинансирање обуки за ИТ и дигитални вештини, со цел да бидат конкуренти на пазарот на труд. Вредноста на овие мерки за млади се речиси 12 милиони евра и и опфаќа 100.000 млади.
„Во име на посветеноста на здравствените работници, кои се бореа во првите редови во битката со Ковид-19 и во знак на благодарност, Владата предводена од СДСМ ќе ги награди докторите и медицинскиот персонал на инфективните клиники и одделенија, на Универзитетската клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, На Институтот за јавно здравје и во центрите за јавно здравје, како и сите членови на тимовите од итната медицинска помош, и тоа со 20 отсто повисока плата за два месеца, која ќе биде исплатена преку домашна платежна картичка.
Економските мерки, кои се со цел да ја заздрават и заживеаат македонската економија, предвидуваат и викенд без ДДВ за сите граѓани што преку поевтини цени, ќе поттикнат потрошувачка и раст на приходи во домашните производствени и продажни капацитети, како што се продавниците за гардероба, бела техника, мебел, санитарија, школски прибор и книги. На овој начин граѓаните ќе добијат поголем поврат на ДДВ од сегашниот модел и преку постојното софтверското решение „Мој ДДВ“. Се очекува преку оваа мерка 20 милиони евра да се слеат назад во стопанството. Вториот столб од овој сет мерки нуди директна поддршка на македонското стопанство – иновативност и развој за зачувување на постојните и за нови работни места. Преку бескаматните кредитни линии за сите микро и мали компании, во вредност од 31 милион евра, преку Развојната банка на Северна Македонија, обезбедени се 30 отсто грант како поддршка за жените, младите, фирми што воведуваат дигитализацијата во бизнисот или, пак, се извозно ориентирани. Ќе се инвестираат нови 1,6 милион евра за развој на иновативни продукти и услуги преку ФИТР преку мерката поддршка за развој на домашни стартап-продукти и услуги.
Со третиот столб од овој сет мерки е предвидена и поддршка за земјоделците. Аграрниот сектор ќе биде поддржан со 5 милиони евра преку Развојната банка. По ланското субвенционирање од 30 отсто за зелена нафта, преку платежната картичка за субвенционирање зелена нафта за земјоделците, субвенцијата ќе се зголеми на 50 отсто. Оваа мерка ќе опфати 50.000 земјоделци, а вредноста е 4,6 милиони евра. Вредноста на новиот трет сет економски мерки изнесува 355 милиони евра и со него ќе бидат опфатени 730.000 корисници. Вкупниот влог во новата развојна македонска економија, трите пакет-мерки изнесуваат 550 милиони евра или од 5 до 5,5 отсто од БДП. Со ефектите од економските мерки од првите два пакета се создаваат услови за динамичен раст и нова развојна македонска економија“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Таткото троши – ќерката плаќа: смена на улогите во новата реклама за картичката за деца на Халкбанк
Замислете кога во одреден момент со парите би управувале децата. Тие да можат да одлучат што да се купи, а што не или колку може да се потроши за чоколади и за слатки. Тие да кажат дали овој месец ќе заштедат или ќе го потрошат целиот буџет.

Во ваква улога се најдоа познатиот македонски актер Сашко Коцев и неговата 9-годишна ќерка Јоана, на снимањето на рекламата за првата платежна картичка за деца на Халкбанк. Станува збор за иновативен производ, наменет за деца од 9 до 15 години, кој ним им овозможува да стекнат финансиски навики, додека родителите имаат целосна контрола на тоа каде и колку трошат нивните деца.
Рекламата за картичката Халки се случува во слаткарница. Таткото е возбуден и сака да нарача сè од менито, но за тоа мора да побара дозвола од ќерката. Таа, од друга страна, е смирена и рационална и не дозволува да се претера со нарачките, но и конзумирање на слатко. На крајот, ќерката ја плаќа сметката со својата Халки картичка.
„Целта на кампањата е на забавен начин, со доза хумор, да покажеме дека децата знаат да се однесуваат одговорно кон финансиите доколку им се дозволи и им се покаже како да го прават тоа. Практично, идејата за креирање на првата картичка за деца и тинејџери до 15 години во Македонија е токму тоа – да им помогне да научат како да располагаат со одредена сума пари, да го планираат неделниот или месечниот џепарлак и да стекнат навики за штедење. Секако, со помош и со контрола на родителите“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Mastercard Junior дебитната картичка овозможува низа поволности како повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во Македонија и во странство, бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот или старателот на сметката на детето. Исто така, родителот има можност за поставување лимити на платежната сметка на детето, блокирање на картичката преку електронско банкарство во случај на губење, СМС инфо без надоместок на мобилниот број на законскиот застапник/старател и можност за дигитализирање на картичката на Google Pay или Apple Pay.
Процедурата за аплицирање за картичката за деца е едноставна и може да се направи во сите филијали на Халкбанк, а сите апликации до крајот на март годинава се ослободени од трошоци за издавање на картичката.
(ПР)
Соопштенија
ЕДС официјален поддржувач на Олимпискиот комитет за спортскиот циклус 2026
Со потпишувањето на спонзорски договор со Олимписки комитет на Северна Македонија, ЕДС официјално станува дел од Олимпиското семејство како Официјален поддржувач за време на клучниот спортски циклус во 2026 година.
ЕДС ќе даде поддршка на Олимпискиот комитет во период што опфаќа неколку од најзначајните меѓународни спортски настани, меѓу кои Зимските олимписки игри Милано–Кортина 2026 и Медитеранските игри во Таранто.
Со оваа соработка, ЕДС ја потврдува својата заложба за поддршка на спортот, младите и вредностите што ги промовира олимпиското движење – фер-плеј, извонредност, посветеност и заедништво.
„Ова партнерство за нас претставува многу повеќе од спонзорство. Тоа е јасна поддршка на вредностите што ги делиме со олимпиското движење – дисциплина, истрајност и стремеж кон извонредност. Горди сме што, преку соработката со Олимпискиот комитет на Северна Македонија, ќе бидеме дел од еден значаен спортски циклус и ќе придонесеме кон промоција на домашниот спорт на меѓународната сцена,“ изјави главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски.
Спонзорството ја зацврстува позицијата на ЕДС како општествено одговорна компанија, која континуирано инвестира во иницијативи со долгорочна вредност за заедницата и придонесува кон позитивен општествен развој.
ПР
Соопштенија
Лото и Џокер на само еден клик од тебе – играј онлајн и пробај ја среќата во зимските денови
Во зимските денови, кога се поминува повеќе време дома, Државна лотарија им овозможува на граѓаните практична можност за забава и добивки. Сите љубители на игрите на среќа може да ја испробаат својата среќа преку едноставната и сигурна платформа за играње лото и џокер онлајн на официјалната веб-страница loto.mk.
Со само еден клик, секој може да го уплати своето лото-ливче брзо и сигурно, без потреба од чекање во редици. Резултатите се проверуваат на едноставен начин, а платформата е достапна секогаш и секаде, овозможувајќи им на корисниците да играат кога сакаат и каде сакаат.
Започнувањето на годината со можност за големи добивки претставува дополнителен поттик граѓаните да си ја испробаат среќата. Играњето лото онлајн не е новитет, туку веќе докажана и практична алатка што им овозможува на играчите лесно и сигурно да бидат дел од возбудата на најпознатата игра на среќа во земјата.
Државна лотарија со оваа дигитална алатка ја потврдува својата посветеност кон создавање едноставни и достапни решенија што ја збогатуваат секојдневната забава на граѓаните. Онлајн уплатата претставува уште еден начин компанијата да биде поблиску до своите играчи, овозможувајќи им удобност, сигурност и можност за големи добивки – токму во моментите кога сакаат да се забавуваат.
Игрите на среќа се наменети само за лица над 18-годишна возраст. Државна лотарија постојано потсетува дека играњето треба да биде одговорно и умерено, со јасна порака дека тие се пред сè форма на забава што може да донесе возбудливи добивки.
Државна лотарија, како општествено одговорна компанија, ја афирмира својата посветеност кон одговорното играње, обезбедувајќи средина што е сигурна и контролирана. Со тоа се гарантира дека игрите на среќа остануваат во рамките на целта за која се создадени – предизвик, забава и возбуда.
ПР

