Соопштенија
СДСМ: Функционери на ВМРО-ДПМНЕ масовно ги кршат мерките и забраните

„Функционери на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со незрело и несериозно однесување, опасно за здравето и масовно ги прекршуваат мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот“, соопшти СДСМ.
Според партијата, претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп Петар Ристески, веројатно инспириран од својот шеф Христијан Мицкоски, вчера ги прекшрил забраните за масовни собири.
„Ристески со поголем група луѓе, без дистанца и без никаква заштитна опрема тера партиска агенда, додека неговата партија секојдневно глуми загриженост за здравјето на граѓаните.
Класично лицемерно однесување на антинародното ВМРО-ДПМНЕ, глуми загриженост за здравјето на граѓаните а нивни фунцкионери од Мицкоски па надолу секојдневно ги кршат мерките и забраните и го загрозуваат јавното здравје. Ваквиот несериозен, неодговорен и опасен однос на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ќе биде казнет од граѓаните“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Самит на Македонија 2025 – Просперитет, технологија, иновации

На 12-ти и 13-ти мај, во хотелот „Мериот“ во Скопје, ќе се одржи 14-то издание на Самитот на Македонија2025. На настанот се очекува да присуствуваат над 550 гости, домашни и меѓународни лидери, претставници на домашни компании и компании од регионот и дијаспората, претставници на академската заедница, невладини организации, како и млади лидери.
Официјалното отворање на Самитот е закажано за 12-ти мај со воведни обраќања на претседателот на Одборот на директори на Македонија2025, Виктор Мизо и извршната директорка, проф. д-р Никица М. Блажевски.
Главните теми на Самитот ќе бидат обработени во 14 панел сесии на кои ќе учествуваат 36 врвни говорници од Македонија и светот. Фокусот ќе биде ставен на потребата од забрзан економски раст и моделите како тој да се оствари, како и на дигиталната трансформација, иновациите, привлекувањето странски инвестиции и борбата против корупцијата. На панелите и преку интервјуа со глобални и домашни лидери, ќе се дискутираат конкретни решенија и добри меѓународни практики за конкурентна, одржлива и поврзана Македонија.
Во рамки на Самитот, ќе се организираат и пет лидерски средби, два настани за вмрежување и осум засебни обуки и работилници за компании, млади таленти и владини институции. На овие настани ќе присуствуваат говорниците од Самитот и членовите на Одборот на директори на Македонија2025. Активностите поврзани со Самитот ќе завршат на 15-ти мај.
Самитот на Македонија2025 е регионален настан со најдолга традиција чија цел е размена на искуства и нови трендови, вмрежување на компаниите од регионот и дијаспората, како и инспирирање на промени во Југоисточна Европа.
Повеќе информации за Самитот се достапни на веб-страница на Македонија2025: https://macedonia2025.com/summit-2025/.
ПР
Соопштенија
Кога другите прашуваат „Зошто?“ ти сврти на Smooth и кажи „Зошто не?“

Во свет што сè побрзо се движи, Скопско Smooth нè потсетува дека понекогаш е доволно само едно мало „вртење“ за да направиме пауза и вистински да уживаме – на свој начин, без притисоци.
Aвтентичноста носи свежа перспектива, а да се биде свој е секогаш освежувачки. Тоа е оној момент кога на прашањето „Зошто?“, ти решаваш да кажеш „Зошто не?“. Afterwork во градина? Роденден на планина? Џакузи на тераса? Зошто не?
Smooth ги слави сите оние моменти кога сфаќаме дека не мора да се вклопиме во нечија рамка, да ги следиме сите норми или трендови. Кога сме свои, без извинувања, светот ни се отвора со нови уживања и свежи моменти. Во таа автентичност ја наоѓаме храброста да живееме отпуштено и да уживаме во малите нешта во животот.
Новиот ТВ-спот „Сврти на Smooth“, кој преку свежа, инспиративна и визуелно привлечна приказна нè повикува да се поврземе со себе и да уживаме вистински – на состанок со мајка ни, џакузи во двор, или во маало со другарите и Smooth в рака.
Како и досега, Скопско Smooth продолжува да ја поддржува македонската музика, овој пат преку соработка со младата група КЕМ, чијашто песна „Трипати“ е музичка подлога на спотот. Со својата игривост и фанки енергија, песната е совршен партнер за сите моменти кога вртиме на Smooth.
А кога ќе свртиш на Smooth и ќе си дозволиш момент на вистинска свежина – животот станува поедноставен. И поубав.
ПР
Соопштенија
GLEY – единствено место во дигиталниот свет со над 1.200 епизоди за деца на македонски јазик

Дали денешните деца доволно го зборуваат, разбираат и чувствуваат својот мајчин јазик?
Истражувањата на УНЕСКО, кој се залага за зачувување на светското јазично наследство, покажуваат дека квалитетното образование на мајчин јазик од најмала возраст ги подобрува академските резултати кај децата, ја зголемува нивната самодовербата и го зачувува културното наследство. Од тука се наметнува и потребата да сме упорни и во најмладата возраст да ги опкружиме децата со јазикот што треба да го чуваат.
Потребата од најмлада возраст децата и на дигиталните платформи да се опкружат со мајчиниот јазик, за поетесата и професорка по македонски јазик и литература Ана Голејшка Џикова македонскиот јазик е прекупотребно затоа што тој е првиот дом на детето. Впрочем јазикот го обликува идентитетот на начини што се протегаат многу подалеку од комуникацијата, со особено значење за време на образованието во детството.
„Учењето на македонски јазик од најмала возраст е насушно, прекупотребно, единствено само така го зачувуваме она што ни е дадено, наследено, а тоа е нашиот прв дом – јазикот. Преку содржини на македонски, во дигиталниот свет децата не само што го учат и усовршуваат јазикот, тие ја препознаваат и виталната можност да се поврзат со јазикот кој им е широко пространство за откривање, когнитивно и имагинативно. Тој не е само средство за комуникација, туку е и средство за креација, нешто што природно им припаѓа на најмалите. Важно е да бидат изложени на македонскиот јазик, за да можат и самите да креираат нови зборови. Што повеќе македонски говорители, толку повеќе трајни вредности!“ – објаснува Ана Голејшка Џикова, поетеса, професорка по македонски јазик и литература.
Како јадро на човечкиот идентитет, јазикот во најмладите години суштински влијае на формирањето и на личноста. Децата учат преку гласот на мајката, преку него го разбираат светот, емоциите и ги формираат првите мисли. Затоа и позицијата на мајчиниот јазик во свеста на секое дете е непроменлива и треба да им помогнеме да го развиваат тоа знаење. Со почетокот на формалното образование децата го поврзуваат новото знаење со она што веќе го научиле преку својот мајчин јазик, и ако ги направат овие врски, образованието станува значајно.
„Зошто да говориме на македонски од мали нозе? Зашто тоа е нашиот прв јазик. Тоа е јазикот на мама и јазикот на тато, јазикот на којшто ќе растеме, ќе се вљубуваме, ќе тагуваме и ќе се расправаме, ќе рушиме, но и ќе градиме куќа, мост, светови! Треба да го употребуваме македонскиот јазик од мали нозе за да стоиме цврсто не само врз бастунот на староста, туку и врз сопствената мисла, доследно артикулирана за светот нанадвор од светот што ни е однатре“ – вели Милош Андоновски, театарски режисер и професор по македонски јазик.
Првата македонска стриминг платформа GLEY е создадена токму со таа значајна мисија – да го промовира и зачува македонскиот јазик и култура во дигиталната ера.
„Македонскиот – јазикот кој нѐ зближува. Сакаме на овој начин да го одбележиме и Денот на македонскиот јазик затоа што за нас тоа е и нашата мисија. Ние сме платформа каде целата македонска продукција е добредојдена и лесно достапна за сите гледачи Целата содржина е преведна на македонски јазик, а за децата е сихронизирана затоа што веруваме дека децата ја градат својата иднина преку зборот, културата и припадноста. Соработка со домашните продукции за нас е начин да вратиме на заедницата од која потекнуваме, и за која работиме. Со содржина на мајчин јазик за сите наши граѓани“, вели Дарко Перушески, извршен директор на „СВОД МАСТЕР АД“ и дополнува дека е клучно постојано да се обезбедуваат нови содржини, особено од домашна продукција, кои ќе ги следат интересите на децата додека растат и се развиваат.
„Така го градиме јазичното самочувство и ги зајакнуваме културните врски“, завршува Перушески.
За најмладите нудат безбеден, едукативен и забавен простор каде децата учат и растат со содржина на мајчиниот јазик. Со над 1200 епизоди од повеќе од 30 серии и филмови, синхронизирани на македонски и албански јазик, GLEY станува сојузник на родителите кои сакаат нивните деца да го негуваат својот јазик уште од најрана возраст.
Содржината е достапна преку сите уреди, а дел од детската програма е целосно бесплатна – што е доволно за да се вљубат во македонскиот глас на нивните омилени јунаци. Децата имаат можност да гледаат и до 5 бесплатни епизоди од серии што инаку се во премиум пакетот.
Со GLEY, тие ќе растат со Петко, Биби и Боби, Зоки Поки и Лидија, како и со анимираните ликови на Штрумфовите, Тина и Тони, Блипи Вондер или Нинџа желките – но на јазик што им е близок, топол и свој. Запознајте се со понудата на GLEY.