Соопштенија
Стефковски: Градиме ново училиште во Ченто и нова спортска сала во Црешево

Градиме ново училиште во Ченто и нова спортска сала во Црешево, изјави кандидатот за градоначалник на Општина Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Стефковски.
„Образованието е темелот на силна и успешна иднина, затоа градиме ново училиште во Ченто и нова спортска сала во Црешево. Нашите деца веќе добија современи спортски сали во Стајковци и Булачани, простории каде растат здрави и успешни генерации. Но тука не застануваме, во следните четири години ќе изградиме нови спортски сали во Железара, Ченто и Страчинци. Инвестираме во младите, инвестираме во иднината на нашата општина. Не ветуваме туку, градиме и реализираме“, вели тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Георгиевски: Ќе изградиме нова детска градинка во Илинден

Инвестициите во градинките, не се само инвестиции во објекти, туку во иднината на нашите најмили, изјави кандидатот за градоначалник на Општина Илинден од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Георгиевски.
„Во секое семејство, во секое дете, покажавме дека посветеноста, визијата и континуираната работа создаваат современи, функционални и топли простори во кои децата растат безбедно и среќно. Затоа, ќе изградиме нова детска градинка, со цел да им помогнеме на семејствата да добијат поголема достапност на квалитетна предучилишна грижа. Современи и безбедни простории за згрижување, и развој на дечињата“, рече тој.
Соопштенија
Стојкоски: Нов пензионерски дом во Ѓорче Петров со капацитет до 80 станари

Нов пензионерски дом во Ѓорче Петров со капацитет до 80 станари, најави кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Стојкоски.
„Континуирано даваме поддршка на сите активности на нашите пензионери во Ѓорче Петров, а и тие не го забораваат нашиот ангажман и се постојано активни и се присутни на терен. Затоа, сакам да направам еден голем гест за идните генерации на пензионери, за луѓето коишто староста ја поминуваат овде во Ѓорче Петров. Ѓорче Петров ќе го добие првиот пензионерски дом кој ќе биде на локација на поранешното „Борово“. Овој пензионерски дом ќе биде со површина од 1.800 метри квадратни и ќе може да прими од 60 до 80 станари. Покрај становите за новите жители во овој дом, овој дом ќе располага и со заеднички простор од приближно 200 метри квадратни каде што луѓето ќе можат во староста да се дружат, да се забавуваат и да ги исполнуваат нивните секојдневни социјални услуги“, рече Стојкоски.
Соопштенија
Герасимовски: Не потрошив ниту денар за непродуктивни трошоци

Кандидатот за градоначалник и актуелен градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, вчеравечер беше со жителите од населбата Крњево кадешто разговараше за идните проекти што треба да се реализираат по победата на локалните избори.
Герасимовски, потенцираше дека е намален огромниот долг на општината којшто тој го наследил кога стапил на должноста и и најави дека веќе следната година, општината нема да има никаков долг.
„Не потрошив ниту еден денар од граѓаните на Центар, потенцирам, ниту еден денар, за патувања и оние непопуларни кафеани. Мислам дека сум единствен градоначалник во државата, кој не потроши ниту еден денар за непродуктивни намени, и сите пари, повеќе од 2 милиони денари ги пренаменивме за потребите на социјално ранливите граѓани“, рече Герасимовски.
Тој информираше дека за четири години инвестирани се над 13 милиони евра во Центар.