Контакт

Соопштенија

Форум на слободоумни патриоти: Референдумот нема да успее без разлика на сите уцени

Објавено пред

Референдумот во Република Македонија нема да успее, без разлика на сите уцени и закани што ги упатувате во последниот период, соопшти Форумот на слободоумни патриоти, чиј претседател е Владимир Змејковски.

dobivaj vesti na viber

Тој ги повикува ,,белосветските мешетари да прекинат да се мешаат во внатрешните работи на Република Македонија и да прекинат да го уценуваат народот”.

,,Сакаме да им укажеме дека вашата непринципиелност и вашиот безокразлук немаат крај.
Место да зборуваат за меѓународно право, за исполнување на меѓународни норми, за исполнување на Копенхашките критериуми, вие вулгарно и безобразно се мешате во работи што не се во ваша надлежност. Притоа, ги прекршувате сите дипломатските протоколи и меѓународното право.

Референдумот во Република Македонија нема да успее, без разлика на сите уцени и  закани што ги упатувате во последниот период. Доколку истото ова се случуваше во државите од кои доаѓате, до сега ќе ги протеравте дипломатите кои се мешаат во внатрешни работи на една суверена држава. Ние сме свесни дека предавничката двојка Заев-Димитров и нивните пулени нема да ве протераат само поради тоа што благодарение на вашите непринципиелни политики дојдоа на власт, но македонскиот народ многу одамна ве има прогласено за непожелни во Република Македонија”, се вели во соопштението.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија

(Видео) Сарамандов: Гевгелија со нов модерен влез и големи инфраструктурни проекти кои го менуваат ликот на градот

Објавено пред

„Гевгелија продолжува да се развива како урбана, модерна и успешна заедница. Задоволство ми е што денес Гевгелија добива нов модерен и урбан влез на градот“, вели Андон Сарамандов, кандидат за градоначалник на општина Гевгелија од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Во изминатиот период овде беа на овој потег, на влезот во градот, беа реализирани 4 проекти:

Реконструкција на натпатникот на Железничката станица со дел од Булеварот,

Дислокација на канал Рауљ,

Изградба на нов мост кон населеното место Мрзенци и на крајот завршивме со изградба на нов кружен тек со хортикултурно уредување и модерно осветлување.

Гевгелија добива репрезентативен влез, продолжуваме со континуирани, постојани вложувања, за да имаме квалитетни, безбедни и естетски инфраструктурни решенија“, изјави Андон Сарамандов, кандидат за градоначалник на општина Гевгелија од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Филипче: Гласот за Перо Костадинов е глас за продолжување на развојот, за секое маало, за цело Валандово

Објавено пред

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина, синоќа, во Валандово ги повика граѓаните, да дадат глас за Перо Костадинов, бидејќи тоа е глас за продолжување на развојот, за секое маало и за цело Валандово.

dobivaj vesti na viber

„Овде луѓето ја знаат тежината на дадениот збор, ја знаат вредноста на чесната и посветена работа. Тоа се одлики и на нашиот Перо и затоа верувам, убеден сум, дека со вашиот глас ќе го продолжиме започнатото и нема да дозволиме Валандово да се врати назад“, порача д-р Филипче.

Тој ја истакна неговата поддршка за актуелниот градоначалник и кандидат на СДСМ, Перо Костадинов, и советничката листа на партијата, упатувајќи порака за единство и победа на СДСМ во Валандово.

„Ние гордо стоиме зад Перо Костадинов, гордо стоиме зад листата на нашите советници, затоа што силно веруваме во нив, во нивната работа, посветеност, во нивната љубов за својата општина, за своето маало, уличка, за својот дом. Тие се темелот на нашата борба“, нагласи д-р Филипче.

Филипче порача дека чесната и посветена работа секогаш носи резултати и напредок, а Валандово е доказ за тоа.

„Кога го имаш тој темел, општината расте со сигурен чекор. Валандово е пример за тоа дека кога се работи чесно, кога се работи посветено, со љубов, со план, со визија – напредокот е загарантиран“, рече тој.

Лидерот на СДСМ потсети на бројните реализирани проекти и конкретни резултати што ја докажуваат успешната работа на Перо Костадинов во Валандово.

„Улици, сали, игралишта, водоводи, градинка, кино сала – тоа што е направено се гледа и вие тоа многу добро го знаете. Затоа Валандово треба да продолжи напред, за секој негов жител, за секое маало, село, улица“, истакна д-р Филипче на граѓанската трибина на СДСМ и Коалицијата „Се бориме за нашиот дом“, која се одржа синоќа во Валандово.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Светозаревиќ: Фокусот на идниот состав на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, ќе се насочи кон решавање на најгорливите прашања

Објавено пред

Од

Бранислав Светозаревиќ, носител на советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ во општина Тетово на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ се обрати и на самиот почеток истакна дека општина Тетово на вториот јавен повик за финансирање на општините, аплицирала со 40 проекти во висина од 13 милиони евра и го истакна фокусот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Општина Тетово во рамките на вториот јавен повик за финансирање на инфраструктурни проекти од Владата на Република Македонија аплицираше со 40 проекти во висина од 13 милиони евра. Фокусот на идниот состав на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, ќе се усмери кон решавање на најгорливите прашања на нашиот град и нашата општина. Еден од најголемите приоритети е квалитетот на живеењето на граѓаните, па покрај патната инфраструктура ќе се фокусираме во многу почиста средина од ова што денес го имаме, преку најразлични решенија за решавање на сообраќајниот хаос, поефикасен и бесплатен јавен превоз, поефикасно решавање на проблемот со градскиот смет, претоварна станица и селекција на отпад, обновување на водоводната мрежа, нов градски парк“, рече Светозаревиќ.

Светозаревиќ потенцираше дека за младите ќе се формира и дигитален центар, и дека со трудољубивост и многу работа општина Тетово ќе стане подобро место за живеење за сите граѓани.

„За младите Младински културен центар, потоа Центар за знаење и практични вештини, Бизнис инкубатор, формирање на дигитален центар, во кои ќе се собираат ученици и студенти кои работат на дигитални решенија. Затоа ви ветувам дека заедно со овие прекрасни луѓе од листата на советници на ВМРО ДПМНЕ ќе дадеме сѐ од себе, свесни на предизвиците и реалните проблеми со кои ќе се соочуваме, дека посветено ќе работиме на нашите планови и заедно со нашите коалициони партнери и поддршката на Владата и нејзиниот претседател Христијан Мицкоски, ќе успееме нашето Тетово и нашата општина да бидат подостоинствено место за живеење на сите граѓани во нив“, рече Светозаревиќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Кривична пријава за злоупотреби и малтретирање против две сопственички на приватни установи за сместување стари лица

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Н.Ј.(47) и Т.И.(58), двете од Скопје поради...

Македонија10 минути

Истрага против две сопственички на домови за стари лица: сместувале женски и машки лица заедно, дел од корисниците биле заклучувани, им биле служеби оброци со изминат рок

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица осомничени за кривични...

Македонија19 минути

Мицкоски до Филипче: Кажи јавно што мислиш за Зоран Заев, не биди лицемерен

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на синоќешниот митинг во Гостивар во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година...

Топ22 минути

Уапсени двајца скопјани: предизвикале пожар на две товарни и едно патничко возило кај спортскиот центар „Јане Сандански“

Денеска, во 02:20 часот во СВР Скопје е пријавен дека на паркинг простор од Спортскиот центар „Јане Сандански“ на подрачје...

Свет3 часа

(Видео) Нападнат автомобилот во кој се наоѓал претседателот на Еквадор, луѓе фрлаа камења, најдени траги од куршуми

Автомобилот на еквадорскиот претседател Даниел Нобоа бил опкружен од околу 500 луѓе кога тој пристигнал на настан во покраината Канар,...

Европа3 часа

Путин: Украинците се повлекуваат на целата фронтова линија

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските сили во 2025 година зазеле речиси 5.000 квадратни километри територија во Украина и...

Европа4 часа

Мелони: Пријавена сум во Меѓународниот кривичен суд за соучество во геноцид

Италијанската премиерка Џорџа Мелони вчера изјави дека таа и двајца министри се пријавени во Меѓународниот кривичен суд за наводно соучество...

Свет4 часа

Нетанјаху: Ќе продолжиме да ги постигнуваме сите воени цели, Газа повеќе нема да биде закана

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера вечер им вети на Израелците дека ќе ги постигне сите цели на војната против Хамас...

Европа4 часа

Путин: Се докажа дека бевме во право во февруари 2022 година

Желбата на луѓето од Донбас и Новорусија да ја поврзат својата иднина со Русија докажа дека одлуките донесени во февруари...

Македонија13 часа

Тошковски: Нема да поднесам оставка

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на неговиот „Фејсбук“ профил реагира соопштението на СДСМ во кое се бара негова оставка....

Македонија16 часа

Во вооружениот напад во Куманово е повреден докторот Зекирија Шаини, од Здравство велат дека е во стабилна состојба

Министерството за здравство со вознемиреност ја прими веста за вооружениот напад во Куманово при кој беше повреден нашиот колега, доктор...

Македонија17 часа

Нема индиции на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово, соопштија од Јавното обвинителсто. „Во однос на настанот...

Македонија17 часа

Поради сериозни пропусти, Владата го раскина договорот за концесија на каменоломот во Страчинци

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, информира дека Владата еднострано...

Македонија18 часа

Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман: две лица уапсени

По добиени сознанија за можен нехуман третман на стари лица – корисници на услуги за вон-семејна заштита, Основното јавно обвинителство...

Топ21 час

Татко ги допирал по телата неговите 16-годишни ќерки во Кавадарци

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Д.Г.(40) од Кавадарци. Тој, како што соопшти полицијата, се сомничи за сторено кривично дело...

Македонија22 часа

Од наредната година, првиот извод на бебето родителите ќе го добиваат во болница

Од наредната година, првиот извод на бебето родителите ќе го добиваат во болница, најавија Владата и Министерството за дигитална трансформација....

Македонија23 часа

Македонија од денес и официјално дел од СЕПА: полесни и побрзи плаќања во евра

Министерството за европски прашања информира дека од денес, 7 октомври 2025 година, Република Северна Македонија официјално започнува со примена на...

Топ23 часа

Две Италијанки уапсени на Табановце, кај нив се пронајдени семки од канабис, ЛСД, кесичка со суви печурки

Вчера во 20:20 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ги лишија од слобода 33-годишните Џ.П....

Топ23 часа

Уапсен маж од скопско Мирковци, фатен како краде нафта од училиште

Вчера во 21:25 часот полициски службеници од СВР Скопје поради сомнение за сторено кривично дело согласно член 236 од Кривичниот...

Топ24 часа

Полициска потера на патот Скопје – Велес: испукан предупредувачки куршум, криминалците со возило излетале од коловозот

Вчера во близина на населбата Нова Колонија полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции, постапувајќи по план од СВР...