Контакт

Соопштенија

СДСМ: Ќе има одговорност за прислушувањето на обвинителите

Објавено пред

Случајот со Атанасовски покажува како ВМРО-ДПМНЕ ги злоупотребувала институциите, ќе има одговорност за прислушувањето на обвинителите, реагира СДСМ на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Продолжува лицемерството на антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски преку кое се обидуваат да ги потценат граѓаните. Јавноста многу добро знае дека ВМРО-ДПМНЕ е симбол на злоупотреби на институциите и на системско прекршување на човековите права преку масовното нелегално прислушување. Новите признанија во процесот за 27 април покажуваат како кадрите на ВМРО-ДПМНЕ управувале со безбедносните служби и како ги злоупотребувале во лични и партиски цели. Таквата криминална и антидржавна матрица во ВМРО-ДПМНЕ е присутна и денес. Токму поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, кој неколку обвинети лица го посочија како еден од организаторите на насилствата од 27 април, денес, според информации во медиумите, е советник на Мицкоски“, велат од СДСМ.

Со тоа, додаваат од партијата, се потврдува зошто Мицкоски бара целосна амнестија, се потврдува дека протестите што тој ги организира се единствено обид за амнестија на своите соработници.

„ВМРО-ДПМНЕ да престане со лажната загриженост. Почнатата истрага од надлежните институции ќе открие кој ја нарачал, поставил и дали ја користел опремата за прислушување во Јавното обвинителство, инсталирана уште во 2013 година. Нема да изненади доколку лицемерното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, кое денес бара одговорност за овој случај, во иднина повторно бара амнестија за лицата што биле вмешани во прислушувањето на Јавното обвинителство. Сите за кои ќе се докаже дека биле вмешани во овој случај ќе одговараат за своите постапки“, велат од СДСМ.

Соопштенија

Зборувај за убавините на својата земја – Шара, Водно, Пелистер, Плачковица

Објавено пред

Има некои работи кои секогаш, без исклучок ни притискаат некое копче, некој нерв за прекрасни емоции, прават да се чувствуваме спокојни, да чувствуваме љубов, да се чувствуваме како дома. Понекогаш тоа е песна со која сме израснале, понекогаш тоа е мирис на омиленото јадење кое ни го готвела баба, а понекогаш тоа е некое место, некоја планина или нејзиниот врв.

dobivaj vesti na viber

Како што е прекрасниот и моќен Љуботен на Шара, како што е Водно над Скопје… Места и пејзажи на кои секогаш им се навраќаме, опеани од нашите поети: од Константин Миладинов во „Т’га за југ“ до Нина Спирова: со „Parlez-vous français за Скопје, за Вардаровиот кеј, за Водно, зборувај за Шар Планина, за убавините на својата земја…“

Животот станува сè побрз, а обврските изгледаат бесконечни. Потиснати од постојаниот стрес на современото живеење, од секојдневното пробивање низ гужвите во сообраќајот, од уморот од работата и постојаниот наплив на информации на интернет, спас и одмор сè повеќе гледаме во нашите природни убавини, како простор каде можеме да почувствуваме внатрешен мир и барем за кратко – спокојство. Престојот на планина е здравје.

 

 

Ако Македонија има нешто во изобилство, тоа се планините. 87% од територијата на нашата татковина е планинска и веројатно тоа е најголемото богатство со кое располагаме, затоа СКОПСКО ова лето вниманието го насочува токму кон нив.

Платформата на СКОПСКО, „Наша Гордост. Наша Одговорност“ се стреми да биде вистински пример за силата на заедничката акција во заштитата на природните богатства на Македонија. Од март започнува кампањата „Заедно се грижиме за планините“ преку која од секое продадено шише „скопско“ или „скопско смут“ со специјална етикета ќе се собираат средства за чистење на нашите планини и обезбедување на урбана инфраструктура.

Наши се Шара и Водно и Пелистер и Плачковица, секогаш биле и секогаш ќе бидат, затоа да бидеме дел од напорите да се заштитат најдобро што може. Причината за тоа ја опеа и нашата Нина Спирова во нејзиниот легендарен шлагер „Никогаш не заборавај дека најсреќен си само дома.“

(ПР)

Прикажи повеќе...

Соопштенија

9-тото електрично возило за чистење на БРАКО излезе на пазарот

Објавено пред

40 продавачи на возилата за чистење на БРАКО од целиот свет денеска во кругот на фабриката во Велес го тестираа новото електрично возило за чистење Грин Машинс кое влегува на пазарот, откако доби меѓународна сертификација од ТУВ Германија.

dobivaj vesti na viber

Грин Машинс 720 ZE e целосно нова машина развиена во последните две години во БРАКО во Велес, од тим составен од врвни домашни инженери.


Покрај вградената технологија од последната генерација, најважна предност на новата електрична метларка е што има зголемен капацитет на контејнерот, но притоа е внимавано тежината на возилото да не надмине 3 и пол тона, за да може да се управува со Б категорија, а што е олеснувачко за комуналните претпријатија и општините кои денес тешко можат да најдат возачи со Ц категорија. Од таа причина се очекува овој модел да биде најбаран во својата категорија на светскиот пазар.

Свиперот работи на електричен погон, со вградени мотори во задните тркала и управување на сите четири тркала, вртење практично во место погодно за тесни улички во градските јадра, воден облак за спречување на прашина при метењето, миење под притисок, дополнителен страничен усисувач, стаклен под за подобра прегледност на полето на чистење и 360⁰ камера.

Грин Машинс на БРАКО продава возила за чистење на електричен, водороден и класичен погон во 50 држави во светот.

ПР

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ИСОС: Преку притисок врз институциите неформална група сака да продолжи да работи во сива зона наспроти 6.300 сметководители, кои работат според законот

Објавено пред

Управниот одбор на Институтот за сметководители и овластени сметководители (ИСОС) денеска оствари средба со пратеници од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, кои во Собранието доставија предлог измени и дополнувања на Законот за сметководствени работи по скратена постапка, а по барање на неформална група.

dobivaj vesti na viber

На средбата со пратениците, членовите на управниот одбор на ИСОС, како единствена организација основана согласно Законот која има јавни овластувања и ги претставува интересите на сите сметководители и овластени сметководители во земјава, истакнаа дека ИСОС ќе достави во најкус можен рок забелешки на предложените измени и ги изнесоа фактите за реалните состојби во оваа професија.

Фактите говорат дека 6300 сметководители и овластени сметководители кои активно се занимаваат со оваа законски регулирана професија во нашата земја, доследно ги почитуваат своите законски обврски, односно навремено и точно ги ажурираат своите податоци во регистрите кои ИСОС законски е обврзан да ги води, ги имаат исполнето законски утврдените часови за континуирано професионално усовршување и во целост ја платиле предвидената членарина.

Наспроти ова, поединци од т.н. „неформална група“, кои и покрај сите укажувања и апели не ги исполниле свои законски обврски, продолжуваат да вршат притисок во јавноста и врз институциите, со цел да им се овозможи да се занимаваат со сметководствена дејност надвор од важечкиот Закон. На ваков начин, преку притисок, овие поединци сакаат и понатаму да им се дозволи да работат во т.н. сива зона, што е една од основните негативни појави за чие сузбивање се залагаат сите учесници во дејноста и надлежните институции и која им нанесува огромна штета на мнозинство активни сметководители кои редовно ги исполнуваат сите свои законски обврски и со право очекуваат да им биде овозможено да работат и да напредуваат во професијата.

Претставниците на оваа неформална група, кои вчера протестираа пред Министерството за финансии, јавно признаваат дека не ги почитувале своите законски обврски само затоа што Законот не им се допаѓа, сметаат дека тие нема потреба да се усовршуваат и да го надградуваат своето знаење од областа и не сакаат да ја плаќаат законски утврдената членарина.

Споредбено на тоа, што ќе се случи доколку претставниците на останатите законско регулирани професии, како што се: лекарите, инженерите, проценителите, адвокатите и други, свесно престанат со своето континуирано стручно усовршување.

На денешната средба, членовите на Управниот одбор на ИСОС, им укажаа на пратениците дека предложените измени во Законот по скратена постапка, кои се резултат на јавниот притисок што го прави споменатата неформална група, задираат во некои од клучните аспекти за регулација на професијата и можат да нанесат долгорочни штетни последици врз нејзиниот натамошен опстанок и развој, што секако негативно ќе се одрази и врз државата и економскиот развој на земјата.

Убедени сме дека институциите заедно со ИСОС ќе успеат да пронајдат соодветно решение, особено во овој период кога, по долг период на застој, ажурираните Меѓународни стандарди за финансиско известување (МСФИ) започнаа да се применуваат во земјата.

ПР текст

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Средба Муцунски-Сијарто: Унгарија е меѓу десетте најголеми трговски партнери и инвеститори во Македонија

Во рамките на Втората меѓувладина седница со Унгарија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Будимпешта...

Македонија6 часа

Апелација му ја намали казната на Боки 13 за „Рекет“, од девет на пет години

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за случајот „Рекет“ во кој е обвинет Бојан Јовановски – Боки 13. Боки 13 во...

Македонија9 часа

Онака сложно како што ги зачуваа патните трошоци, пратениците да изгласаат дополнително покачување на минималната плата од 6.000 денари, побара Трендафилов

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), денес, до Владата, до Собранието и до работодавците достави предлог во кој бара дополнително...

Топ9 часа

Вработените во Филхармонијата до Мицкоски и Љутков: За директор треба да се избере најквалификуваниот, а не партиски договорениот кандидат

Пред неколку дена, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков во изјава за еден медиум рече дека одлуката кој ќе...

Свет10 часа

Трамп: „Зеленски нема да има друга опција, освен да се предаде“

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа на својата социјална мрежа Truth Social сподели објава во која тврди дека украинскиот претседател Володимир...

Македонија10 часа

Платите да се исплаќаат до петти место до петнаесетти во месецот, предлага Левицата

На денешната прес-конференција, пратеникот од Левица и портпаролот на партијата, Амар Мециновиќ, обзнани дека пратениците од Левица поднеле предлог во...

Македонија11 часа

За електронски индекс ќе треба една и пол година, месецов почнува дигитализацијата на студентските сервиси на УКИМ, вели ректорката Ангелова

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) месецов почнува со дигитална трансформација. Ректорката Билјана Ангелова најави дека првин ќе се дигитализираат...

Македонија12 часа

ДУИ подготвува бојкот на локалните избори за да го избегне поразот, велат од „Влен“

За да го избегне поразот ДУИ планира да ги бојкотира изборите и да провоцира тензии на денот на гласањето, веалт...

Македонија13 часа

Возел под дејство на алкохол, со голема брзина и тешко повредил пешак: истрага за сообраќајна несреќа во Скопје

Мерки на претпазливост, кои вклучуваат привремено одземање возачка дозвола и забрана за нејзино издавање, забрана за напуштање на живеалиштето или...

Европа16 часа

Лавров: Зеленски се претвори во чист нацист и предавник на Евреите

Украинскиот лидер Володимир Зеленски по доаѓањето на власт се претвори во „чист нацист“ и предавник на Евреите, изјави рускиот министер...

Европа16 часа

(Видео) Зеленски: Подготвен сум да заминам во замена за членство во НАТО

Володомир Зеленски рече дека ќе биде подготвен да замине во замена за членството на Украина во НАТО, навестувајќи дека ќе...

Европа16 часа

Макрон: Предлагаме едномесечен прекин на огнот во Украина

Франција и Велика Британија предлагаат едномесечен прекин на огнот во Украина „во воздух, во море и во енергетската инфраструктура“, изјави...

Свет16 часа

(Видео) Почина Австралиецот чија крв спаси повеќе од два милиона бебиња

Џејмс Харисон починал во сон во дом за стари лица во Нов Јужен Велс, Австралија, на 17 февруари, соопшти неговото...

Свет1 ден

Макрон предупреди дека откажувањето на САД од пружање поддршка на Украина би имало катастрофални последници

Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека откажувањето на Соединетите американски држави од пружање поддршка на Украина би имало катастрофални последници,...

Свет1 ден

Во тек е клучниот состанок во Лондон, момент кој се случува еднаш во генерација

Стотици луѓе се собраа пред канцеларијата на британскиот премиер Кир Стармер и собирот за поддршка на Украина го почнаа со...

Топ1 ден

Полицаец пријавил дека му го украле службениот пиштол со рамка и 13 куршуми

Вчера во осум часот во ОВР – Крушево, М.Х., на возраст од 38 години од овој град, вработен како полициски...

Свет1 ден

Ватикан соопшти дека папата Франциско е во стабилна здравствена состојба и имал мирна ноќ

Папата Франциско е во стабилна здравствена состојба и имаше мирна ноќ, соопшти денеска Ватикан. „Ноќта беше мирна, папата се уште...

Топ1 ден

Пијан возач удри и тешко повреди 25-годишна битолчанка во Скопје, полицијата го приведе

Во СВР Скопје синоќа било пријавено дека на улицата „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје патничко моторно возило „мерцедес“ со...

Регион2 дена

Саша Поповиќ пред да почине се лекувал во Париз, случајно открил дека е болен кога скршил нога

Саша Поповиќ почина вчера на 70-годишна возраст по тешко боледување. Нецела година Поповиќ се борел со тешката болест, неговото лекување...

Регион2 дена

Почина Саша Поповиќ, основач и креативен директор на „Гранд продукција“

По кратко и тешко боледување денес почина Саша Поповиќ, основач и креативен директор на „Гранд продукција“, еден од највлијателните луѓе...