Соопштенија
СДСМ: Шемите на Груевски со Субрата Рој се асоцијација за криминал, земјиштето на „Џумајлија“ се враќа на земјоделците

Поминаа шест години од погубниот договорот кој владата предводена од носителот на криминалот, Никола Груевски, го склучи со осудениот измамник од Индија, Субрата Рој. Носителот на криминалот, Груевски и соработниците на Субрата Рој, заедно со тогашните министри ги излажаа граѓаните дека ќе се инвестираат 211 милиони евра, ќе се вработат над 2.000 лица и увезат над 20.000 крави. Од силните ветувања, останаа само сликите на Груевски, Ставревски и Рој, велат од СДСМ.
„За разлика од таквиот криминален однос на Груевски, денес Владата предводена од СДСМ ги санира штетите и земјиштото им се враќа на вистинските земјоделци. Низ отворена и транспарентна постапка за земјиштето од агрокомбинатот ‘Џумајлија’ се склучени 8 договори за над 3 хектари, со вкупна површина од околу 714 хектари, при што седум од договорите е за едногодишни култури, а еден за оранжерии. Носителот на криминалот, Груевски, заедно со осудениот измамник од Индија, Субрата Рој, со месеци ги лажеше граѓаните, ветуваше фарми, инвестиции од стотици милиони евра, изградба на хотели, голф-терени и марини, а од сето тоа останаа само криминални проекти и измами“, велат од СДСМ.
Криминалот, деструкцијата и расипништвото, додаваат од партијата, беа симбол на раководството на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Груевски.
„Одбраната на криминалот на Груевски, пак, е суштина на дејствувањето на актуелното антизападно раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од пионот Христијан Мицкоски. Пионот Мицкоски е продолжена рака на неговиот ментор и шеф Никола Груевски. Затоа антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се против ЕУ и НАТО. На антизападниот Мицкоски треба да му биде јасно дека не може да ги одбрани криминалите на неговиот ментор Груевски, ниту на неговите соработници“, велат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
(Видео) Ружински: Рехабилитација на регионалниот пат Берово-Струмица за економски развој

Патот до Струмица е нашата главна врска со еден од најважните економски центри во регионот, вели Петар Ружински, кандидат за градоначалник на општина Берово.
„Со години тој пат е во лоша состојба, небезбеден и полн со дупки, што го отежнува патувањето и транспортот на стоки.
Во соработка со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како врвен приоритет ја поставуваме целосната рехабилитација на овој патен правец.
Тоа значи темелна обнова на подлогата, комплетно нов асфалт и нова модерна сигнализација“.
Според него, подобрата поврзаност значи побрз економски развој и поголема безбедност за сите.
„Заокружете го бројот 9 за проекти кои не поврзуваат“.
Соопштенија
Новотни: Општина Центар не смее да биде трофеј на градежните бизнис интереси

Носителот на листата на советници на „Коалицијата за зелена иднина“ во општина Центар и ко-претседател на зелената партија ДОМ, Антони Новотни, во видео-обраќање ја претстави својата визија за почесна, зелена и пристапна општина со јасни правила што важат за сите.
„Знам како изгледаат заморот и анксиозноста со кои многумина живеат во нашиот Центар — од нечист воздух и врева, до изгубени зелени површини,“ порача Новотни, нагласувајќи дека решението почнува од одговорно управување.
„Чистата општина започнува со чиста совест и правила што важат за сите“, вели Новотни.
Новотни подвлекува дека јавниот интерес мора да биде над поединечните привилегии и бизнис интереси.
„Во Центар, јавниот интерес мора да стои пред туѓите привилегии. Општината не смее да биде трофеј на градежните бизнис интереси,“ нагласува Новотни.
Како приоритети, тој ги наведе зелените и тивки јавни простори, пристапноста „од тротоари до институција“, како и транспарентна трага за секоја општинска одлука.
Говорејќи и од перспективата на лекар, Новотни ја поврза урбаната средина со јавното здравје.
„Како лекар, знам дека квалитетот на урбаното живеење влијае на здравјето. Затоа велам — зелено, чесно и заедно“, порачува Новотни, притоа истакувајќи дека ќе води локална политика што „го штити достоинството на секој човек и го враќа чувството на сигурност во секојдневниот живот.“
„Ни треба зелен, тивок и пристапен простор; ни требаат паркови пред паркинзи. Центар ќе биде општина за живеење, а не за преживување. Ако ова е и ваша мерка за политика, застанете со нас — со Коалицијата за зелена иднина“, порачува до жителите на општина Центар носителот на листата на советници на „Коалицијата за зелена иднина“, Новотни.
Соопштенија
Ливриниќ: За развојот и економијата на Бутел, ќе се изработи Детален урбанистички план за новата економска зона

Кандидатката за градоначалник на СДСМ, Оливера Ливриниќ, заедно со својот тим од листата на советници, ги посети речиси сите домови на граѓаните во населбата Живко Брајковски.
„Во Живко Брајковски мора да се прошири постојниот плоштад, но и да се создадат подобри услови за младите, како и да се реализираат неопходни инфраструктурни интервенции. Во населбата ќе се изгради Дом на културата – простор кој ќе им припаѓа на жителите, уметниците, младите и на сите што сакаат да создаваат, споделуваат и уживаат во културата. Плоштадот ќе се прошири и ќе стане вистинско место за култура, спорт и забава – за жив и динамичен Бутел. На левата страна од булевар „Христијан Тодоровски Карпош“, ќе се изгради нов парк со зеленило, урбана опрема и вештачка карпа за спортско качување – нова зелена оаза и простор за рекреација на сите генерации. Со изградба на атмосферска канализација на сите краци од улицата „Хо Ши Мин“, конечно ќе се стави крај на деценискиот проблем со поплавите во овој дел на општината. А за развојот и економијата на Бутел, ќе се изработи Детален урбанистички план за новата економска зона на десната страна од булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ – план што ќе отвори нови можности за инвестиции и вработување“, рече таа.