Соопштенија
Трипуновски: СДСМ на криминален начин сака да подели илјадници хектари државно земјоделско земјиште
Трајан Димковски и СДСМ на криминален начин сакаат да им поделат илјадници хектари државно земјоделско земјиште на свои партиски војници непосредно пред изборите, обвини Цветан Трипуновски, дополнителен заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
„Вкупно два огласа и четири јавни повици за распределба на државно земјоделско земјиште се распишани во последниот еден и пол месец, со кои спротивно на законот и подзаконските акти се предвидува можност за расцепување на земјоделските парцели помеѓу повеќе лица. Димковски постапува во спротивност на неколку закони кои ги регулираат земјоделското земјиште и Правилникот за избор на најповолен понудувач“, рече тој.
Со постапките за доделување земјоделско земјиште, рече Трипуновски, Димковски го крши чл. 3, ст. 6 од Правилникот, според кој е предвидено дека не може да се дели, односно цепи, една катастарска парцела. Со цел да го покрие криминалот, рече тој, Димковски врши измена на Правилникот на 22 јануари, последен ден од завршување на постапките.
„Истовремено, свесен дека не може да го примени ретроактивно Правилникот, по брза постапка на три дена пред распуштањето на Собранието преку група пратеници предлага и измени во законот, со кој признава дека постапките му се почнати спротивно на законските норми и противуставно бара измената на Законот за земјоделското земиште да важи ретроактивно. Обидот шверцерски да се протуркаат измените во Законот за земјоделското земјиште не успеаја. Иако свесен за незаконското постапување, Димковски продолжува да ги криши законите, моментно тој дели земјиште по однос на 2 огласа, што само по себе повлекува одговорност и за него лично, но и за комисиите“, рече Трипуновски.
Тој го повика Димковски и членовите во комисиите за доделување земјоделско земјиште да го почитуваат законот и да ја преиспитаат законитоста на спроведените постапките, особено по однос на четирите јавни повици.
„Дополнително, го повикувам Трајан Димковски да им објасни на повеќе од 1.600 земјоделци, кои потрошија време и пари за изработка на елаборати и собирање друга документација, дека поради негов пропуст и незнаење, ќе останат и без пари и без земјиште. Димковски и членовите на комисиите да не се дрзнуваат да влегуваат во криминал и да ги кршат законите, тие треба да знаат дека секое незаконие ќе биде санкционирано по 12 април“, рече Трипуновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
БРАКО донираше 330 топли оброци за лица во социјален ризик
Компанијата БРАКО реализираше хуманитарна донација од 330 топли оброци од работничката менза на фабриката, наменети за лица во социјален ризик во Велес и околината.
Оброците беа подготвени од велешкиот ресторан „Боем“, кој ја обезбедува исхраната за вработените во БРАКО.
Во рамки на заедничката акција, храната се преземаше преку Народната кујна на „Боем“, а за лицата кои живеат во подалечни места или немаат пристап до информации и социјални мрежи, активисти ја доставуваа директно до нивните домови.
Со оваа донација, БРАКО уште еднаш ја потврдува својата посветеност на општествената одговорност и поддршката на локалната заедница, со посебен фокус на солидарноста и грижата за најранливите категории граѓани.
Компанијата и во иднина ќе продолжи да поддржува иницијативи кои имаат реално и директно влијание врз подобрување на квалитетот на живот во заедницата.
(ПР текст)
Соопштенија
Таткото троши – ќерката плаќа: смена на улогите во новата реклама за картичката за деца на Халкбанк
Замислете кога во одреден момент со парите би управувале децата. Тие да можат да одлучат што да се купи, а што не или колку може да се потроши за чоколади и за слатки. Тие да кажат дали овој месец ќе заштедат или ќе го потрошат целиот буџет.

Во ваква улога се најдоа познатиот македонски актер Сашко Коцев и неговата 9-годишна ќерка Јоана, на снимањето на рекламата за првата платежна картичка за деца на Халкбанк. Станува збор за иновативен производ, наменет за деца од 9 до 15 години, кој ним им овозможува да стекнат финансиски навики, додека родителите имаат целосна контрола на тоа каде и колку трошат нивните деца.
Рекламата за картичката Халки се случува во слаткарница. Таткото е возбуден и сака да нарача сè од менито, но за тоа мора да побара дозвола од ќерката. Таа, од друга страна, е смирена и рационална и не дозволува да се претера со нарачките, но и конзумирање на слатко. На крајот, ќерката ја плаќа сметката со својата Халки картичка.
„Целта на кампањата е на забавен начин, со доза хумор, да покажеме дека децата знаат да се однесуваат одговорно кон финансиите доколку им се дозволи и им се покаже како да го прават тоа. Практично, идејата за креирање на првата картичка за деца и тинејџери до 15 години во Македонија е токму тоа – да им помогне да научат како да располагаат со одредена сума пари, да го планираат неделниот или месечниот џепарлак и да стекнат навики за штедење. Секако, со помош и со контрола на родителите“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Mastercard Junior дебитната картичка овозможува низа поволности како повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во Македонија и во странство, бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот или старателот на сметката на детето. Исто така, родителот има можност за поставување лимити на платежната сметка на детето, блокирање на картичката преку електронско банкарство во случај на губење, СМС инфо без надоместок на мобилниот број на законскиот застапник/старател и можност за дигитализирање на картичката на Google Pay или Apple Pay.
Процедурата за аплицирање за картичката за деца е едноставна и може да се направи во сите филијали на Халкбанк, а сите апликации до крајот на март годинава се ослободени од трошоци за издавање на картичката.
(ПР)
Соопштенија
ЕДС официјален поддржувач на Олимпискиот комитет за спортскиот циклус 2026
Со потпишувањето на спонзорски договор со Олимписки комитет на Северна Македонија, ЕДС официјално станува дел од Олимпиското семејство како Официјален поддржувач за време на клучниот спортски циклус во 2026 година.
ЕДС ќе даде поддршка на Олимпискиот комитет во период што опфаќа неколку од најзначајните меѓународни спортски настани, меѓу кои Зимските олимписки игри Милано–Кортина 2026 и Медитеранските игри во Таранто.
Со оваа соработка, ЕДС ја потврдува својата заложба за поддршка на спортот, младите и вредностите што ги промовира олимпиското движење – фер-плеј, извонредност, посветеност и заедништво.
„Ова партнерство за нас претставува многу повеќе од спонзорство. Тоа е јасна поддршка на вредностите што ги делиме со олимпиското движење – дисциплина, истрајност и стремеж кон извонредност. Горди сме што, преку соработката со Олимпискиот комитет на Северна Македонија, ќе бидеме дел од еден значаен спортски циклус и ќе придонесеме кон промоција на домашниот спорт на меѓународната сцена,“ изјави главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски.
Спонзорството ја зацврстува позицијата на ЕДС како општествено одговорна компанија, која континуирано инвестира во иницијативи со долгорочна вредност за заедницата и придонесува кон позитивен општествен развој.
ПР

