Соопштенија
Скопјани од денес писма и пакети може да примаат и да испраќаат и во сабота и недала, „Тотал пост“ отвори пакет-шоп во „Ист гејт“

Писма и пакети од денес скопјани ќе можат да испраќаат и во сабота и во недела преку новиот пакет-шоп на „Тотал пост логистик“ отворен во трговскиот центар „Ист гејт“.
Директорот на Агенцијата за пошти, Сретен Миладиновски, на отворањето ги охрабри давателите на поштенски услуги да продолжат да ги следат светските трендови, да ги подобруваат услугите што ги нудат и да одговорат на барањата и потребите на корисниците.
„Тотал пост логистик“ најави вакви услуги и во други трговски центри.
„Ова е прв од неколкуте пакет шопови од овој тип што во иднина ќе ги отвараме по поголемите трговски центри низ Македонија, за да ја направиме поштенската услуга поблиска до корисниците. Нашиот пакет шоп ќе работи секој ден од 10 до 22 часот, а примачите и испраќачите ќе немаат временско ограничување кога да предадат или да го примат својот пакет. Модерните пакет шопови во моловите и проектот со пакетоматите во голема мера ќе ја олеснат комуникација со нашите партнери“, рече директорот на „Тотал пост логистик“, Алдин Нумановиќ.
Тотал Пост Логистик е еден од лидерите на поштенскиот бизнис во Македонија со повеќе од 150 курири и повеќе од 80 транспортни возила. ТПЛ работи успешно на македонскиот пазар од 2015 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
(Видео) Митески: Фотоволтаици на секоја зграда и куќа во Аеродром, инвестиција за еколошка иднина

Секој покрив во Аеродром има потенцијал за зелена енергија и финансиска придобивка за граѓаните, вели Дејан Митески, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ.
„Создаваме системско решение кое ќе значи поставување на фотонапонски централи на крововите во Ареродром и на тој начин граѓаните да добијат можност, преку искористување на овој потенцијал да ги реновираат фасадите, лифтовите, да заменат прозорци, да ги реконструираат крововите.
На овој начин создаваме побезбедна, по еколошка и попријатна животна средина“.
Соопштенија
(Видео) Саракинов: Стевчо, кандидатот на СДС, Филипче и Заев вети пензионерски дом со апартмани и физикална терапија, на терен пустелија

Стевчо Јакимовски, кандидатот на СДС, Филипче и Заев вети пензионерски дом со апартмани и физикална терапија, на терен пустелија.
Стевчо Јакимовски, кандидатот на СДС, Филипче и Заев во 2021 година кога ја доби довербата на карпошани, ја доби со лаги за проекти кои до ден денес не се почнати, еден таков проект е и ветувањето за пензионерски дом, кој според Стевчо требал да биде изграден покрај булевар Илинден, истакна Христо Саракинов, носител на советничка листа на Општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ.
„За да биде уште поубедлив во лагите, Стевчо Јакимовски, кандидатот на СДС, Филипче и Заев тврдеше дека пензионерскиот дом, покраj апартмани и физикална терапија, ќе има и простор за здравствена заштита, како и простор за забава и рекреација. Ветување како клиника во мало.
Овде нема ниту пензионерски дом, ниту на повидок е нешто такво.
Стевчо, кандидатот на СДС, Филипче и Заев лажеше 2021 година. Лаже и сега. Разликата што тогаш карпошани му поверуваа. Сега на истите лаги никој повеќе не му верува. Стевчо Јакимовски оди во политичка пензија заедно со неговите другари Филипче и Заев“.
Соопштенија
ЗНАМ: Безбедниот сообраќај е одговорност на сите, силен фокус на создавање максимални услови

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска во Куманово го претстави делот од програмата што се однесува за сообраќајот во градот и околните населени места што припаѓаат на општината. Современиот град се препознава по безбедниот, ефикасен и уреден сообраќај. Затоа, општина Куманово во новиот мандат ќе продолжи со силен фокус на подобрување на урбаната мобилност, зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и создавање инфраструктура што одговара на современите потреби на граѓаните, изјави на прес-коференцијата кандидатот за советник од листата на движењето ЗНАМ за Куманово, Игор Липковски.
Во изминатиот период, рече тој, се реализираа низа проекти што го унапредија сообраќајниот систем – реконструирани улици и тротоари, изградени кружни текови, поставена современа сигнализација и воведен бесплатен јавен превоз. Сето тоа е доволен показател Куманово да биде наречено пример за град кој се движи напред – безбедно, одговорно и со јасна визија.
„Во следниот период се предвидува:
· Целосна реконструкција на булеварите и главните сообраќајни артерии (ул. „11 Октомври“, „Доне Божинов“, „Гоце Делчев“, „Илинденска“, „Ленинова“, „Народна Револуција“, бул. „Октомвриска Револуција“ и „Трета МУБ“) и ул. Моша Пијаде.
· Изградба на три нови кружни текови за побезбеден проток и намалување на метежот.
· Нови звучни семафори на клучни крстосници за полесно движење на лицата со попреченост.
· Модерни автобуски стојалишта и проширување на линиите на бесплатниот јавен превоз.
· Фазно формирање на пешачки зони и велосипедски прстен околу централното градско јадро.
· Уредување на дополнителни паркинг-простори, вклучувајќи подземни катни гаражи и модуларни паркинзи.
· Подобрување на урбаната мобилност со системи за паметен сообраќај.
Безбедниот сообраќај е одговорност на сите – и на институциите, и на граѓаните. Секој уреден премин, секој кружен тек и секој метар тротоар значи повеќе безбедност и повеќе сигурност за нашите деца, ученици и постари граѓани“, додаде Липковски.
Куманово, како што нагласи, ќе продолжи да вложува во модерна, безбедна и достапна урбана инфраструктура, затоа што секој чекор, секое возење и секое патување во нашето Куманово мора да биде безбедно.