Соопштенија
Стојкоски: Нов пензионерски дом во Ѓорче Петров со капацитет до 80 станари

Нов пензионерски дом во Ѓорче Петров со капацитет до 80 станари, најави кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Стојкоски.
„Континуирано даваме поддршка на сите активности на нашите пензионери во Ѓорче Петров, а и тие не го забораваат нашиот ангажман и се постојано активни и се присутни на терен. Затоа, сакам да направам еден голем гест за идните генерации на пензионери, за луѓето коишто староста ја поминуваат овде во Ѓорче Петров. Ѓорче Петров ќе го добие првиот пензионерски дом кој ќе биде на локација на поранешното „Борово“. Овој пензионерски дом ќе биде со површина од 1.800 метри квадратни и ќе може да прими од 60 до 80 станари. Покрај становите за новите жители во овој дом, овој дом ќе располага и со заеднички простор од приближно 200 метри квадратни каде што луѓето ќе можат во староста да се дружат, да се забавуваат и да ги исполнуваат нивните секојдневни социјални услуги“, рече Стојкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
(Видео) Митовски: Автокоманда станува новото срце на Скопје, крај на хаосот и почеток на модерна ера

Се залагаме Автокоманда да стане новиот центар на градот модерна, функционална и урбано уредена населба која ќе им нуди на граѓаните квалитетен живот и решенија за сите долгогодишни проблеми, истакна Влатко Митовски, кандидат за градоначалник на Гази Баба од редовите на СДСМ.
„Денес се наоѓам токму на местото каде што ќе ја изградиме новата катна гаража, која ќе биде наменета за сите граѓани кои секојдневно работат во околните компании и институции. Покрај оваа, ќе изградиме уште две катни гаражи првата на постојниот паркинг на ул. „Јани Лукровски“ до плоштадот, а втората на асфалтираниот паркинг на ул. „Лазар Поп Трајков“.
Со тоа ќе ставиме крај на хаосот со паркирањето, а дополнително сообраќајниот метеж ќе го решиме со воведување еднонасочен режим на улиците низ населба“.
Најави дека ќе се зафати со целосно уредување на како што рече, уништеното зеленило и пешачки патеки, „кои со години беа жртва на градежно дивеење“.
Автокоманда, според него, заслужува да биде пример за урбанистички развој.
„Затоа ќе изградиме и нов парк за миленици, како дел од нашата визија за модерна и зелена животна средина.
Ова е само почетокот на една нова приказна приказна во која Автокоманда ќе стане гордоста и новото срце на Скопје“.
Соопштенија
Георгиевски: Ќе изградиме нова детска градинка во Илинден

Инвестициите во градинките, не се само инвестиции во објекти, туку во иднината на нашите најмили, изјави кандидатот за градоначалник на Општина Илинден од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Георгиевски.
„Во секое семејство, во секое дете, покажавме дека посветеноста, визијата и континуираната работа создаваат современи, функционални и топли простори во кои децата растат безбедно и среќно. Затоа, ќе изградиме нова детска градинка, со цел да им помогнеме на семејствата да добијат поголема достапност на квалитетна предучилишна грижа. Современи и безбедни простории за згрижување, и развој на дечињата“, рече тој.
Соопштенија
Стефковски: Градиме ново училиште во Ченто и нова спортска сала во Црешево

Градиме ново училиште во Ченто и нова спортска сала во Црешево, изјави кандидатот за градоначалник на Општина Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Стефковски.
„Образованието е темелот на силна и успешна иднина, затоа градиме ново училиште во Ченто и нова спортска сала во Црешево. Нашите деца веќе добија современи спортски сали во Стајковци и Булачани, простории каде растат здрави и успешни генерации. Но тука не застануваме, во следните четири години ќе изградиме нови спортски сали во Железара, Ченто и Страчинци. Инвестираме во младите, инвестираме во иднината на нашата општина. Не ветуваме туку, градиме и реализираме“, вели тој.