Соопштенија
ФДМ: Во чие име преговара премиерот
Форумот за демократска Македонија се приклучува кон критиките и бара извинување пред македонската јвност и објаснувања за анахроните изјави на премиерот дадени во интервјуто за „Бгнес“.
„Врз основа на кои историски факти е изјавата за општа историја со Бугарија и лошoто влијание на Југославија во меѓусебното пријателство? Дали премиерот со оваа изјава ја ревидира нашата најголема историска борба, ги сквернави спомените на нашите предци и го руши асномскиот темел на македонскиот народ и држава? Ние и ден-денешен имаме живи жртви и сведоци на злосторствата од ‘бугарската администрација’. Врз основа на кој член од договорот се елиминирани некои од таблите и спомениците, кои сведочат за антифашистичката борба и жртвите од ‘бугарските администратори’ кои заслужуваат да бидат прогласени за историско и културно наследство“, се вели во соопштението.
ФДМ прашува врз основа на кој член од Уставот би се донел закон за казнување за говор на омраза против странски народи и држави? Дали овој закон е дел од договорот и дали е со реципроцитет?
„Врз основа на кој член од договорот е изјавата дека немаме побарувања за малцинствата и малцински претензии. Дали се откажуваме од нив и кој е нивниот статус? Откажувањето од малцинствата е анти-ЕУ. Влезот во ЕУ има смисла само ако преку реформи се подобри квалитетот на животот на македонските граѓани и за таа цел нема потреба да докажуваме дали постоиме или не. Затоа, го повикуваме премиерот отворено и транспарентно, на чист литературен македонски јазик, како што е обврзан според законот, да дообјасни со кои историчари се советувал за изјавите дадени во интервјуто, што е договорено со Бугарија и која е цената што треба да се плати за влез во ЕУ. Исто така, му даваме историска шанса во најмала рака да му се извини на сопствениот народ доколку во кој било дел од овој процес увидел дека згрешил и да си поднесе оставка“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Митески: Паметен пристап до паркирањето, практично, економично и безбедно решение за Аеродром
Градоначалникот на Општина Аеродром и кандидат за нов мандат, Дејан Митески, најави решение за еден од најчестите проблеми со кои секојдневно се соочуваат граѓаните – недостатокот на паркинг места и хаосот во сообраќајот.
„Наместо нереални ветувања за катни гаражи кои бараат години и милионски буџети, општината се насочува кон брзо и практично решение, воведување еднонасочни улици со обележани ленти за паркирање. Не можеме да изградиме катна гаража за шест месеци, но можеме за шест месеци да обезбедиме до 800 нови паркинг места“, истакна Митески, додавајќи дека ова решение се базира на користење на постојната инфраструктура, без дополнителни големи трошоци.
Тој кажа дека оваа стратегија носи три големи придобивки за жителите на Аеродром: прво, значително се зголемува бројот на достапни паркинг места во густо населените зони, со рационално искористување на секој метар улица, второ, создава можност за воведување велосипедски патеки на делови каде што ширината тоа го дозволува, поттикнувајќи здрави и еколошки навики и трето, самата организација на еднонасочните улици природно го намалува брзото движење на возилата, придонесувајќи кон побезбедно и покултурно сообраќајно однесување.
„Со новиот сообраќаен режим, улиците ќе станат поуредени, побезбедни и попрактични. Наместо да вложуваме време и средства во невозможни проекти, се фокусираме на решенија што граѓаните ќе ги почувствуваат веднаш“, рече Митески.
Соопштенија
Ристески: Комплетна реконструкција на улицата Јане Сандански, продолжуваат инфраструктурните проекти во Македонски Брод
Комплетна реконструкција на улицата „Јане Сандански“, продолжуваат инфраструктурните проекти во Македонски Брод, вети Жарко Ристески, кандидат за градоначалник на општина Македонски Брод од ВМРО-ДПМНЕ.
„Денес, заедно со мојот тим извршив увид во градежните активности кои се одвиваат на крак од улица „Јане Сандански“. Вршиме целосна реконструкција на оваа улица, односно реконструкција на коловозната лента, пешачките патеки, подземните инсталации, а исто така ќе вградиме хоризонтална и вертикална патна сигнализација. Македонски Брод, во градското подрачје добива уште една безбедна улица“, рече тој.
Соопштенија
„Влен“: Гласот за НАИ е глас за Левицата
„Тежок политички скандал на овие избори се случува во Тетово. Фотографијата што кружи во медиумите, на која се гледа претставникот на НАИ во Тетово, Арди Исмаили, на средба со кандидатката на Левица, Катка Божиновска, е најјасен доказ дека оваа коалиција е подготвена да продаде каква било национална вредност само за да добие власт“, велат од „Влен“.
„Да не заборавиме која е Левица, партија која: јавно ги навреди Албанците, се изјасни против независно Косово, се спротивставува на членството во НАТО, побара затворање на џамиите и ограничување на правата на Албанците!
И денес, НАИ седи на маса со нив, за валкан изборен договор. Ова не е политика, ова е срамна зделка. Ова не е стратегија, ова е морален колапс.
Сега на секој граѓанин му е јасно: за да го задржат своето фотелја, тие се подготвени да се продадат на секоја сила што ги мрази Албанците.
Тетово, Дебар, Струга и секоја албанска општина треба да знаат, на 2 ноември, гласот за НАИ е глас за Левица, за антиалбанство и за политички срам. Додека ВЛЕН, со својот кандидат Билал Касами во Тетово, Фисник Мела во Дебар и целиот свој тим, претставува достоинство, развој и иднина.
Албанците не се пазарат со оние што ги навредиле. Албанците не се продаваат. Тие гласаат за промената што ВРЕДИ!“, се наведува во соопштението на „Влен“.

