Контакт

Соопштенија

Шекеринска од Центар: Исполнивме две невозможни мисии – ЕУ и НАТО

Објавено пред

Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, учествуваше на отворање на нов изборен штаб на СДСМ во општина Центар.

dobivaj vesti na viber

„Членството на СДСМ расте насекаде во државата бидејќи ветуваме и остваруваме, покажавме дека се може, затоа денес имаме и над 200 нови членови во победнички Центар“, истакна Шекеринска.

СДСМ, додаде таа, го остварува тоа што ВМРО-ДПМНЕ го направи невозможно.

„Тие беа против повисоки плати и пензии, ние ги покачивме. Тие затвораа компании, ние отворивме 60.000 реални работни места, покажавме дека се може, затоа сме де факто 30. членка на НАТО затоа ќе бидеме членка на ЕУ. Ние одиме три чекори напред, тие назад кон ходници и Будимпешта, тие трошеа на Скопје 2014, ние парите ги враќаме кај граѓаните. Доказ за нашата одговорност се покачените плати и пензии, проектот ‘Мој ДДВ’, доказ за нивното расипништво се жални врби и лажен барок. Затоа СДСМ ќе победи убедливо на 12 април, граѓаните знаат и гледаат и чувствуваат вистинска грижа“, рече Шекеринска.

Соопштенија

Ливриниќ: Вистинска грижа за бутелчани или прекршување на Изборниот законик на последниот ден на кампањата

Објавено пред

Од

Во мојата програма јасно најавив мерка за ослободување од надоместок за плаќање на оброк и ужина за сите деца на сите наши сограѓани во Општина Бутел – без исклучок и без поделби. Денеска, Советот на Општина Бутел усвои две мерки со слична содржина. Тоа не го сметам за проблем, напротив – го поздравувам и поддржувам секој чекор кој е во интерес на граѓаните, вели кандидатката за градоначалничка на Општина Бутел од СДСМ, Оливера Ливриниќ.

dobivaj vesti na viber

Но, како што вели, проблемот е начинот и времето на донесување на овие одлуки.

„Претседателот на Советот и градоначалникот Костовски добро знаат дека се наоѓаме во предизборна кампања, и тоа во последниот ден од истата, кога согласно закон е строго забрането донесување одлуки кои имаат финансиски импликации врз општинскиот буџет. Морале и можеле оваа мерка да ја донесат на законски начин на почеток на училишната година и пред изборната кампања“, вели Ливриниќ.

За жал, додава таа, со ваквите потези, мерките што се носат денес нема да имаат реален ефект врз граѓаните, бидејќи постои сериозна можност да бидат оспорени од Државната изборна комисија (ДИК) и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Насевска: Ќе ја реконструираме киносалата во Злетово

Објавено пред

Од песните и ората преку театарот, ликовниот израз, модерниот балет, уметничкото творештво е пулсот на македонското битие. Свесни сме дека без вложување во културата и негување на традицијата ќе го изгубиме она што не прави препознатливи како народ, вели Марија Насевска, кандидат за советник во Советот на општина Пробиштип од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Затоа во програмата на идниот градоначалник, Тони Тоневски и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, планираме инвестиции во нови простори за културни активности.

Реконструкција на кино салата во Злетово, кино на отворено, културни фестивали кои ќе промовираат локални уметнци.

Културата расте таму каде што се сее, а ние ја сееме со љубов и визија“.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Трајанов: Да ги завршиме изборите во првиот круг

Објавено пред

Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, упати повик до членовите и симпатизерите на партијата, како и до сите граѓани, масовно да излезат во недела на 19 октомври и да гласаат за кандидатите за градоначалници и советници предложени од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Со тоа, како што вели, изборниот процес би се заокружил уште во првиот изборен круг.

dobivaj vesti na viber

„Ова не се избори само за локалната власт, туку и определба за тоа дали ќе градиме држава со сите елементи, во која ќе продолжиме со коренити и суштински реформи и на брза лента ќе се движиме кон ЕУ, дали ќе воспоставиме систем на владеење на правото, дали ќе ја искорениме корупцијата, дали ќе отвориме перспективи за младите во сите средини, а посебно во руралните и дали Македонија ќе биде информатичка сила.

Имаме идеја и визија за Македонија како модерна држава, но за тоа ни е потребна поддршка од граѓаните в недела на 19 октомври, се вели во повикот на лидерот на Демократскиот сојуз“, Павле Трајанов.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Андоновски: Македонија добива современ и сеопфатен план за дигитален развој

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска ја претстави новата Национална стратегија за информатичко-комуникациски технологии – „СМАРТ/МК 2030“, со што,...

Свет2 часа

Нема моќно оружје за Украина: Трамп ја менува приказната по разговорите со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ќе го угости украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, но има сè повеќе знаци...

Македонија2 часа

(Фото) Министерот за здравство се вакцинира против грип: Апелирам граѓаните навреме да се заштитат

Министерот за здравство Азир Алиу денеска го посети одделението за епидемиологија во Гостивар, каде и тој прими вакцина против сезонскиот...

Европа5 часа

(Видео) Русија: Нападнавме украински аеродром, каде што беа стационирани авиони на НАТО

Руските сили извршија напад врз воениот аеродром во Криви Рих, каде што наводно биле стационирани авиони на НАТО, објави руската...

Свет5 часа

Зеленски реагира на најавениот самит Трамп – Путин: тој денес пристигнува во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп денес е домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон за да разговараат за иднината на...

Европа5 часа

(Видео) Трамп: Го прашав Путин дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади „томахавки“ на Украинците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека за време на разговорот со рускиот претседател Владимир Путин ја споменал можноста Украина...

Регион5 часа

Пицула ја критикува ЕУ за пофалбите што ги дава на Србија: „Наместо тоа, барајте вистински реформи“

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, изјави дека претставниците на ЕУ треба да се воздржат од прекумерно фалење...

Свет6 часа

Дописник на Би-би-си: Заборавете на „томахавките“, состанокот Трамп – Путин е ладен туш за Украинците

Доналд Трамп повторно се обидува да ги комбинира дипломатијата и политиката на моќ – овој пат помеѓу Москва и Киев....

Македонија6 часа

Шукова: Време е за резултати, уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вчера одржа митинг во Бутел, каде пред жителите порача дека...

Свет17 часа

Трамп по телефонскиот разговор: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта

Американскиот претседател Доналд Трамп денес разговараше по телефон со рускиот претседател Владимир Путин, еден ден пред најавената средба со украинскиот...

Македонија20 часа

МВР со детали: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава

Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна....

Македонија24 часа

Очекувам победа во првиот круг, не за да добијам политичка круна, туку за да не се пролонгираат сегашната голгота и хаосот, рече Ѓорѓиевски

Кадидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, е убеден во победа, а вели дека искрено очекува тоа да...

Македонија1 ден

Поради сериозен дефект, МРТВ не емитува три дневника: се проверува дали е намерен упад во системот

Македонската радио-телевизија информира дека поради сериозен технички проблем, вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17,...

Македонија1 ден

Родителите на жртвите од „Пулс“: Привремено се прекинуваат блокадите, маршевите продолжуваат секоја сабота

Семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани информираа дека по добивањето на датумот за почеток...

Македонија1 ден

Прекин на испораката на гас за ЈСП, можни се отстапувања од возниот ред

ЈСП информира дека до утре ќе има прекин на испораката на гас и поради тоа е можно да има прекин...

Македонија1 ден

На 35 вакцинални пункта во државата денеска почна вакцинацијата против сезонскиот грип, досега пријавени 43.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, која се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ...

Македонија1 ден

Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, почнува на 19 ноември во судницата во...

Македонија1 ден

Сиљановска – Давкова очекува помош од ЕУ во пронаоѓањето креативно решение за деблокада на македонските интеграции

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова очекува помош од Унијата во пронаоѓањето на излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции....

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево, малтретирал и сексуално понижувал жени

Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево. Дехари е симбол за брутална злоупотреба на моќта, понижување на жените, и...

Свет1 ден

Трамп: Хамас копа во урнатините и бара тела на заложници, тоа е ужасен процес

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Хамас продолжува со напорите за враќање на телата на мртвите израелски заложници држени...