Контакт

Соопштенија

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат од Шилегов парите за новогодишната прослава да ги донира во хумани цели

Објавено пред

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Град Скопје бара градоначалникот Петре Шилегов 100-те илјади евра наменети за новогодишната прослава да ги пренамени за хуманитарни цели и да ги донира.

dobivaj vesti na viber

„Воедно, во знак на транспарентоста и отчетноста кон граѓаните бараме да се објават донаторите што обезбедија сто илјади евра за новогодишна прослава. Го повикуваме Шилегов истата моќ на убедување на спонзорите да инвестираат во прослава да ја употреби и парите да ги даде во хумани цели“, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат објаснување од Шилегов како од бесплатна прослава на плоштадот се стигна до 100 илјади евра за една вечер.

„Шилегов исто така треба да објасни преку каква постапка се доделени 300 илјади евра за новогодишно китење на градот и дали оваа сума не можеше да биде драстично помала и заштедените средства да се употребат за капитални инвестиции. Зошто Скопје троши 400 илјади евра за китење и новогодишна прослава за Нова ходина кога илјадници скопјани се без канализација и соодветен водовод. Дали средствата не можеа да се инвестираат во итни мерки за почист воздух, со оглед на тоа што Скопје е најзагаден град во светот. Како советничка група очекуваме дека градоначалникот Шилегов сомнежите ќе ги расветли единствено доколку донесеме заедничка одлука за донирање на средствата од 100 илјади евра за хуманитарни цели“, велат советниците од ВМРО-ДПМНЕ.

Соопштенија

Каранфилова – Пановска: Во центарот на програмата на СДСМ и Маја Хеско за Велес се граѓаните и нивните потреби

Објавено пред

Од

Заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова – Пановска, заедно со кандидатката за градоначалничка на Велес, Маја Хеско, и носителот на советничката листа Јованче Манасков, денеска се на средби со граѓаните на Велес.

dobivaj vesti na viber

„Во центарот на оваа програма сте вие, луѓето, граѓаните и реалните потреби со кои се соочувате. Нашата цел е да создадеме град кој нуди можности за сите – за младите, за жените, за пензионерите, достоинствен живот за граѓаните на Велес,“ рече Каранфиловa Пановска.

Во делот за младите, програмата предвидува отворање младински иновациски лаборатории – простори за стартапи, ИТ-решенија и креативни проекти, како и програма за младинско вработување во партнерство со компании и институции, и бесплатни обуки за дигитални вештини, странски јазици и претприемништво.

Таа додаде дека особен акцент е ставен и на жените и економското јакнење преку фонд за женско претприемништво, поддршка на креативни индустрии и обуки за добро платени сектори.

Во делот на социјалните политики, СДСМ во Велес планира субвенции за самохрани родители, бесплатен училиштен прибор и книги за деца од ранливи семејства, пристапност за лицата со попреченост и изградба на инклузивни детски игралишта.

Посебен дел од програмата, рече Каранфиловска – Пановска, е посветен на родовото буџетирање и еднаквоста, како и на поддршката за пензионерите со пренамена на „Вила Зора“ во современ Дом за стари лица, бесплатен јавен превоз за пензионерите и активности за трета доба.

„СДСМ се бори Велес, да стане модерен чист и зелен град, со силна економија што создава можности, за град што се грижи за секој човек. Затоа велиме – се бориме за нашиот дом,“ порача Каранфиловa Пановска и ги повика граѓаните својот глас на 19 октоврми да го дадат за бројот 5, за Маја Хеско за градоначланичка и советничката листа на СДСМ и Коалицијата предводена од Јованче Манасков.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Адеми: Бараме Владата да го врати балансерот

Објавено пред

Од

Помина точно една година од политичката, а не правна одлука на Уставниот суд, со која беше укинат балансерот – единствениот механизам што гарантираше следење на правичната и соодветна застапеност на етничките заедници во државните институции, изјави потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми.

dobivaj vesti na viber

Според него, една година подоцна, последиците се јасни, болни и алармантни.

„Оваа одлука не беше техничка, ниту административна. Беше политичка и противуставна, затоа што имаше за цел да го избрише етничкото изјаснување и да ги демонтира колективните права загарантирани со Охридскиот мировен договор и санкционирани со Амандман VI на Уставот. Всушност, ова беше институционален напад врз еднаквоста и отворено враќање пред 2001 година – во време кога Албанците сочинуваа помалку од 0,2% од државната администрација. Пред укинувањето на балансерот, Албанците беа застапени со околу 22% во администрацијата – процент што постепено се зголемуваше од година во година. По укинувањето на овој механизам, според јавните податоци, во повеќето државни институции процентот на Албанци во новите вработувања не надминува ниту 5%, а најголемиот дел се членови на тесното семејство“, рече Адеми.

Тој додаде дека една година по оваа одлука, државните институции се понеправични, позатворени и поеднообразни од кога било порано.

„Ова веќе не е само политичко прашање – ова е уставно, национално и егзистенцијално прашање за Албанците и за сите заедници во Северна Македонија“, рече Адеми и побара Владата да го врати механизмот на балансерот во согласност со Охридскиот рамковен договор и Уставот на државата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Среброва: Да му дадеме на Центар она што го заслужува – чиста, праведна и човечна општина

Објавено пред

Од

Јас вечерва стојам пред вас не само како кандидат за градоначалник, туку како една од вас, човек кој веќе десет години е дел од организацијата и осум години модератор на огранокот на Левица Центар, истакна Марија Среброва.

dobivaj vesti na viber

На собирот во Центар беше отворен и штаб на кандидатите за градоначалници на Град Скопје, Амар Мециновиќ и Општина Центар, Марија Среброва, а присуствуваа и лидерот на Левица, Димитар Апасиев и кандидатите за советници.

„Центар е местото каде се организирале антифашистичките печатници и пунктови, каде што се ковал духот на отпорот и слободата“, порача кандидатката за градоначалник на Левица, додавајќи дека оваа општина не е само административна единица тукуе и симбол на достоинство, истрајност и културен идентитет. Од оваа општина, додаде таа, потекнуваат или во неа живееле бројни револуционери, културни дејци и интелектуалци кои го обликувале македонскиот идентитет, од Павел Шатев и Кузман Јосифовски-Питу, преку Невена Ѓорѓиева Дуња и Орце Николов, до Славко Јаневски, Блаже Конески и Горан Стефановски.

Среброва потсети дека ова е четврти изборен циклус за Левица: „Четири циклуси во кои покажавме што значи истрајност, што значи верност кон идејата, што значи да не се продадеш, да не клекнеш, да не потпаднеш на закани и дефетизам. Вие сте тие што го чувате пламенот на левото крило на организацијата. Вие сте совеста на Центар“.

Во своето обраќање таа нагласи дека нивната борба не била лесна: „Не напаѓаа, не подценуваа, не отпишуваа. А ние стоевме исправени – со достоинство, со срце, со верба. Сега е моментот да покажеме дека нашата истрајност не била залудна. Да му дадеме на Центар она што го заслужува чиста, праведна и човечна општина“.

Среброва заврши со зборовите: „Другари, нема предавање. Затоа што за Центар треба да се дише. Треба да имаме Центар што мисли и Центар што не се продава. Време е, затоа што Центар не е касаба.“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија47 минути

Српски државјани добија забрана за влез во земјата и парична казна од 4.000 евра за шверц на цигари, биле уапсени во Скопје

Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда врз основа на спогодба од Основното јавно обвинителство Скопје против двајца државјани на Република...

Македонија1 час

Поликлиника во Расадник со пари од унгарскиот кредит најавија Ѓорѓиевски и Стаменкоска-Трајкоска

По триесет години празни ветувања, поликлиниката во Расадник станува реалност, кажаа денес актуелниот градоначалник на Кисела Вода и кандидат за...

Македонија2 часа

Нобеловата награда за мир ѝ е доделена на Марија Корина Мачадо од Венецуела

Нобеловата награда за мир ѝ е доделена на Марија Корина Мачадо од Венецуела. Норвешкиот Нобелов комитет соопшти дека таа ја...

Македонија3 часа

(Фото) Општина Центар испрати протестна нота до австриската амбасада поради паркирано возило во пешачка зона

Општина Центар – Скопје испрати протестна нота до Амбасадата на Република Австрија поради непрописно паркирање и загрозување на безбедноста на...

Регион4 часа

Русија ѝ се заблагодарува на Србија за донацијата од речиси 6 милиони долари: „Посебна симболика“

Според соопштението на руското Министерство за надворешни работи, Србија обезбедила „финансиска хуманитарна помош во вредност од 472 милиони рубли (околу...

Македонија4 часа

Филипче вика судството било професионално, а Марковски за криминал од 100 милиони добива само куќен притвор, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Криминалот на СДС и договорените тендери со компанијата Марковски излегоа дека се вистинити. Фирмата Марковски која во период од 2...

Свет5 часа

(Видео) Силен земјотрес со јачина од 7,6 степени ги погоди Филипините, цунами се заканува и на Индонезија

Земјотрес со јачина од 7,6 степени ги погоди јужните Филипини, соопшти Филипинската сеизмолошка агенција, издавајќи предупредување за цунами кое беше...

Свет5 часа

(Видео) Руски ракети и беспилотни летала го погодија Киев, гореше облакодер во центарот на градот

Масивни руски напади запалија облакодер во центарот на Киев и ги таргетираа енергетските објекти, соопштија официјални лица. Украинската министерка за...

Македонија18 часа

Судиите мора да судат според законот а не според партиски влијанија, време е за ресет на системот, порача Мицкоски

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на денешниот народен митинг одржан во општина Илинден, во рамки на изборната...

Свет19 часа

(Видео) Трамп: Ја завршивме војната во Газа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на состанок на кабинетот во Белата куќа изјави дека синоќа на Блискиот Исток е постигнат...

Економија21 час

Владата усвои измени: Се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки во вредност до 22 евра

Со цел зајакнување на домашната економија, поддршка на локалните компании и создавање нови работни места, Владата усвои измени и дополнувања...

Македонија22 часа

(Фото) Реализирано првото гаѓање со новата артилериска опрема ,,Боран’’ на АП Криволак

Денеска министерот за одбрана, Владо Мисајловски присуствуваше на армискиот полигон „Криволак“ каде беше извршено првото артилериското гаѓање со новите системи...

Македонија22 часа

Нова истрага за злоупотреби во РЕК Битола против осум физички и едно правно лице

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осум физички и едно правно лице за продолжени кривични...

Македонија23 часа

(Видео) „Избери време и место, избери и новинари, донеси и публика, излези да се соочиме, јас ќе дојдам сам“, му порача Максим Димитриевски на Филипче

Лидерот на Движењето ЗНАМ – за наша Македонија Максим Димитриевски денеска возврати на синоќешната изјава на лидерот на опозицијата Венко...

Македонија1 ден

(Фото) Кривична пријава против две лица за криумчарење мобилни телефони „Ајфон“, случајот откриен на Ново Село

Поднесена кривична пријава против две лица за сторено кривично дело „криумчарење“ мобилни телефони „Ајфон“ во вредност од 355 илјади денари....

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски ја вети подземната кај „Лимак“ што ја ветуваа и Арсовска, Шилегов и Трајановски: Ќе ја смени сообраќајната иднина на градот

Проектот за подземната сообраќајница кај„Лимак“ не е само дел од мојата програма туку е вистински пресврт за централното градско подрачје,...

Македонија1 ден

М-НАВ: Македонското небо не смее да се „затвори’“

Менаџерскиот тим на М-НАВ во денешното соопштение до јавноста реагира околу најавите за штрајк и „затворањето на небото“ на 20...

Македонија1 ден

Искршен штаб на СДСМ во Градско, партијата бара Тошковски веднаш да постапи

Синоќа се искршени стаклата на изборниот штаб на СДСМ во Градско. Според партијата, овој насилнички и вандалски чин го покажува...

Топ1 ден

Едно лице избодено со нож пред стоковна куќа „Мост“ во Скопје, напаѓачот е уапсен

Едно лице е избодено со нож пред поранешната стоковна куќа „Мост“ во Скопје, а полицијата го уапси напаѓачот. Според информациите...

Свет1 ден

Трамп за договорот за војната во Газа: Неверојатно е, целиот свет се обедини

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Иран би можел да биде дел од поширок мировен договор на Блискиот Исток...