Соопштенија
Стоилковски: Неприфатливо е малтретирањето да се затвори со дисциплинска за неколку чувари

Оставката на директорот на истражниот затвор е само глума со која треба да се скријат вистинските виновници и вистинските нарачатели. Неприфатливо е скандалозното малтретирање да се затвори со дисциплинска одговорност за неколку чувари, изјави пред новинарите портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Се споменуваат пропусти и дисциплински прекршоци и неуредност, но не и одговорност. Нема збор, нема ништо од одговорност, нема ништо од вистинска истрага за нарачателите и извршителите, нема одговорност за случајот за обид за линч во притвор врз опозициски членови, поранешни државни функционери. Ова е обид да се забошоти случајот“, рече Стоилковски.
ВМРО-ДПМНЕ повторно праша кој го нарачал линчот и кој дал наредба по нападот врз ексминистерот Спиро Ристовски, во дворот на затворот да биде изнесен и нападнат и Миле Јанакиески?
„Зошто нема снимки од нападот? Во оваа претстава за јавност изостанува истрагата за заканите што пристигаат од членови и поддржувачи на кумановската терористичка група преку социјалните медиуми“, рече Стоилковски.
Во сценариото, како што рече Стоилковски, изгледа не е предвидено МВР и Обвинителството да спроведат истраги по нив. Ниту за потврдените податоци за мобилни телефони и дрога во затворот.
„МВР и обвинителите служат само за политички прогон против опозицијата. Ваквата претстава во заевистички манир е прочитана и одговорност ќе има. Прво, на претседателските, а потоа и на неминовните предвремени парламентарни избори“, додаде Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Ден на автомобилска извонредност: „Порше центар Скопје“ домаќин на 911-заедницата

Изминатиот викенд „Порше центар Скопје“ гордо беше домаќин на извонреден настан за заедницата на сопственици на иконскиот „911“ собирајќи импресивна колекција од 42 модела во многу варијанти и разни генерации, како ултраексклузивните 911 GT3 RS, 911 GT3 и Turbo S помеѓу другите. Ова собирање ги прослави богатото наследство и трајната страст за иконската серија на „911“.
Настанот привлече многу ентузијасти на Porsche, вклучувајќи ценети клиенти, пријатели на брендот и почитуваните членови на „Порше клуб Македонија“. Присутните имаа единствена можност да бидат сведоци на еволуцијата на „911“, од класичните модели со воздушно ладење до најновите иновации, сите прикажани во живописна изложба на автомобилска извонредност.
ж
„’911′ е повеќе од само автомобил; тоа е симбол на инженерска моќ и безвременски дизајн“, изјави г. Златко Муцунски, генерален менаџер на П’орше Македонија’ во ‘Порше центар Скопје’. Успешната организација на овој настан ни овозможи да го почитуваме наследството на ‘911’ и да се поврземе со страсната заедница што го опкружува“.
„Порше куб Македонија“ одигра клучна улога во успехот на настанот, одразувајќи ја посветеноста на клубот за поттикнување силна заедница на љубители на „порше“. Нивното учество го нагласи длабоко вкоренетиот ентузијазам за брендот во регионот.
Овој настан не само што го прослави богатото минато на 911, туку ја истакна и посветеноста на „Порше центар Скопје“ за ангажирање и поддршка на локалната заедница на Porsche. Преку вакви иницијативи, центарот продолжува да ја зајакнува врската помеѓу брендот и неговите ентузијасти.
(ПР)
Компании
Самир Мане беше единствениот претставник од регионот на „FII PRIORITY Europe Summit“

Албанската престолнина беше домаќин на еден од најпрестижните меѓународни форуми во светот — „FII PRIORITY Europe Summit“, кој за првпат се одржа во Тирана на 16–17 мај 2025 година.
Овој самит ги обединува светските лидери од владите, бизнис-секторот, науката, технологијата и филантропијата, со цел да се дискутираат глобалните приоритети што ја обликуваат иднината во клучен момент за човештвото. Главната тема на ова европско издание на „FII PRIORITY“ беше: „Приоритизирање за поодржлива, поправедна и попросперитетна иднина“.
Самир Мане, претседателот на „BALFIN Group“, беше единствениот официјален претставник од Албанија поканет да учествува на дискусионите панели заедно со некои од највлијателните личности од светот. Тој учествуваше на главниот панел со наслов „Board of Changemakers“: Може ли капиталот да го поврзе расцепканиот свет?, каде што ја делеше сцената со меѓународни лидери од политиката и финансиите.
За време на самитот, г. Мане одржа средби и размени мислења со високи личности како Матео Ренци, поранешен премиер на Италија, Бернард Менсах, претседател на „Bank of America International“, Анри Пупар-Лафарж, извршен директор на Alstom, меѓу другите.
еговото учество на самитот како глас на регионалниот бизнис го истакнува и неговото лично лидерство, и сè поголемата улога на Западен Балкан во обликувањето на идниот развој на Европа и пошироко.
„FII PRIORITY Europe Summit“ е дел од серија глобални форуми кои промовираат меѓусекторски дијалог и поттикнуваат конкретна акција за справување со најгорливите предизвици на денешницата, вклучително и климатските промени, одржливиот развој и технолошката трансформација.
Комерцијален текст
Соопштенија
Нова РЕсет-работилница на „Реплек“: практични совети за добросостојба од д-р Митов

Во организација на Реплек се одржа уште една РЕсет работилница на која практични совети за општа добросостојба сподели познатиот д-р Александар Митов. Работилницата беше посветена на справувањето со предизвиците на модерното време, динамичното секојдневие кое е неопходно да се балансира со грижата за менталното и физичкото здравје. Работилницата е дел од РЕсет платформата за добросостојба на Реплек која промовира ведар дух, здраво тело и ментална сила.
Во сесијата, д-р Митов се фокусираше на предизвиците што ги носи модерниот начин на живот – брзото темпо, недостатокот на време, неквалитетната исхрана, физичката неактивност и стресот. Со едноставен, но аргументиран пристап, тој зборуваше за тоа како да се направат мали, одржливи промени во секојдневието без нагли диети или нереални цели. Работилницата понуди практични совети и конкретни насоки за тоа каде најчесто „попуштаме“, како да ги препознаеме замките на секојдневието и што можеме да преземеме за да создадеме сопствен „РЕсет“ – чекор по чекор, прилагодено на реалниот живот.
Платформата РЕсет креира простор за секој граѓанин кој сака да внесе позитивни промени во својот живот и да го унапреди сопственото здравје и добросостојба. Преку низа отворени активности, Реплек поттикнува нови навики и однесувања што придонесуваат за личен и колективен напредок.
Досега, како дел од РЕсет платформата, се реализираа онлајн работилници со алпинистиката и уметница Илина Арсова и Борче Стаменов од иницијативата „Донирај компјутер“, како и три настани за физичка активност со Елена Бубало. Овие активности продолжуваат и понатаму.
Во годината кога Реплек го одбележува својот 80-годишен јубилеј, платформата РЕсет претставува уште еден доказ за долгорочната заложба на компанијата да придонесува за добросостојбата на поединецот и заедницата, во согласност со нејзините вредности и мисија.
ПР