Соопштенија
Силјановска: Политиката не смее да биде во рацете на неколкумина

Време е Република Македонија да ја добие својата прва жена претседателка, рече кандидатката за претседател на државата Гордана Силјановска Давкова во својот говор на Конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
„Јас бев во политиката едно кусо време и мислев дека тоа не е мојот свет. Меѓутоа политиката почна да го креира нашиот живот и кога зборуваме за добри политики тогаш и имаме добар живот. Но се случија нешта кои наместо уметност на можното покажаа дека политиката може да биде на некаков начин земена, украдена, окупирана од многу мал број на луѓе кои мислат дека знаат се, дека политиката е нивна. Дека политичкото е нивно обележје. А, кога нема критика, не може да има добра политика. Значи не смее политиката да биде во рацете на неколкумина, не смее политиката да биде само една страна, а да нема критичка димензија“, рече Силјановска Давкова.
Таа рече дека Преспанскиот договор е штетен за Македонија и дека македонскиот идентитет не треба да се загрозува, бидејќи ние сме македонски народ и тоа е факт, кој не може никој да го спори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

Кандидатот за градоначалник на СДСМ, Марјан Даскаловски, од митингот во Струмица испрати пораки за единство, истрајност и продолжување на развојот на градот. Тој ја истакна потребата Струмица да остане град на сите луѓе, без поделби и манипулации.
„Струмица живее, дише, расте, и тоа не е заслуга на еден човек. Тоа е заслуга на сите вас. Секој што дал, секој што верувал, секој што не се откажал, тоа се луѓето што ја пишуваа оваа успешна приказна на Струмица“, порача Даскаловски.
Тој подвлече дека сите чекори кои се направени изминатите години се резултат на заеднички труд и посветеност, а не на поединци.
„Дваесет години овој град се развива, се менува, создава. Дваесет години докажуваме дека знаеме, можеме и не се откажуваме. Затоа што Струмица не заслужува пауза, Струмица заслужува иднина“, изјави тој.
Даскаловски упати јасна порака до сите оние кои се обидуваат да го сопрат развојот на градот преку страв, поделби и манипулации:
„Да не дозволиме манипулатори да ја окупираат Струмица. Да не дозволиме стравот да ја сопре успешната приказна. Секогаш ќе има некој што ќе се обиде да создаде поделби, да внесе страв, да шири сомнеж… Но, со страв не се гради. Со поделби не се оди напред. Со уцени не се победува. Овој град се води со љубов, со работа, со идеја и со храброст“, порача Даскаловски.
Според него, граѓаните на Струмица нема да дозволат некој да ја скрши нивната волја и достоинство. Тој ги повика граѓаните да ја продолжат успешната приказна на Струмица, со нова енергија и нова генерација:
„Ова не е крајот, ова е нов почеток. Почеток на следното поглавје. Почеток на нова генерација што ќе ја продолжи приказната, смело и одговорно“, рече Даскаловски.
На 19 октомври, тој ги повика граѓаните да излезат и да дадат поддршка на иднината што сами ја создаваат: „Овој град не застанува. Овој град продолжува, со идеја, со работа. Да покажеме дека нашата успешна приказна продолжува. Дека најдоброто допрва доаѓа“, порача кандидатот за градоначалник, Марјан Даскаловски.
Соопштенија
СДСМ: Мемов и ЗНАМ се против чистењето на депониите и ѓубрето, очајни обиди за негативна кампања

„Во отсуство на идеи и визија, ЗНАМ и Никола Мемов тргнаа во брутална црна кампања – толку очајна, што дури и чистењето на ѓубрето им пречи“, велат од СДСМ.
„ЗНАМ и Мемов сега ги напаѓаат акциите за чистење на депониите и уредување на јавниот простор во Центар, нешто што директно ги подобрува условите за живот на сите граѓани.
Најновата лага од нивната кујна е дека чистењето на дивата депонија во Крњево и предвидените проекти таму не можеле да се реализираат. По барање на самите жители општината ја исчисти и таму ќе има игралишта, урбана опрема и зеленило.
Мемов зборува за урбанизам, а не ги разбира основите. Општината реализира проекти според важечките ДУП-ови каде овој проект е предвиден и ќе се реализира. Во обид да се прикаже дека нешто откриле, Мемов и ЗНАМ демонстрираа врвно непознавање на процедурите и законите на локалната самоуправа.
Жално е што наместо да понуди конкретни решенија или проекти, Мемов се фати за прес-конференции полни со обвинувања и празни зборови, додека Центар се расчистува, уредува и се трансформира. Секој ден на терен работат екипи на општината и го чистат сметот кој дури не е надлежност на самата општина. Секој ден се гледаат резултатите и ова го боли ЗНАМ.
Најлесно е да се напаѓа од страна а многу потешко е да се сработи. Герасимовски сработува, она што го ветил, тоа и го реализира.
Граѓаните на Центар не се наивни. Тие гледаат кој стои зад вистинска работа и реални проекти, а кој се обидува да дојде до фотелја со клевети и манипулации“, соопшти СДСМ.
Соопштенија
(Видео) Митески: Во Аеродром реализираме проекти кои доаѓаат од граѓаните

„Твој денар, твоја одлука, твој проект. Она што го вложуваш како граѓанин се вложува назад, во твоето маало, на твојата улица, за твојот дом“, кажа Дејан Митески, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ.
„Секој граѓанин ќе има право да предлага и избира, кој проект ќе биде реализиран од страна на општината. Секој денар има трага, секој данок станува проект. За секое маало, за секој дом!“, додаде Дејан Митески, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ.