Контакт

Соопштенија

ФРОДЕМ: Обвинителството да провери дали ВМРО-ДПМНЕ има нови докази за „Рекет“ или дава лажни искази

Објавено пред

Во Република Македонија одамна функционира на дело т.н. свето тројство – сваровски-судство, Русковска-обвинителство и Долче и Габана-политичари, велат од политичката партија Фронт за демократска Македонија (ФРОДЕМ).

dobivaj vesti na viber

„Навидум сите се за ред и поредок, а цело време сме сведоци на анархија. Капак на сето тоа се и случајот ‘Рекет’ и торбите ‘луј витон’ . Сите вмешани, а на крај сите чисти“, се наведува во соопштението на партијата чиј лидер е Јове Кекеновски.

Во него понатаму се цитира изјава од Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој рекол: „ако судот не ја заврши својата работа за случајот со СЈО и ‘Рекет’, тогаш ДПМНЕ ќе објави нови сознанија за тој случај“.

„Сакаме да ја потсетиме јавноста дека и партискиот шеф на Николовски пред неколку месеци даде изјава со слична содржина, а кога тоа ќе се чуе од првите двајца луѓе на засега најголемата опозициска партија, тоа треба серизно да се земе предвид“, велат од ФРОДЕМ.

Од таму повикуваат Обвинителството да го сослуша раководството на опозициската партија во врска со овој случај.

„За да се открие целата мистерија за случајот ‘Рекет’ и да се стави крај на сите шпекулации и нејасности во врска со него, ФРОДЕМ ги повикува (какво-такво) надлежното Обвинителство и судот итно да ги повикаат и да ги сослушаат гласноговорникот Николовски и неговиот шеф и да видат и чујат што е тоа што тие го знаат, а не го знаат обвинителот и јавноста и, конечно, да стави крај на сите идни манипулации, калкулации и игри за престолот“, стои во партиското соопштение, во кое се додава дека само на овој начин судот и надлежното Обвинителство имаат ретка можност да ги проверат, но и да дојдат до евентуално нови сознанија, а во спротивно доколку повиканите лица немаат нови докази, тоа е убава можност првпат во земјата да се поведе постапка против политичари за давање лажен исказ.

 

Соопштенија

(Видео) „Митески нека одговори, каде се ветените 100.000 квадратни метри ново зеленило во Аеродром“, прашува Кусакатска

Објавено пред

„Пред само четири години ВМРО-ДПМНЕ, со Дејан Митески и Тимчо Муцунски, ветуваа дека Аеродром ќе добие 100.000 квадратни метри ново зеленило и нови паркови. Денес, по четири години, нема ниту еден нов парк“, кажа Марина Кусакатска, кандидатка за советник во Советот на општина Аеродром од СДСМ и коалицијата.

dobivaj vesti na viber

„Наместо зелен Аеродром, гледаме пожолтени тревници, неискосени површини, урната урбана опрема и расфрлано ѓубре.

Паркот „Радост“ во Реонски центар – наместо да го завршат уште во првата година – четири години подоцна сè уште не е готов.

Парк кај касарната „Гоце Делчев“ – ветен, но нема ни проект.

Нов парк во Ново Лисиче со содржини за сите возрасти – само празно ветување.

„Паметен систем за наводнување“ – не можат да ги поправат ни старите прскалки.

Паркот „Авионче“ требаше да стане мал луна парк – останува запуштен простор со паркирани возила на тревниците.

Нови паркови за миленици во секој дел од Аеродром – ниту еден не е изграден.

Митески и Муцунски не само што не подигнаа нови паркови, туку ги оставија да пропаднат и оние што беа подигнати претходно.

Аеродром, некогаш најзелената општина во Скопје, денес е симбол на запуштеност и ѓубре на секој чекор.

Затоа прашуваме: Со кое лице Дејан Митески ќе бара втор мандат од граѓаните? Имаат ли Митески, Муцунски барем трошка срам за она што го направија – или подобро речено, не го направија?

Време е да ја вратиме општината во рацете на луѓе што работат. Аеродром заслужува вистински паркови, чист воздух и уредени јавни простори. Заедно со Вас граѓаните ќе се избориме за Аеродром, ќе се избориме за нашиот дом!“, изјави Марина Кусакатска, кандидатка за советник во Советот на општина Аеродром од СДСМ и коалицијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Оливера Ливриниќ со средби со жителите на населбата Ферид Бајрам: најавени нови инфраструктурни и комунални инвестиции

Објавено пред

Кандидатката за градоначалник на Општина Бутел, Оливера Ливриниќ, оствари средба со жителите на населбата Ферид Бајрам, при што најави повеќе инфраструктурни проекти со цел подобрување на условите за живеење и поголема безбедност на граѓаните.

dobivaj vesti na viber

Меѓу најавените активности се уредувањето на просторот кај Тедико, кој ќе добие зеленило и фонтана – ново место за одмор и рекреација за жителите од овој дел на Бутел, се наведува во соопштението.

„Планирана е и изградба на атмосферска канализација на булевар „Христијан Тодоровски Карпош“, зад автобуската Чаирче, како и реконструкција на уличното осветлување во населбата, со што ќе се зголеми безбедноста и ќе се подобри урбаното уредување“, се вели во соопштението.

Според кандидатката, посебен акцент ќе се стави на обновата на трите парка во овој дел од општината:

Паркот на ул. „Мара Междуречка“
Паркот на ул. „Никола Петров“
Паркот спроти ООУ „Петар Здравковски Пенко“

„Секој парк ќе биде безбеден, уреден и пријателски – за децата, за родителите, за сите што живеат тука. Ова не се само ветувања, туку конкретни планови што ќе ги реализираме заедно со граѓаните“, изјави Ливриниќ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Анѓушев: Паркингот пред Лептокарија ќе произведува струја

Објавено пред

Носителот на листата за советници на Коалицијата за зелена иднина во Општина Карпош, Александар Анѓушев и кандидатката за советничка Љубица Шопова денес се сретнаа со дел од жителите на Лептокарија. Во разговор со граѓаните беа претставени програмските приоритети на коалицијата, како што се зелени и пристапни јавни простори, транспарентно локално управување и оживување на културниот живот во Карпош.

dobivaj vesti na viber

Анѓушев најави јасен курс кон спроведување на одржливи решенија за паркирањето во овој дел од општина Карпош.

„Паркингот пред Лептокарија мора да прерасне во извор на чиста енергија, во Советот ќе бараме поставување на соларни настрешници наместо изградба нова катна гаража и бетон. Јавниот интерес мора да биде пред профитот“, рече Анѓушев.

Шопова зборуваше за приоритетите во делот на културната инфраструктура и јавните објекти.

„Напуштените јавни објекти во Карпош ќе ги пренамениме во живи културни пунктови за музика, театар, ликовни и младински програми. Јавниот простор е право, не милост, културата треба да се гледа и слуша во секое маало“, порача Шопова.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија34 минути

Костовски: Нов модерен затворен базен во Бутел

Актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски им најави на граѓаните на Општината дека...

Македонија1 час

Венецијанската комисија преглага јавниот обвинител да се избира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието

Венецијанската комисија и Генералниот директорат за човекови права на Советот на Европа препорачуваат јавниот обвинител да се избира и разрешува...

Македонија1 час

„Од 2.500 на 5.000 денари ја зголемуваме еднократната парична помош за пензионери“, најави Герасимовски

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ и актуелен градоначалник Горан Герасимовски, информира дека од следната година...

Македонија2 часа

„Милионски профити за фирми блиски до Заев преку тендери на Марковски компани додека 600 000 граѓани живееja со 150 денари на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Додека инфлацијата во државата беше двоцифрена, а над 600 000 граѓани живееа со 150 денари на ден Заев и неговите...

Македонија2 часа

Колку вреди македонскиот пасош: Македонците без виза можат да посетат 129 дестинации

За прв пат во историјата на Henley Passport Index, листата на најмоќни пасоши во светот повеќе не ги вклучува САД...

Македонија2 часа

Фон дер Лајен денеска во Скопје, ќе ја пречека премиерот Мицкоски

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, попладнево ќе пристигне во Скопје, во рамки на нејзината балканска турнеја. Таа...

Свет4 часа

(Видео) Трамп во пресрет на одлуката за Украина: „Имав добри односи со Владимир. Многу сум разочаран“

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека е „многу разочаран“ од рускиот претседател Владимир Путин, неколку дена пред посетата на...

Европа4 часа

Прекини во снабдувањето со електрична енергија во дел од Украина, вклучително и во Киев

Преоптоварувањето на електричната мрежа и последиците од претходните руски напади доведоа до прекини во снабдувањето со електрична енергија во Киев...

Свет4 часа

Трамп го одликува Чарли Кирк

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера му го додели на убиениот конзервативен активист Чарли Кирк Претседателскиот медал за слобода, највисокото цивилно...

Регион4 часа

Грчкиот парламент денес гласа дали ќе го воведе најдолгиот работен ден во Европа

Грчките пратеници денес треба да гласаат за контроверзна реформа што би ѝ овозможила на централно-десничарската влада да воведе 13-часовен работен...

Свет4 часа

(Видео) Најмалку 20 лица загинаа во пожар во автобус во Индија

Најмалку 20 лица загинаа во пожар во автобус во индиската држава Раџастан, објавија локалните медиуми. Автобусот превезувал повеќе од 50...

Свет15 часа

Трамп ги третира европските лидери како марионети во својот „куклен театар“, вели Карпович

Претседателот на САД, Доналд Трамп, гледа дека европските лидери му се целосно потчинети и се подготвени да реагираат на секој...

Македонија21 час

„Пренеси им поздрав и порака на нашите ангели“ – родителите од Кочани сочувствуваат со смртта на Панчо

Здружението на граѓани „16 март“, формирано од некои од родителите и семејствата на загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“...

Македонија21 час

Железничката станица не може да биде турбофолк-хаб, Ивановски ќе отстранува сѐ што не е во проектот од Кензо Танге

Железничката станица во најкус рок ќе биде исчистена од билборди, паноа и графити и ќе биде забрането да се поставуваат...

Македонија22 часа

Андоновски: Македонија добива национален центар за вештачка интелигенција – почнува проектот „Везилка“

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска официјално го претстави проектот „Везилка“ – Национален центар за вештачка интелигенција, капитален проект...

Македонија24 часа

Почина Панчо од ДНК

Владимир Блажев-Панчо од дуото ДНК почина речиси седум месеци по трагедијата во Кочани во дискотеката „Пулс“, каде што доби сериозни...

Македонија1 ден

Извештаи за примени донации доставиле 35 отсто од учесниците во изборната кампања

Во согласност со Изборниот законик, учесниците во изборната кампања за локалните избори 2025 година имаат обврска да поднесат извештаи за...

Македонија1 ден

„Од 7.000 на 10.000 го зголемуваме надоместокот за новороденче“, најави Герасимовски

Кандидатот за градоначалник на општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, синоќа беше на терен, на средби со граѓаните...

Македонија1 ден

„ЈО и Коцевски да одговорат дали дискотеката „Пулс“ платила 40.000 евра, дали Спасовски ја спасил од казна“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„ЈО и Коцевски да не молчат и да кажат на јавноста дали дискотеката Пулс платила казна од 40.000 евра или...

Свет1 ден

Трамп постигна прекин на огнот во Газа, но сега се појавуваат три големи прашања

Американскиот претседател Доналд Трамп успеа да ги донесе Израел и Хамас на преговарачка маса и да постигне прекин на огнот,...