Соопштенија
Цементарница УСЈЕ еден од предводниците во следење на ЕСГ пристапот за деловно управување
Декарбонизација и дигитализација, работно окружување што овозможува раст, позитивно локално влијание и одговорно управување со ресурсите, се четирите клучни столба на кои се развива и имплементира ЕСГ стратегијата (Enviroment, Social and Governance) во Цементарница УСЈЕ АД Скопје. Компанијата сите свои активности ги насочува кон креирање на одржлив раст и поттикнување на развој на заедницата, градејќи силни партнерства со сите засегнати страни.
Како една од првите компании во земјава кои ја поставија ЕСГ стратегија за 2025 и понатаму, УСЈЕ беше дел од конференцијата „Поттикнување на одржлива бизнис околина“, што ја организираше Американската стопанска комора во Северна Македонија (AmCham) со поддршка на Центарот за меѓународни приватни претпријатија од Вашингтон (CIPE).

На конференцијата посветена на важноста од воведувањето на ЕСГ пристапот во реалниот сектор како предуслов за креирање на одржлив развој зборуваше и Магдалена Славејкова, менаџерка за човечки ресурси и корпоративна општествена одговорност во УСЈЕ. Поделувајќи ги исуствата на компанијата и на Титан групацијата, Славејкова истакна:
„За нас во УСЈЕ, ЕСГ стратегијата не се само пишани зборови на хартија, туку се принципи кои ги применуваме во нашето секојдневно работење. Нашите активности, и во компанијата и во односите со нашите партнери, се базирани на транспаретност и отворен дијалог кој трае во континуитет. Особено внимание посветуваме на дијалогот со заедницата и дополнително зајакнување на соработката. Секоја година ги спроведуваме нашите активности согласно ЕСГ целите според годишен акционен план кој е целосно хармонзиран со принципите на Зелениот договор на Европската Унија и Целите на Обединетите нации за одржлив развој (ЦОР) за намалување на CO2 емисиите до 2030 година“.
УСЈЕ секоја година вложува во проекти базирани на ЕСГ стратегијата и целите, а само минатата година во зелени проекти и проекти од интерес на пошироката заедница инвестирани се 10 милиони денари. Како компанија која е посветена на добро управување, транспарентност и бизнис етика, Цементарница УСЈЕ е посветена на сите засегнати страни, пред сѐ вработените, добавувачите, клиентите и целокупната заедница. Покрај тоа, компанијата воведе и нов производ – „зелениот“ ЕКО Цемент со помало количество клинкер, со што диркетно се намалуваат емисиите на CO2.
Цементарница УСЈЕ поседува Интегрирана еколошка А дозвола и работи по највисоките стандарди во областа на животната средина. Работењето на компанијата се следи и преку 24-часовен независен мониторинг, а податоците од мерењата ги имаат на увид сите релевантни институции.
На конференцијата „Поттикнување на одржлива бизнис околина“ домашни и странски експерти истакнаа дека македонските компании имаат добри перформанси во однос на имплементирањето на ЕСГ пристапот, но постои можност за унапредување на соработката.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
БРАКО донираше 330 топли оброци за лица во социјален ризик
Компанијата БРАКО реализираше хуманитарна донација од 330 топли оброци од работничката менза на фабриката, наменети за лица во социјален ризик во Велес и околината.
Оброците беа подготвени од велешкиот ресторан „Боем“, кој ја обезбедува исхраната за вработените во БРАКО.
Во рамки на заедничката акција, храната се преземаше преку Народната кујна на „Боем“, а за лицата кои живеат во подалечни места или немаат пристап до информации и социјални мрежи, активисти ја доставуваа директно до нивните домови.
Со оваа донација, БРАКО уште еднаш ја потврдува својата посветеност на општествената одговорност и поддршката на локалната заедница, со посебен фокус на солидарноста и грижата за најранливите категории граѓани.
Компанијата и во иднина ќе продолжи да поддржува иницијативи кои имаат реално и директно влијание врз подобрување на квалитетот на живот во заедницата.
(ПР текст)
Соопштенија
Таткото троши – ќерката плаќа: смена на улогите во новата реклама за картичката за деца на Халкбанк
Замислете кога во одреден момент со парите би управувале децата. Тие да можат да одлучат што да се купи, а што не или колку може да се потроши за чоколади и за слатки. Тие да кажат дали овој месец ќе заштедат или ќе го потрошат целиот буџет.

Во ваква улога се најдоа познатиот македонски актер Сашко Коцев и неговата 9-годишна ќерка Јоана, на снимањето на рекламата за првата платежна картичка за деца на Халкбанк. Станува збор за иновативен производ, наменет за деца од 9 до 15 години, кој ним им овозможува да стекнат финансиски навики, додека родителите имаат целосна контрола на тоа каде и колку трошат нивните деца.
Рекламата за картичката Халки се случува во слаткарница. Таткото е возбуден и сака да нарача сè од менито, но за тоа мора да побара дозвола од ќерката. Таа, од друга страна, е смирена и рационална и не дозволува да се претера со нарачките, но и конзумирање на слатко. На крајот, ќерката ја плаќа сметката со својата Халки картичка.
„Целта на кампањата е на забавен начин, со доза хумор, да покажеме дека децата знаат да се однесуваат одговорно кон финансиите доколку им се дозволи и им се покаже како да го прават тоа. Практично, идејата за креирање на првата картичка за деца и тинејџери до 15 години во Македонија е токму тоа – да им помогне да научат како да располагаат со одредена сума пари, да го планираат неделниот или месечниот џепарлак и да стекнат навики за штедење. Секако, со помош и со контрола на родителите“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Mastercard Junior дебитната картичка овозможува низа поволности како повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во Македонија и во странство, бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот или старателот на сметката на детето. Исто така, родителот има можност за поставување лимити на платежната сметка на детето, блокирање на картичката преку електронско банкарство во случај на губење, СМС инфо без надоместок на мобилниот број на законскиот застапник/старател и можност за дигитализирање на картичката на Google Pay или Apple Pay.
Процедурата за аплицирање за картичката за деца е едноставна и може да се направи во сите филијали на Халкбанк, а сите апликации до крајот на март годинава се ослободени од трошоци за издавање на картичката.
(ПР)
Соопштенија
ЕДС официјален поддржувач на Олимпискиот комитет за спортскиот циклус 2026
Со потпишувањето на спонзорски договор со Олимписки комитет на Северна Македонија, ЕДС официјално станува дел од Олимпиското семејство како Официјален поддржувач за време на клучниот спортски циклус во 2026 година.
ЕДС ќе даде поддршка на Олимпискиот комитет во период што опфаќа неколку од најзначајните меѓународни спортски настани, меѓу кои Зимските олимписки игри Милано–Кортина 2026 и Медитеранските игри во Таранто.
Со оваа соработка, ЕДС ја потврдува својата заложба за поддршка на спортот, младите и вредностите што ги промовира олимпиското движење – фер-плеј, извонредност, посветеност и заедништво.
„Ова партнерство за нас претставува многу повеќе од спонзорство. Тоа е јасна поддршка на вредностите што ги делиме со олимпиското движење – дисциплина, истрајност и стремеж кон извонредност. Горди сме што, преку соработката со Олимпискиот комитет на Северна Македонија, ќе бидеме дел од еден значаен спортски циклус и ќе придонесеме кон промоција на домашниот спорт на меѓународната сцена,“ изјави главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски.
Спонзорството ја зацврстува позицијата на ЕДС како општествено одговорна компанија, која континуирано инвестира во иницијативи со долгорочна вредност за заедницата и придонесува кон позитивен општествен развој.
ПР

