Контакт

Соопштенија

Спасовски: Со договорот со Грција нашата татковина ја исправивме на јасен пат

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски ја посети Крива Паланка каде што се сретна со граѓани од оваа општина, пред кои посочи дека на 30. септември слободно и без пристисоци, самостојно, ќе решаваат за својата иднина.

dobivaj vesti na viber

Во тој контекст, Спасовски истакна дека правото на глас е неприкосновено, а тајноста на гласањето е загарантирана.

„Никој не смее и нема да врши никакви закани, уцени, притисоци околу процесот на гласање. Институциите ќе гарантираат беспрекорно спроведување на референдумот и секој што ќе го попречува избирачкото право на граѓаните, ќе биде соодветно санкциониран“, порача министерот за внатрешни работи.

Пред присутните тој кажа дека интеграцијата во ЕУ и НАТО е стратешки интерес на Македонија поставен пред 27 години, во 1991 година и истакна дека референдумот на 30 септември е прв чекор кон остварување на сонот на претходните генерации.

„Оваа одлука е државотворна, нашата татковина ја исправивме на јасен пат, добивме датум за преговори со ЕУ и нашата држава ќе биде 30. членка на најмоќната алијанса – НАТО, признаена со свој единствен идентитет и јазик. Ова е момент за одлука, ова е момент за иднина. Да го оставриме сонот на нашите предци, Македонија да биде дел од најсилните светски сојузи со загарантиран македонски идентитет и македонски јазик“, истакна Спасовски и додаде дека успешен референдум ќе придонесе за јакнење на европските вредности и еднакви услови за сите.

Соопштенија

Зборувај за убавините на својата земја – Шара, Водно, Пелистер, Плачковица

Објавено пред

Има некои работи кои секогаш, без исклучок ни притискаат некое копче, некој нерв за прекрасни емоции, прават да се чувствуваме спокојни, да чувствуваме љубов, да се чувствуваме како дома. Понекогаш тоа е песна со која сме израснале, понекогаш тоа е мирис на омиленото јадење кое ни го готвела баба, а понекогаш тоа е некое место, некоја планина или нејзиниот врв.

dobivaj vesti na viber

Како што е прекрасниот и моќен Љуботен на Шара, како што е Водно над Скопје… Места и пејзажи на кои секогаш им се навраќаме, опеани од нашите поети: од Константин Миладинов во „Т’га за југ“ до Нина Спирова: со „Parlez-vous français за Скопје, за Вардаровиот кеј, за Водно, зборувај за Шар Планина, за убавините на својата земја…“

Животот станува сè побрз, а обврските изгледаат бесконечни. Потиснати од постојаниот стрес на современото живеење, од секојдневното пробивање низ гужвите во сообраќајот, од уморот од работата и постојаниот наплив на информации на интернет, спас и одмор сè повеќе гледаме во нашите природни убавини, како простор каде можеме да почувствуваме внатрешен мир и барем за кратко – спокојство. Престојот на планина е здравје.

 

 

Ако Македонија има нешто во изобилство, тоа се планините. 87% од територијата на нашата татковина е планинска и веројатно тоа е најголемото богатство со кое располагаме, затоа СКОПСКО ова лето вниманието го насочува токму кон нив.

Платформата на СКОПСКО, „Наша Гордост. Наша Одговорност“ се стреми да биде вистински пример за силата на заедничката акција во заштитата на природните богатства на Македонија. Од март започнува кампањата „Заедно се грижиме за планините“ преку која од секое продадено шише „скопско“ или „скопско смут“ со специјална етикета ќе се собираат средства за чистење на нашите планини и обезбедување на урбана инфраструктура.

Наши се Шара и Водно и Пелистер и Плачковица, секогаш биле и секогаш ќе бидат, затоа да бидеме дел од напорите да се заштитат најдобро што може. Причината за тоа ја опеа и нашата Нина Спирова во нејзиниот легендарен шлагер „Никогаш не заборавај дека најсреќен си само дома.“

(ПР)

Прикажи повеќе...

Соопштенија

9-тото електрично возило за чистење на БРАКО излезе на пазарот

Објавено пред

40 продавачи на возилата за чистење на БРАКО од целиот свет денеска во кругот на фабриката во Велес го тестираа новото електрично возило за чистење Грин Машинс кое влегува на пазарот, откако доби меѓународна сертификација од ТУВ Германија.

dobivaj vesti na viber

Грин Машинс 720 ZE e целосно нова машина развиена во последните две години во БРАКО во Велес, од тим составен од врвни домашни инженери.


Покрај вградената технологија од последната генерација, најважна предност на новата електрична метларка е што има зголемен капацитет на контејнерот, но притоа е внимавано тежината на возилото да не надмине 3 и пол тона, за да може да се управува со Б категорија, а што е олеснувачко за комуналните претпријатија и општините кои денес тешко можат да најдат возачи со Ц категорија. Од таа причина се очекува овој модел да биде најбаран во својата категорија на светскиот пазар.

Свиперот работи на електричен погон, со вградени мотори во задните тркала и управување на сите четири тркала, вртење практично во место погодно за тесни улички во градските јадра, воден облак за спречување на прашина при метењето, миење под притисок, дополнителен страничен усисувач, стаклен под за подобра прегледност на полето на чистење и 360⁰ камера.

Грин Машинс на БРАКО продава возила за чистење на електричен, водороден и класичен погон во 50 држави во светот.

ПР

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ИСОС: Преку притисок врз институциите неформална група сака да продолжи да работи во сива зона наспроти 6.300 сметководители, кои работат според законот

Објавено пред

Управниот одбор на Институтот за сметководители и овластени сметководители (ИСОС) денеска оствари средба со пратеници од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, кои во Собранието доставија предлог измени и дополнувања на Законот за сметководствени работи по скратена постапка, а по барање на неформална група.

dobivaj vesti na viber

На средбата со пратениците, членовите на управниот одбор на ИСОС, како единствена организација основана согласно Законот која има јавни овластувања и ги претставува интересите на сите сметководители и овластени сметководители во земјава, истакнаа дека ИСОС ќе достави во најкус можен рок забелешки на предложените измени и ги изнесоа фактите за реалните состојби во оваа професија.

Фактите говорат дека 6300 сметководители и овластени сметководители кои активно се занимаваат со оваа законски регулирана професија во нашата земја, доследно ги почитуваат своите законски обврски, односно навремено и точно ги ажурираат своите податоци во регистрите кои ИСОС законски е обврзан да ги води, ги имаат исполнето законски утврдените часови за континуирано професионално усовршување и во целост ја платиле предвидената членарина.

Наспроти ова, поединци од т.н. „неформална група“, кои и покрај сите укажувања и апели не ги исполниле свои законски обврски, продолжуваат да вршат притисок во јавноста и врз институциите, со цел да им се овозможи да се занимаваат со сметководствена дејност надвор од важечкиот Закон. На ваков начин, преку притисок, овие поединци сакаат и понатаму да им се дозволи да работат во т.н. сива зона, што е една од основните негативни појави за чие сузбивање се залагаат сите учесници во дејноста и надлежните институции и која им нанесува огромна штета на мнозинство активни сметководители кои редовно ги исполнуваат сите свои законски обврски и со право очекуваат да им биде овозможено да работат и да напредуваат во професијата.

Претставниците на оваа неформална група, кои вчера протестираа пред Министерството за финансии, јавно признаваат дека не ги почитувале своите законски обврски само затоа што Законот не им се допаѓа, сметаат дека тие нема потреба да се усовршуваат и да го надградуваат своето знаење од областа и не сакаат да ја плаќаат законски утврдената членарина.

Споредбено на тоа, што ќе се случи доколку претставниците на останатите законско регулирани професии, како што се: лекарите, инженерите, проценителите, адвокатите и други, свесно престанат со своето континуирано стручно усовршување.

На денешната средба, членовите на Управниот одбор на ИСОС, им укажаа на пратениците дека предложените измени во Законот по скратена постапка, кои се резултат на јавниот притисок што го прави споменатата неформална група, задираат во некои од клучните аспекти за регулација на професијата и можат да нанесат долгорочни штетни последици врз нејзиниот натамошен опстанок и развој, што секако негативно ќе се одрази и врз државата и економскиот развој на земјата.

Убедени сме дека институциите заедно со ИСОС ќе успеат да пронајдат соодветно решение, особено во овој период кога, по долг период на застој, ажурираните Меѓународни стандарди за финансиско известување (МСФИ) започнаа да се применуваат во земјата.

ПР текст

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Мир преку разговор во Украина, решение „две држави“ за Израел и Палестина – Мицкоски и Ердоган разговарале и за глобалните предизвици

За Северна Македонија и Турција клучно е  конфликтот во Украина да се реши по пат на разговори. За ситуацијата во...

Македонија2 часа

Мицкоски и Ердоган во Турција договорија основање на Совет за соработка на високо ниво

Советот за соработка на високо ниво е значаен чекор за односите меѓу двете држави чија цел е продлабочување и интензивирање...

Топ3 часа

Родител пријавил наставничка дека натепала повеќе ученички во соблекувална во скопско училиште

Родител пријавил во МВР напад извршен од страна наставничка во скопско основно училиште. Според пријавата, таа во текот на вчерашниот...

Економија4 часа

Од 1 март поскапува парното

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која од 1 март цената за потрошувачите на топлинска енергија за „ЕСМ енергетика“...

Македонија5 часа

Судот определи мерки на претпазливост за Филип Андов-Сокол и за другите осомничени по акцијата во затворот во Шуто Оризари

За ескдиректорот на затворот во Шуто Оризари, Филип Андов-Сокол, и за другите осомничени судот денес определи мерки на претпазливост по акцијата...

Економија5 часа

Казни од 500 до 10.000 евра, па и затворање на маркетите: Дурмиши најави контрола на над 1.000 трговски објекти

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска одржа прес-конференција, на која информира за мерките што ги донесе Министерството за...

Македонија6 часа

Место на шалтер, уверение за остварен доход отсега се вади електронски, автоматскиот систем ќе замени 29 службеници во УЈП

Граѓаните што имаат потреба од уверение за остварен приход, за да го извадат документот, повеќе не мора да одат на...

Македонија6 часа

Кочоска да си даде оставка, министерка која понижува граѓанка не заслужува да води министерство, бара СДСМ

Пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата, на денешената прес-конференција пред Министерството за финансии, побараа оставка од министреката...

Македонија8 часа

Вработените во Македонската филхармонија најавуваат нов протест

Вработените во Македонската филхармонија во понеделник со почеток во 13 часот ќе одржат нов протест пред Министерството за култура и...

Македонија8 часа

„ДУИ прави терен за бојкот на локалните избори“, велат од „Влен“

„За да избегне програмска и кадровска реформа, на ДУИ очајно му треба политичка криза. Затоа веќе подолг временски период креираат...

Свет9 часа

Зеленски пристигна во Вашингтон, ќе потпише клучен договор

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Вашингтон, каде што се очекува да потпише важен договор за минерали со американскиот претседател...

Македонија10 часа

Мицкоски патува во Турција, ќе се сретне со Ердоган

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски патува во посета на Република Турција. Претседателот на Владата ќе...

Топ10 часа

Кривична против директорот на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид за злоупотреба на службената положба

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г. С. (48), директор на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид,...

Свет10 часа

Израел првпат призна сериозни воени неуспеси на денот кога Хамас изврши масакр

Израелската војска го објави првиот официјален извештај за грешките што доведоа до неуспех за време на нападот на Хамас на...

Свет12 часа

Објавени документите за Епстејн; Обвинителката: Има илјадници, ФБИ не ги испрати

Јавниот обвинител Пем Бонди објави документи за Џефри Епстејн. Како што претходно беше најавено, во документите нема нови информации или...

Свет12 часа

Ким Џонг-ун нареди целосна подготвеност за користење на капацитетите за нуклеарни напади

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун нареди целосна подготвеност за користење на капацитетите за нуклеарни напади, објавија денеска државните медиуми. Џонг...

Македонија24 часа

Кривична пријава за 10 лица: Поранешен директор и затворски полицајци обвинети за бегство на осудени лица

На 24.02.2025 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава до ОЈО за ГОКК против десет лица...

Македонија1 ден

Јас имам два сина и знам колку троши 4-члено семејство: Димитриеска-Кочоска со навреди до Петровска

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска ја навреди пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, велејќи дека нема право да зборува за...

Македонија1 ден

Мицкоски: Коцевски доби шанса, но освен внатрешни пресметки во Обвинителството и браник на минатата власт, друго не видовме

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратеничка прашања истакна дека на јавниот обвинител Љупчо Коцевски му...

Македонија1 ден

„Во Стоматолошката комора владее целосен тоталитаризам и самоволие“: Стоматолозите бараат оставка од Денковски

Стоматолозите се загрижени за актуелните случувања во Стоматолошката комора на Македонија под водство на Маријан Денковски. Неговите одлуки и политики,...